Телема

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Телемитите се обично позитивисти/оптимисти во поглед на прогресот на луѓето и системот што е сосема во ред, иако сакаат да си дадат себеси на значење со припадоста кон редот, но и тоа не е нешто лошо во крајна линија.
Ако споредиме со некои други, масовни видови припадност кои се популарни, испаѓа дека Редовите се сосема ок.

Како и да е, она што е важно е доброволната припадност која следи откако ќе се изоди патот кој никој на никого не може да му го покаже. После тоа е веќе лесно и поединецот знае со кои луѓе дели нешто заедничко и ја прифаќа таквата заедница, или дури и основа нова, ако ја нема.

But then...Последно време се случува некоја чудна ренесанса на национализмот, се надоврза на њу борн кришчанс манијата која започна во деведесетите кога златни крстови почнаа да висат по ланци и икони да се продаваат на секое ќоше. Балистичките згради без домет (џамии) се само кулминација... Балканот отсекогаш бил непријателско место за индивидуалната перцепција, машина за мелење на различност, конц логор за елиминација на посебност. А тоа ќе остане така и во наредните векови...
Тајните Редови се оние кои одсекогаш биле водилка на човештвото. Речиси сите значајни индивидуи кои допринеле со нешто на човештвото биле иницијанти. Писатели, филозофи, композитори, научници......мозокот на човештвото секогаш бил воден од иницијанти.
Исак Њутн, Виктор Иго, Амадеус Моцарт, Џорџ Вашингтон, Џек Парсонс......како и безброј други чии имиња се непознати, но со подеднаков придонес.

Што се однесува до национализмот, тој едноставно е прибежиште на безумните и кукавички души, кој неможноста да се пронајдат од индивидуален аспект ја бараат во припадност кон колектив. Еве еден текст од човекот кој некои толку се трудат да го оцрнат:
Сите напредни мислители, сите луѓе кои го сфаќаат божествениот план ја посакуваат и планираат солидарноста на човештвото; а патриотот, во ограничената и разбеснета смисла на тој збор, е предавник на вистинските интереси на човекот. Може некогаш да е потребно да се брани еден локален дел од човештвото од агресија; но дури и ова мора секогаш да се прави со ментална резервираност: “Нека биде оваа војна доилка на поцврст мир; нека води оваа расправија кон подобро разбирање; нека води оваа поделба кон повозвишено единство”.
“Најголеми човекови непријатели се неговите домашни”, и најлошите непријатели на секоја нација се нејзините ништожни патриоти. “Патриотизмот е последното прибежиште на кукавицата”.
Цитатов е извадок од есеј испачетан во весникот Интернационал, за време на втората светска војна. Есејот може да го прочитате тука: Човештвото пред Се
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Тајните Редови се оние кои одсекогаш биле водилка на човештвото. Речиси сите значајни индивидуи кои допринеле со нешто на човештвото биле иницијанти. Писатели, филозофи, композитори, научници......мозокот на човештвото секогаш бил воден од иницијанти.
Исак Њутн, Виктор Иго, Амадеус Моцарт, Џорџ Вашингтон, Џек Парсонс......како и безброј други чии имиња се непознати, но со подеднаков придонес.

Што се однесува до национализмот, тој едноставно е прибежиште на безумните и кукавички души, кој неможноста да се пронајдат од индивидуален аспект ја бараат во припадност кон колектив. Еве еден текст од човекот кој некои толку се трудат да го оцрнат:

Цитатов е извадок од есеј испачетан во весникот Интернационал, за време на втората светска војна. Есејот може да го прочитате тука: Човештвото пред Се


Можно е одреден дел од луѓето кои го унапредиле човештвото да членувале во редовите, малку е претерано да се тврди дека мозокот на човештвото бил воден од иницијанти, но во ред, сите си ја носиме водата на своја воденица, нели...:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Можно е одреден дел од луѓето кои го унапредиле човештвото да членувале во редовите, малку е претерано да се тврди дека мозокот на човештвото бил воден од иницијанти, но во ред, сите си ја носиме водата на своја воденица, нели...:)
Не е претерано :) Но во ред, не ми е намерата да се докажувам.
Поздрав.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не е претерано :) Но во ред, не ми е намерата да се докажувам.
Поздрав.


Не ни може да се докаже, можат да се набројат еден куп научници или иноватори кои допринеле за човештвото а кои не биле иницијанти/припадници на редови.
Туку тоа ме потсети на нешто друго, сепак е таа стара добра потреба за припадност. `Јас и Њутн, припадници на Икс ред`.:showoff Одеднаш, човек се чуствува некако позначајно.... мислам ок, ја разбирам позадината на модерните редови и интересот за зачленување кој веројатно е се поголем после појавата на нетот, барем е беневолентна ствар. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Не ни може да се докаже, можат да се набројат еден куп научници или иноватори кои допринеле за човештвото а кои не биле иницијанти/припадници на редови.
Туку тоа ме потсети на нешто друго, сепак е таа стара добра потреба за припадност. `Јас и Њутн, припадници на Икс ред`.:showoff Одеднаш, човек се чуствува некако позначајно.... мислам ок, ја разбирам позадината на модерните редови и интересот за зачленување кој веројатно е се поголем после појавата на нетот, барем е беневолентна ствар. :)
Ако почнеме со докажување, ќе ја одведеме темава во несакан правец, нема потреба од тоа. :)
Успехот е најдобриот доказ, така да оставиме на него, да не расправаме, да не се убедуваме, да не зборуваме премногу ;)

За да ја вратиме дискусијава онтопик, еден текст кој е порака за оние кои како што ти рече: "почуствувале потреба за припадност ", повелете:

LIBER LIBRAE SVB FIGVRA XXX

0. Учи прво – 0 ти кој тежнееш кон нашиот древен ред! – дека Урамнотеженоста е темел на делото. Ако ти самиот немаш сигурен темел, на што ќе стоиш, за да ги управуваш силите на природата?

1. Тогаш знај, бидејќи човекот е роден во овој свет среде Мракот на Материјата, и судирот на спротивните сили; така неговото прво настојување треба да биде да го бара Светлото низ нивното помирување.

2. Тогаш ти, кој имаш искушенија и тешкотии, радувај се поради нив, зашто во нив е Силата и преку нив е отворен патот кон тоа Светло.

3. Како инаку би било, о Човеку, ти чиј живот е само ден во Вечноста , капка во океанот на времето; како би можел ти, ако нема толку многу твои искушенија, да ја исчистиш својата душа од земјината рѓа? Но сега е тоа така, да Вишиот Живот е поврзан со опасности и тешкотии; ги немале ли и Мудреците и Хиерофантите на минатото? Тие биле прогонувани и понижувани, луѓето ги измачувале; сепак низ тоа нивната Слава растела, Затоа радувај се, о Инициран, бидејќи колку се поголеми твоите искушенија, поголема е твојата победа. Кога ќе те измачуваат и зборуваат лажно против тебе, зарем Мајсторот не рекол: “Ти си блажен”!

4. Сепак, о аспиранту, нека победите не ти носат Гордост, зашто со зголемувањето на Знаењето би требало да се зголеми и Мудроста. Оној што малку знае, мисли дека знае многу; но оној што знае многу свесен е за своето незнаење. Го гледаш ли оној кој мисли дека е мудар? Повеќе надеж има за будалата отколку за него.

5. Не брзај другите да ги осудуваш; како можеш да знаеш дека ти на нивното место би одолеал на искушението. И дури да е така, зошто би презирал некого кој е послаб од тебе?

6. Затоа ти што ги посакуваш Магиските Подароци, биди сигурен дека е твојата душа цврста и постојана; зошто ласкајќи им на твоите слабости, Слабиот ќе има моќ над тебе. Потчини се на твоето Себство, но не плаши се ни од човек ни од дух. Стравот е неуспех, и претходник на неуспехот: а храброста е почеток на доблеста.

7. Затоа, не плаши се од Духови, туку биди цврст и љубезен со нив; зошто немаш право да ги презираш или мачиш; и тоа исто така може да те заведе. Наредувај им и терај ги, заколнувај ги со Големите Имиња ако треба, но не им се потсмевај и не ги мачи, зошто, без сомнение, тоа ќе те одведе во грешка.

8. Човекот е тоа што сам од себе ќе направи во рамките одредени од неговата наследена судбина; тој е дел од човештвото; неговите дела не го допираат само она што тој го нарекува јас, туку и целиот Универзум.

9. Почитувај, и не го презирај физичкото тело кое е твоја времена врска со надворешниот и материјалниот свет. Затоа твојата ментална урамнотеженоста нека биде над вознемиреноста од материјалните потреби; зајакни ги и управувај со анималните страсти, скроти ги емоциите и разумот, негувај ги Вишите Тежнеења.

10. Прави им на другите добро поради самата добрина, не поради награда, ниту пак поради нивна благодарност или наклоност. Ако ти си великодушен нема да тежнееш кон изразите на благодарност.

11. Запамети дека неурамнотежената сила е зло; дека неурамнотежената милост е слабост, која би го дозволувала и поттикнувала Злото. Делувај страсно; мисли разумно; биди Свој.

12. Вистинскиот ритуал колку е акција толку е и збор; тој е Волја.

13. Запамети дека оваа земја е само атом во универзумот и дека и ти си атом на неа, па дури и да станеш Бог на земјава по која се влечеш и ползиш, па и тогаш би бил само еден атом, и тоа еден помеѓу многуте.

14. Сепак имај најголемо самопочитување и поради тоа не греши против себе.
Гревот кој е непростив е свесно и намерно отфрлање на вистината, страв од знаењето дека тоа знаење не би одговарало на твоите предрасуди.

15. За да ја постигнеш магиската моќ, учи да управуваш со мислите; дозволи ги само тие идеи што се во согласност со саканиот завршеток, а отфрли ги сите лутања и спротивните идеи.

16. Насочена мисла е средство на некоја цел. Затоа внимавај на моќта на тивката мисла и медитација. Материјалниот чин е само надворешен израз на твојата мисла, и затоа е кажано: “Будалестата мисла е грев”. Мислата е почеток на акција, и ако случајната мисла може да има многу резултати, што се не може да направи насочената мисла?

17. Затоа, како што е кажано, Застани цврсто во Рамнотежата на силите, во средиштето на Крстот на Елементите, Крстот од чие средиште е излезен творечкиот Збор во раѓањето на зората на Универзумот.

18. Затоа биди раздвижен и активен како Силфите, но одбегнувај ја лекоумноста и непостојаноста; биди огнен и цврст како Саламандерите, но одбегнувај ја раздразливоста и суровоста; биди прилагодлив и внимателен кон формата како
Ундините, но одбегнувај ја мрзливоста и променливоста; биди работен и вреден како Гномите, но одбегнувај ги грубоста и алчноста.

19. Така постапно ќе ја развиеш моќта на својата душа и ќе станеш соодветен за управување со Духовите на елементите. Зошто, ако ги повикаш Гномите да угодуваат на твојата алчност, ти повеќе нема да управуваш со нив, туку тие со тебе.
Дали би ги злоупотребил чистите суштества на шумите и планините за да ги наполниш торбите и да ја задоволиш својата глад за злато? Би ги понижил ли Духовите на Живиот Огин за да му служат на твојот бес и омраза? Би ги повредил ли чистите Водени Души за да и угодуваат на твојата расипана страст? Дали би ги силел Духовите на Ноќниот Ветрец да им служат на твојата лудост и ќеф? Знај дека со такви желби можеш да привлечеш само Слаб, а не Силен, и во тој случај Слабиот ќе има моќ врз тебе.

20. Во вистинската религија нема секти затоа пази да не го колнеш името под кое другите го знаат својот Бог; зошто ако го правиш тоа на Јупитер, ти ќе го колнеш י ה ו ה , а во Озирис י ה ש ו ה . Прашај и ќе имаш! Барај и ќе најдеш! Тропни и ќе ти се отвори!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Бреј шо ги направи телемитите, демек некоја мафија се, once in never out или како ЦИА once in the agency always in the agency... бенигна раја се, ништо опасно или скандалозно...
Туку друго ми привлече внимание, книгата од која си цитирал... е само уште една во наездата на chest beating nationalistic drivel кои доживуваат процут со подршка на власта во последнава деценија, нешто како Ниче Македон или Тодор Петров, оној Донски со подморниците, Да Винчи бил од Виничко некаде... и една госпоѓа филолог која тврди дека Атлантида=Македонија. Не велам да не ги читаш ама немој да ги земаш за сериозно...
Од книгата е постиран дел во кој се спомнува Алистер и шепотот кој го упатил на жената, момент како се постапува со оние кој сакаат да се напушти редот.Сето друго е избор на читателот дали ќе му се допадне или не.;)

Да. Иако не разбирам зошто и никогаш не си објаснил зошто си против Телемата, О.Т.О. , езотерија и слично. Заради твојата религија? МОра да сме христијани инаку сме грешни? Всушост, не ме интересира, тоа се твои причини. Ние сме тука да прозбориме за Телемата и Редот колку што можеме и колку ни е волја. Кој се чувствува грешен, негово право. :)
Никаде не се изјаснив дека сум христијан иако постојано настојуваш да ме вметнеш во некоја група.
Еве ќе повторам,не припаѓам на ниту една религија,група,организација,националност или било која поделба на човекот.

Што се однесува за Телема,уште на почеток кажав,дека е премногу силна,јака и истата не треба да се нуди на секого,уште помалку од неа да се прават блогови,теми на форуми или слични јавно достапни информации.
Ама како што гледам и самите сте се опиле и веќе не е битно на кого се нуди,битно сите да се опијанат и оргиите нема да бидат изоставени.(puke)



Текстот е дебилитет и идиотизам. Не знам како ти се читаат такви глупости!

И да, да повторам бидејќи слабо ме разбираш! Реков: не читајте што рекле за Кроули. Читајте што рекол Кроули и за езотерија и за магови и за магии и магика...
Дали се разбираме? Не знам како не ме разбираш.
Читате сешто и секакви размисли и философии за философијата која сакате да ја критикувате, а не сте седнале да ја проучите и да кажете: ок ова не е за мене. Чао. :)
Сакаш иницијација? Научи како до тоа. На форум бараш? Ме навредуваш со простачки постови и бараш да сакам да гарантирам за твојата личност како човек? Лудости (facepalm)
Најдебилен текст имам прочитано токму од тебе овде на форумот со што ги надмина сите книги со своите содржини.
Да те потсетам!:(
не сакам неуки и неспособни да имаат пристап до свети работи!
Ниту една светост не се рекламира и се нуди на секој агол како преку телема се има пристап до неа ,со тоа само си ја покажа твојата изопачена лудост, опијанет токму од тие текстови кој навидум даваат крила. И што е најтажно цврсто веруваш во тоа.
Доволно линкови постирав да се види како телема се употребува од различни групи кој ја имаат како своја основа.
Може да одрекуваш дека не сте такви,но тоа не ја менува основата која ви е заедничка.
Пристап до свети работи.(facepalm)

Омразата скапо се наплаќа. Те советувам да не бидеш злобен и полн со омраза. Мајмунот е следбеник на Тахути! Ама тоа го знаеш ;) НЕ скокај по работи кои не ги разбираш.

П.С. „Доволно злобен сум за да бидам инициран,нели Abraxas?“ - премногу злобен и идиотски сарказам за кој што немаше потреба да го напишеш, нели. Ако не ти се допаѓа Редот рековме не досадувај. Одмини. Бесцелно се заморуваш. Сакаш да сме христијани бре алф? Отвори тема, ќе дискутираме за тоа... Можеби сум похристијанин од тебе! Се си бидува.

За иницијација имаме пишувано како оди, што значи тоа итн. Треба да се разберат работите пред да се дрдори за истите.
Токму него му го упатив тоа прашање,бидејќи и самиот се двоумеше што гледа во моите постови.
така да во твојов случај, или се работи за злонамерност и провокација или за неспособност да се разбере една проста поента
Само му помогнав, да не биде неодлучен!:gjavol
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Никаде не се изјаснив дека сум христијан иако постојано настојуваш да ме вметнеш во некоја група.
Еве ќе повторам,не припаѓам на ниту една религија,група,организација,националност или било која поделба на човекот.

Што се однесува за Телема,уште на почеток кажав,дека е премногу силна,јака и истата не треба да се нуди на секого,уште помалку од неа да се прават блогови,теми на форуми или слични јавно достапни информации.
Ама како што гледам и самите сте се опиле и веќе не е битно на кого се нуди,битно сите да се опијанат и оргиите нема да бидат изоставени.(puke)
Ти упорно своите ставови и заклучоци ги пласираш како единствено точни, спориш за тематика која не ја познаваш, судиш, даваш квалификации и што уште не, а обвинуваш други како не треба својот став да го изнесуваат пред останатите?! Со кое право ти се дрзнуваш да носиш суд дека несмееме да зборуваме јавно за тоа што е телемата? Дека не требало да се пишува за неа на блогови или на форуми?
Телемата си има многу нивоа, од најниското она кое секој човек во секојдневните активности може да да го пронајде, па се до највисоко, до ниво кое е наменето за иницијантите. Кој каде ќе се пронајде е негово, наше е да го направиме законот достапен, ако ти имаш проблем со тоа, тогаш имаш проблем со себе си.
Ниту една светост не се рекламира и се нуди на секој агол како преку телема се има пристап до неа ,со тоа само си ја покажа твојата изопачена лудост, опијанет токму од тие текстови кој навидум даваат крила. И што е најтажно цврсто веруваш во тоа.
Доволно линкови постирав да се види како телема се употребува од различни групи кој ја имаат како своја основа.
Може да одрекуваш дека не сте такви,но тоа не ја менува основата која ви е заедничка.
Пристап до свети работи.(facepalm)
Форумот е место за дискусии не за реклами, јас ги разбирам твоите фрустрации, бидејќи како што реков и предходно таа е огледало, во неа го гледаш тоа што е во твојата потсвест. Можеби затоа ја доживуваш како закана, или можеби мислиш дека е нешто кое се навестува и треба допрва да се случи, па се чуствуваш повикан да го спречиш тоа. Затоа ќе ти го цитирам уште еднаш ова:
Обично оние што сметаат дека треба да не претстават како нешто опасно или перверзно, се луѓе кои мислат дека ние треба нешто допрва да направиме, не сваќаат дека законот на телема е насекаде околу нив. Тие го живеат тој закон, се повикуваат на него, се бунат кога некој ќе им го прекрши....
Само како илустрација ќе наведам неколку примери. Стариот еон е време кога жените немаат исти права со мажите, кога слободата на јавно изразување не е во основните човечки права, кога хомосексуалноста е казнива со закон, кога ропството сеуште е реалност....итн, итн.
Новиот еон - објавувањето на Законот се случува на 8, 9 и 10 април, 1904 година, во каиро. Само неколку години после ова, жените и официјално ги добиваат своите права, во годините и децениите што следат, се укинува казната за хомосексуалците, правото на јавно изразување и делување станува дел од основните човечки права. Со еден збор, индивидуалноста на поединецот станува се повеќе и повеќе драгоцена. Доволно е да го споредите Liber Oz со било кој демократски устав и сличностите ќе станат очигледни.
Далеку од тоа дека новиот еон го достигнал својот максимум, допрва ќе следат предизвици со кои човештвото ќе созрева се повеќе, но патот веќе е почнат, и инерцијата на новото време неможе да ја запрат духовите на старото време.
Токму него му го упатив тоа прашање,бидејќи и самиот се двоумеше што гледа во моите постови.

Само му помогнав, да не биде неодлучен!:gjavol
Наместо да им "помагаш" на другите што да одлучуваат, сврти се кон себеси и гледај таму што има за помагање, лудост е да нудиш помош на некој што не ти бара такво нешто.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Ти упорно своите ставови и заклучоци ги пласираш како единствено точни, спориш за тематика која не ја познаваш, судиш, даваш квалификации и што уште не, а обвинуваш други како не треба својот став да го изнесуваат пред останатите?! Со кое право ти се дрзнуваш да носиш суд дека несмееме да зборуваме јавно за тоа што е телемата? Дека не требало да се пишува за неа на блогови или на форуми?
Телемата си има многу нивоа, од најниското она кое секој човек во секојдневните активности може да да го пронајде, па се до највисоко, до ниво кое е наменето за иницијантите. Кој каде ќе се пронајде е негово, наше е да го направиме законот достапен, ако ти имаш проблем со тоа, тогаш имаш проблем со себе си.

Форумот е место за дискусии не за реклами, јас ги разбирам твоите фрустрации, бидејќи како што реков и предходно таа е огледало, во неа го гледаш тоа што е во твојата потсвест. Можеби затоа ја доживуваш како закана, или можеби мислиш дека е нешто кое се навестува и треба допрва да се случи, па се чуствуваш повикан да го спречиш тоа. Затоа ќе ти го цитирам уште еднаш ова:


Наместо да им "помагаш" на другите што да одлучуваат, сврти се кон себеси и гледај таму што има за помагање, лудост е да нудиш помош на некој што не ти бара такво нешто.
Затоа и твојот пријател настојува да ме вметне во некоја група,за да има нешто за да провоцира.
Зборуваме за телема,не заборавај,не за alf.Кој е, што и зошто ова го прави, не е темата.Темата е телема и држи се до нејзе.

Колку и да ги негирате ритуалите од други ваши браќа,факт е дека токму преку телема тие истото доживуваат,дали во симболика или не скриените како што вика твојот брат "пристап до свети работи" е токму преку сексот и силниот импулс кој од него излага.
Затоа на почетокот кажав дека ова е премногу силно да биде нудено јавно,во почетокот делува како слатко вино,но покасно неизбежно е опијанување,а во пијанството некој добиваат крила.:(

Редактирано од модератор: Забранети се навреди на лична основа!
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Кога тогаш, вистинското лице на таквите како требе секогаш излегува на виделина. :) Нели темата е телема а не алф или Станко или Јанко? Што свати ти од темата?
Ако ти се дискутира за сатанизам, имаш тема оди таму, ќе дискутираме не е проблем, што ја спамираш темава со твоите фрустрации?
Се расфрлаш со двојни стандарди. На пример еднаш изјавуваш вакво нешто:
Никаде не се изјаснив дека сум христијан иако постојано настојуваш да ме вметнеш во некоја група.
Еве ќе повторам,не припаѓам на ниту една религија,група,организација,националност или било која поделба на човекот.

Што се однесува за Телема,уште на почеток кажав,дека е премногу силна,јака и истата не треба да се нуди на секого,уште помалку од неа да се прават блогови,теми на форуми или слични јавно достапни информации
За потоа да те прочитам на друга тема како постираш библиски стихови:
Римјаните: 10:7 „Кој ќе слезе во бездната?” односно, да Го изведе Христа од мртвите!

Откровение:
17:8 Ѕверот, што го виде, беше и го нема, и ќе излезе од Бездната за да отиде во пропаст. И ќе се зачудат земните жители чие име не е запишано, од создавањето на светот, во Книгата на Животот, кога ќе видат дека ѕверот беше и го нема, иако тој е.
БИТИЕ - ПРВА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава 9

19 Тројцава беа Ноеви синови и од нив се насели целиот свет.
20 А Ное почна да ја обработува земјата и посади лозје.
21 Се напи вино и се испијани, па се разголи во својот шатор.
22 Хам, прататкото на Ханаанците, го виде разголениот татко и им го кажа тоа на своите двајца браќа надвор.
23 А Сим и Јафет зедоа наметка, па ја префрлија преку своите раменици и одејќи назадечки ја покрија со неа, татковата голота. Лицата им беа свртени на другата страна, така што не го видоа татка си гол.
24 Кога Ное се отрезни од виното и дозна што му направи најмладиот син,
25 рече: „Проклет да е Ханаан, и да им биде слуга на своите браќа!”
Нели ти не припаѓаш никаде? Нели постираше празни листови и книги? Ова што е?


P.S. Бидејќи темава е сепак телема!
Дали и како некој ќе најде оправдување да се дрогира, да трча гол или било што нема врска со телемата, бидејќи во неа е вградена "рамка" и се што е надвор од таа рамка нема врска со телемата.
Liber Al е текст во кој секој треба да го најде своето разбирање и став сам, без некој да му кажува што треба да најде, но исто така постојат и Liber Oz, Liber II, коментарите на законот и слично, каде јасно е дадено дознаење, дека ако нечија волја е во насока т.е со намера да наштети некому, тогаш тоа не е чиста, вистинска волја. Токму ова е рамката, која дефинира дали нешто е во согласност или не со телемата.

Редактирано од модератор: Постот содржи несоодветен јазик.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Кога тогаш, вистинското лице на таквите како требе секогаш излегува на виделина. :) Нели темата е телема а не алф или Станко или Јанко? Што свати ти од темата?
Што сватив?
Еве вака.
Како споредба,тоа што е порнографијата во телесно разбирање,тоа е телема за духовното.
И едното и другото се базираат на мајсторија и префинетост на сексуалното доживување,преку кое треба да се доживее спротивноста и со неа да се соедини,постојано повторувајќи ги ритуалите се здобива со одлично познавање на душата,како што една порно глумица или глумец имаат одличен сенс и познавање за телото,бидејќи постојано едно исто работат.
А преку познавање на душата можат да се направат многу несакани дејствија кон другите,бидејќи едно е телото и за маж и за жена,такава е и душата со таа разлика што тие се кажано со еден збор "невинви",па може да предизвика несакани дејствија како лудило или нивно "зачнување"преку збор како она со шепотот на Алистер.Тоа го можат само луѓе кој имаат одлично познавање на човековата душа,таа не е како телото кое го гледаме,но сепак познавајќи го сопственото тело имаме некоја престава за другите тела,така е и со душата.

Како што за деца не се такви содржини,така и телема не е за секоја човек бидејќи сите се деца во душа и истата треба да биде ограничена со пристап.Но за жал вие сега го откривте.:(
Ако ти се дискутира за сатанизам, имаш тема оди таму, ќе дискутираме не е проблем, што ја спамираш темава со твоите фрустрации?
Се расфрлаш со двојни стандарди. На пример еднаш изјавуваш вакво нешто:

За потоа да те прочитам на друга тема како постираш библиски стихови:

Нели ти не припаѓаш никаде? Нели постираше празни листови и книги? Ова што е?

P.S. Бидејќи темава е сепак телема!
Точно е дека не припаѓам нигде,но тоа што постирам грчка музика не значи дека сум грк,ниту дека постирам стихови божем со нив нешто нудам или што постирам во Тао не значи дека сум нивни следбеник.
Лоша ти е споредбата.(facepalm)

Сеуште сум празен и ништо не задржувам.
Дали и како некој ќе најде оправдување да се дрогира, да трча гол или било што нема врска со телемата, бидејќи во неа е вградена "рамка" и се што е надвор од таа рамка нема врска со телемата.
Liber Al е текст во кој секој треба да го најде своето разбирање и став сам, без некој да му кажува што треба да најде, но исто така постојат и Liber Oz, Liber II, коментарите на законот и слично, каде јасно е дадено дознаење, дека ако нечија волја е во насока т.е со намера да наштети некому, тогаш тоа не е чиста, вистинска волја. Токму ова е рамката, која дефинира дали нешто е во согласност или не со телемата.
Опојните дроги во мали дози се одличен афродизијак и е повеќе од потребен да се изведе еден ритуал, притоа губиќи се врската со реалноста,што би рекол ти гравитацијата,па сексуалната игра се доживува во поинакво светло.
Тоа го нуди телема,барем некој твој браќа и сестри така практивуваат,сега може се фокусирате повеќе на симболиката,но кога и да е, еден ден доживувањето ќе биде пресудно за прескокнување преку бездната.
А тоа не е тоа.:(