Телема

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Имаш книги - читај од таму - батали раскажувања и таблоиди. Од прва рака читај. Сакаш да знаеш за Кроули? Читај му ги делата а не кој што кажал за Кроули. Те интересира Телема и Магика: читај книги и работи, не читај раскажувања и кој што мисли за тоа!
БИдете бре оригинални море, не бидете овци.

П.П.С. alf ти си против О.Т.О. како таен иницијаторски Ред и философијата на Телемата?
Аууу Хептаграм,зарем такво мислење имаш за мене?
Не сум против,дури се мислам да станам инициран во редот,
само да најдам двајца што ќе гарантираат за мене,да не познаш некој?:)
Доволно злобен сум за да бидам инициран,нели Abraxas?
Само ме буни една работа,што ако после сакам да излезам,да не ме убие некој мајмун.:(

Докторот Мајкл Мак Лајамоар,чуениот ирски глумец,ми дал некое обавестување за тоа.
Неколку години пред Втората светска војна,неговата сестра почнала да се занимава со езотерија,така таа наскоро постанала
член на магијскиот ред викан "Argentium Astrum" то ест Сребрена Ѕвезда.На чело на тој ред се најдувал црн маг Алистер Кроули
порано посоветник на Златна Зора кого печатот го нарекувал "најопак човек на светот" .Бидејќи била во прилика да се запознае со некој тајни обреди на Редот,госпоѓицата МакЛајамоар сватила дека отишла предалеку и дека стварите и се измакнале од нејзина контрола.Ама членството на Редот можеле само да го напуштат со дозвола на Алистер Кроули.
Отишла е да го види "Мајсторот" како Кроули инсистирал да го викаат.
Кроули госпоѓицата МакЛајамоар ја прострелил со поглед "И така,ти сакаш нас да не напуштиш" претејќи неа и се обратил.
Потоа се нагнал,и ја ставил раката на рамото и нагласуввајќи го секој слог,додал "Чувај се од темнината,Чувај се од жештината,Чувај се на мајмун,Сега можеш да одиш"...Неговиот гест по се припаѓал на театрални кретњи ама,во склад со околностите,бил сосема адекватен.

Да го скратам текстот,жената била нападната од мајмун и угризана на истото рамо и заболелеа од менингитис.
Извадок од книгата Германците со Бригиско-Македонски традиции од д-р Ристо Ивановски стр.35-36
Во случајов се работи за друга секта под водтсво на Алистер,па си велам ај може сега не е така,а и тука во Македонија нема мајмуни.:zelen
Па од друга страна што ако научам да шептам така,а многу сум злобен тешко на тој што ми згреши.:gjavol
Ќе гарантирате вие двајца за мене,да бидам инициран во редот?:*
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net

Дали и колку си злобен и што значи според тебе да се биде злобен ти си знаеш, мене не ме интересира тоа, ниту критериум за иницирање е "злобност" едно е сигурно, твојот сарказам и подбив не се замена за аргументираност во темава.
Што се однесува до приказнава, не сум запознат со конкретнава случка, но можам да кажам дека иницирањето во секој степен е проследено со заклетва и прекршувањето на таа заклетва значи и повлекување на кармичка реакција, некој може да ја интерпретираат како клетва, други како судбина....сеедно. Поентата е дека Редот не е бутик, неможеш да влезеш да разгледуваш и да одиш и раскажуваш потоа. Никој не тера никого со сила да биде иницијант, но како и секаде и во овој случај постојат и права но и обврски.
Во краен случај, доколку иницијантот свати дека несака повеќе да има било што со Редот, може да се повлече - да се дистанцира од активностите, единствено за што ќе биде обврзан е да го чува за себе тоа што му било доверено.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Дали и колку си злобен и што значи според тебе да се биде злобен ти си знаеш, мене не ме интересира тоа, ниту критериум за иницирање е "злобност" едно е сигурно, твојот сарказам и подбив не се замена за аргументираност во темава.
Ова значи дека нема да гарантираш за мене да бидам инициран во редот?:(
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Докторот Мајкл Мак Лајамоар,чуениот ирски глумец,ми дал некое обавестување за тоа.
Неколку години пред Втората светска војна,неговата сестра почнала да се занимава со езотерија,така таа наскоро постанала
член на магијскиот ред викан "Argentium Astrum" то ест Сребрена Ѕвезда.На чело на тој ред се најдувал црн маг Алистер Кроули
порано посоветник на Златна Зора кого печатот го нарекувал "најопак човек на светот"
Да го прокоментирам малку и овој дел, т.е да дадеме дефиниции за поимите кои се користат тука како во случајов - "Црн маг", нешто кое Кроули енергично го демантирал за себе.

“Црниот Брат” не е исто што и “црн магичар”. “Црн Брат” се станува заради страв од прескокнување на бездната, додека “црни магичари” обично се психички неурамнотежени личности, кои многу лесно се препознаваат. “Црниот Брат” има делумно право знаење, кое го користи како би создал впечаток за значењето на неговата личност без поседување на вистински авторитет, и кој го користи тоа свое знаење за манипулација на своите заведени приврзаници, кои му веруваат зошто наизглед работи “за нивно добро”, спрема нив “црните магичари” се прави лаици. “Црните магичари” видно без прикривање работат само за своја лична (главно материјална) корист. Интересно е што “црните магичари” и “Црните Браќа” постојано се обидуваат да изнајдат рационален (разумски- Руах) премин преку бездната што е невозможно), па подоцна стануваат отфрлени далеку во Сферата на Елементите (Малкут) или дури клифотите.

Целиот текст го имате тука: Магика vs Магија
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Аууу Хептаграм,зарем такво мислење имаш за мене?
Не сум против,дури се мислам да станам инициран во редот,
само да најдам двајца што ќе гарантираат за мене,да не познаш некој?:)
Доволно злобен сум за да бидам инициран,нели Abraxas?
Само ме буни една работа,што ако после сакам да излезам,да не ме убие некој мајмун.:(

Докторот Мајкл Мак Лајамоар,чуениот ирски глумец,ми дал некое обавестување за тоа.
Неколку години пред Втората светска војна,неговата сестра почнала да се занимава со езотерија,така таа наскоро постанала
член на магијскиот ред викан "Argentium Astrum" то ест Сребрена Ѕвезда.На чело на тој ред се најдувал црн маг Алистер Кроули
порано посоветник на Златна Зора кого печатот го нарекувал "најопак човек на светот" .Бидејќи била во прилика да се запознае со некој тајни обреди на Редот,госпоѓицата МакЛајамоар сватила дека отишла предалеку и дека стварите и се измакнале од нејзина контрола.Ама членството на Редот можеле само да го напуштат со дозвола на Алистер Кроули.
Отишла е да го види "Мајсторот" како Кроули инсистирал да го викаат.
Кроули госпоѓицата МакЛајамоар ја прострелил со поглед "И така,ти сакаш нас да не напуштиш" претејќи неа и се обратил.
Потоа се нагнал,и ја ставил раката на рамото и нагласуввајќи го секој слог,додал "Чувај се од темнината,Чувај се од жештината,Чувај се на мајмун,Сега можеш да одиш"...Неговиот гест по се припаѓал на театрални кретњи ама,во склад со околностите,бил сосема адекватен.

Да го скратам текстот,жената била нападната од мајмун и угризана на истото рамо и заболелеа од менингитис.
Извадок од книгата Германците со Бригиско-Македонски традиции од д-р Ристо Ивановски стр.35-36
Во случајов се работи за друга секта под водтсво на Алистер,па си велам ај може сега не е така,а и тука во Македонија нема мајмуни.:zelen
Па од друга страна што ако научам да шептам така,а многу сум злобен тешко на тој што ми згреши.:gjavol
Ќе гарантирате вие двајца за мене,да бидам инициран во редот?:*

Бреј шо ги направи телемитите, демек некоја мафија се, once in never out или како ЦИА once in the agency always in the agency... бенигна раја се, ништо опасно или скандалозно...
Туку друго ми привлече внимание, книгата од која си цитирал... е само уште една во наездата на chest beating nationalistic drivel кои доживуваат процут со подршка на власта во последнава деценија, нешто како Ниче Македон или Тодор Петров, оној Донски со подморниците, Да Винчи бил од Виничко некаде... и една госпоѓа филолог која тврди дека Атлантида=Македонија. Не велам да не ги читаш ама немој да ги земаш за сериозно...
 
Лабилниот ум секогаш е лесна мета за да се фасцинира или заплаши. А на оние кои живеат од нечие внимание, токму такви лабилни умови им се таргет група.
Обично оние што сметаат дека треба да не претстават како нешто опасно или перверзно, се луѓе кои мислат дека ние треба нешто допрва да направиме, не сваќаат дека законот на телема е насекаде околу нив. Тие го живеат тој закон, се повикуваат на него, се бунат кога некој ќе им го прекрши....
Само како илустрација ќе наведам неколку примери. Стариот еон е време кога жените немаат исти права со мажите, кога слободата на јавно изразување не е во основните човечки права, кога хомосексуалноста е казнива со закон, кога ропството сеуште е реалност....итн, итн.
Новиот еон - објавувањето на Законот се случува на 8, 9 и 10 април, 1904 година, во каиро. Само неколку години после ова, жените и официјално ги добиваат своите права, во годините и децениите што следат, се укинува казната за хомосексуалците, правото на јавно изразување и делување станува дел од основните човечки права. Со еден збор, индивидуалноста на поединецот станува се повеќе и повеќе драгоцена. Доволно е да го споредите Liber Oz со било кој демократски устав и сличностите ќе станат очигледни.
Далеку од тоа дека новиот еон го достигнал својот максимум, допрва ќе следат предизвици со кои човештвото ќе созрева се повеќе, но патот веќе е почнат, и инерцијата на новото време неможе да ја запрат духовите на старото време.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Аууу Хептаграм,зарем такво мислење имаш за мене?

Да. Иако не разбирам зошто и никогаш не си објаснил зошто си против Телемата, О.Т.О. , езотерија и слично. Заради твојата религија? МОра да сме христијани инаку сме грешни? Всушост, не ме интересира, тоа се твои причини. Ние сме тука да прозбориме за Телемата и Редот колку што можеме и колку ни е волја. Кој се чувствува грешен, негово право. :)

И да, да повторам бидејќи слабо ме разбираш! Реков: не читајте што рекле за Кроули. Читајте што рекол Кроули и за езотерија и за магови и за магии и магика...
Дали се разбираме? Не знам како не ме разбираш.
Читате сешто и секакви размисли и философии за философијата која сакате да ја критикувате, а не сте седнале да ја проучите и да кажете: ок ова не е за мене. Чао. :)
Сакаш иницијација? Научи како до тоа. На форум бараш?

Омразата скапо се наплаќа. Те советувам да не бидеш злобен и полн со омраза.

П.С. „Доволно злобен сум за да бидам инициран,нели Abraxas?“ - премногу злобен и идиотски сарказам за кој што немаше потреба да го напишеш, нели. Ако не ти се допаѓа Редот рековме не досадувај. Одмини. Бесцелно се заморуваш. Сакаш да сме христијани бре алф? Отвори тема, ќе дискутираме за тоа... Можеби сум похристијанин од тебе! Се си бидува.

За иницијација имаме пишувано како оди, што значи тоа итн. Треба да се разберат работите пред да се дрдори за истите.

Редактирано од модератор: Постот содржи несоодветен јазик.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Лабилниот ум секогаш е лесна мета за да се фасцинира или заплаши. А на оние кои живеат од нечие внимание, токму такви лабилни умови им се таргет група.
Обично оние што сметаат дека треба да не претстават како нешто опасно или перверзно, се луѓе кои мислат дека ние треба нешто допрва да направиме, не сваќаат дека законот на телема е насекаде околу нив. Тие го живеат тој закон, се повикуваат на него, се бунат кога некој ќе им го прекрши....
Само како илустрација ќе наведам неколку примери. Стариот еон е време кога жените немаат исти права со мажите, кога слободата на јавно изразување не е во основните човечки права, кога хомосексуалноста е казнива со закон, кога ропството сеуште е реалност....итн, итн.
Новиот еон - објавувањето на Законот се случува на 8, 9 и 10 април, 1904 година, во каиро. Само неколку години после ова, жените и официјално ги добиваат своите права, во годините и децениите што следат, се укинува казната за хомосексуалците, правото на јавно изразување и делување станува дел од основните човечки права. Со еден збор, индивидуалноста на поединецот станува се повеќе и повеќе драгоцена. Доволно е да го споредите Liber Oz со било кој демократски устав и сличностите ќе станат очигледни.
Далеку од тоа дека новиот еон го достигнал својот максимум, допрва ќе следат предизвици со кои човештвото ќе созрева се повеќе, но патот веќе е почнат, и инерцијата на новото време неможе да ја запрат духовите на старото време.

Телемитите се обично позитивисти/оптимисти во поглед на прогресот на луѓето и системот што е сосема во ред, иако сакаат да си дадат себеси на значење со припадоста кон редот, но и тоа не е нешто лошо во крајна линија.
Ако споредиме со некои други, масовни видови припадност кои се популарни, испаѓа дека Редовите се сосема ок.

Како и да е, она што е важно е доброволната припадност која следи откако ќе се изоди патот кој никој на никого не може да му го покаже. После тоа е веќе лесно и поединецот знае со кои луѓе дели нешто заедничко и ја прифаќа таквата заедница, или дури и основа нова, ако ја нема.

But then...Последно време се случува некоја чудна ренесанса на национализмот, се надоврза на њу борн кришчанс манијата која започна во деведесетите кога златни крстови почнаа да висат по ланци и икони да се продаваат на секое ќоше. Балистичките згради без домет (џамии) се само кулминација... Балканот отсекогаш бил непријателско место за индивидуалната перцепција, машина за мелење на различност, конц логор за елиминација на посебност. А тоа ќе остане така и во наредните векови...

Meh...текстот на овој Ристо не само што е дебилен, туку е само капка во морето на такви творби кои никнуваат од разни `македонски конгреси`, `обединети дијаспори` и слични дувла. Дури и на државната телевизија им се дава простор, им се снимаат емисии им се плаќаат хонорари...