Телема

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Ритуалите си имаат своја намена и симболична и практична на патот на осознавањето на еден иницијант. Незнам веќе колку пати беше напоменато дека телемата не одредува никому што треба а што не треба да биде нечија чиста - вистинска волја, така да во твојов случај, или се работи за злонамерност и провокација или за неспособност да се разбере една проста поента - Ако некој ги работи тие ритуали, значи дека тие функционираат за него и значи дека тој самиот одлучил да ги работи.
Со еден збор,се согласувате со вашоте браќа тоа што го прават во своите ритуали,бидејќи телемата како концепт на себе осознавање истото е прифатливо.
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Со еден збор,се согласувате со вашоте браќа тоа што го прават во своите ритуали,бидејќи телемата како концепт на себе осознавање истото е прифатливо.
Индивидуалните активности не се исто што и ритуалите за кои зборуваме тука. Ритуалот е пред се симболика, метод, пракса, наменета за иницијантите и оние кои решиле и практично да ја применат телемата а не само философски. За да почнеш да практикуваш ритуал, треба да си упатен во симболиката на истиот. Ритуалите не се за оние кои немаат намера да се посветат потемелно на овој правец. За широката популација, суштината на телемата е објаснета во Liber Oz - правата на човекот и во останатата телемитска литература.

Ако некој реши да игра гол на ливада со група истомисленици, секако дека никој од нас нема да го спречи во тоа, но тоа е негово лично право и одлука, а не не официјална - востановена пракса која би можела да се поврзе со телемата.
Ти изгледа не ме читаш што пишувам, или ме читаш ама не ме разбираш. Повели прочитај го ова уште еднаш:
“The Niyama of Thelema is to mind your own business...

The Niyama of Thelema is not a limp, passive, ‘grin and bear it’ quality. On the contrary: It takes an active, almost virile quality to say to every individual, ‘I don’t know what your Will is, I don’t know what your ‘good’ or ‘bad’ are, I don’t even know how your Will may interact with and effect mine, but I grant you the absolute right to do your Will and I claim the equally absolute right to do my Will.’

This is far from a passive ‘letting things happen’; the Niyama of Thelema is an active affirmation, an enthusiastic encouragement, a joyous battle-cry for each and every man and woman to discover their real needs, to fulfill them, and to rejoice therein.

To believe otherwise is the essence of tyranny; to act otherwise is the essence of oppression.”
IAO131

11principles_small.png
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Индивидуалните активности не се исто што и ритуалите за кои зборуваме тука. Ритуалот е пред се симболика, метод, пракса, наменета за иницијантите и оние кои решиле и практично да ја применат телемата а не само философски. За да почнеш да практикуваш ритуал, треба да си упатен во симболиката на истиот. Ритуалите не се за оние кои немаат намера да се посветат потемелно на овој правец. За широката популација, суштината на телемата е објаснета во Liber Oz - правата на човекот и во останатата телемитска литература.

Ако некој реши да игра гол на ливада со група истомисленици, секако дека никој од нас нема да го спречи во тоа, но тоа е негово лично право и одлука, а не не официјална - востановена пракса која би можела да се поврзе со телемата.
Ти изгледа не ме читаш што пишувам, или ме читаш ама не ме разбираш. Повели прочитај го ова уште еднаш:
Те читам добро,ама изгледа ти си во филм дека ти си телема.
Значи заклучокот беше дека...
Со еден збор,се согласувате со вашоте браќа тоа што го прават во своите ритуали,бидејќи телемата како концепт на себе осознавање истото е прифатливо.
Овде не станува збор само за трчкање по трева,туку и користење дроги,сексуални игри,оргии,..,итн.

seksualna_magija.jpg
Сексуална магија е термин за различни видови сексуални активности кои се користат во магиски или друг вид религиозни и духовни цели. Основната премиса на сексуалната магија е концептот дека сексуалната енергија или либидото на човечкиот организам е најпотентната негова сила, а контролата на секоја етапа од сексуалната активност нуди посебно доживување на трансцендентноста на обичната реалност.

Двете основни примени на сексуалната магија го користат оргазмот. Некои школи ја користат силата која се ослободува при оргазам. Еден пример на ваков тип на сексуална магија е големиот обред на Вика, ритуал кој вклучува симболичен или вистински секс. Овој спој на Високата свештеничка и Високиот свештеник го претставува спојот помеѓу божицата Девица и богот Љубовник.

Карл Келнер
Карл Келнер, основачот на O.T.O., тврдел дека научил техники на сексуална магија од тројца мајстори на оваа уметност. Почнувајќи од 1904 година, Келнер и О.Т.О. почнале да се појавуваат во германскиот масонски весник „Орифлејм“ (Oriflamme), а изданието од 1912 година пишува:
“ Нашиот ред го има клучот кој ги отвора сите масонски и херметички тајни, имено тоа е учењето за сексуалната магија, а тоа учење без исклучоци ги објаснува сите тајни на масонеријата и на сите системи на религии."

Алистер Кроули
“Човештвото мора да сфати дека сексуалниот инстинкт по својата вистинска природа е благороден. Злото со кое се соочуваме потекнува од неговото потиснување. Мислењето дека сексот е грев предизвикува низок внатрешен конфликт, кој создава искривен поглед на светот, неврози, и експлозивно однесување...”

“Книгата на законот комплетно го решава сексуалниот проблем. Секој човек има апсолутно право да го задоволи својот сексуален инстинкт. Никој не јаде како животно, туку јаде за да ги задоволи своите основни потреби. Истото важи и за сексот.”

Извор.

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон.;)

Ако ти е волја биди во филмот дека ти си телема.(facepalm)

Ото - нова холивудска секта

Од оваа жолта штампа,човек да не може да прави што му е волја,брееееее.:banghead

Здравје, за идните иницијанти начини да надминат.
И моменталните иницијанти да го надминат зборот - секташ.:gjavol
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Те читам добро,ама изгледа ти си во филм дека ти си телема.
Значи заклучокот беше дека...
Јас не сум во никаков филм, многу убаво ти објаснив дека телемата е систем кој се базира на едно основно правило - Живеј како ти е волја и не им го попречувај истото на другите. Тоа што ти со сите сили се обидуваш да претставиш слика на перверзност, опасност и што уште не кога е во прашање темава, само го потврдува фактот за твојата злонамерност и подлост и зборува за твојот карактер како човек воопшто.
Тврдењата дека телемата поттикнувала користење дрога, оргии и слично е обична дрска лага! Веќе реков, овој систем е огледало, тоа што го носиш во себе, тоа ќе го видиш како порака, дозвола или наредба што да правиш. Токму затоа и е напоменато уште во воведниот пост на оваа тема:
Се е Дозволено, нема Грев! Но има последица!
Што и беше целта според мене на телемата.
Но, внимавајте. Законот не ве ослободува од последицата. Погледнете ја Liber Oz во која се дадени правата на Човекот!

Што се однесува до ритуалите, сексуалната симболика и слично, исто така бев и повеќе од јасен, но ти не си тука за да ти објасни некој нешто, тука си од причини познати само на тебе. Ќе се цитирам повторно:
Индивидуалните активности не се исто што и ритуалите за кои зборуваме тука. Ритуалот е пред се симболика, метод, пракса, наменета за иницијантите и оние кои решиле и практично да ја применат телемата а не само философски. За да почнеш да практикуваш ритуал, треба да си упатен во симболиката на истиот. Ритуалите не се за оние кои немаат намера да се посветат потемелно на овој правец. За широката популација, суштината на телемата е објаснета во Liber Oz - правата на човекот и во останатата телемитска литература.

Ако некој реши да игра гол на ливада со група истомисленици, секако дека никој од нас нема да го спречи во тоа, но тоа е негово лично право и одлука, а не не официјална - востановена пракса која би можела да се поврзе со телемата.
Неможе никој да биде принуден да живее на начин кој е спротивен на неговата волја, никој нема право да ти наложи да правиш било што. Токму и затоа во процесот на иницијација, постојат механизми со кои кандидатите кои не ја сватиле таа поента неможе да бидат примени. Потребата од спонзорство или гаранција од двајца членови е со таа цел, да проценат дали кандидатот има намери кои не се во согласност со овие принципи.
Но сето ова нема никаква врска со телемата како начин на живот за луѓето кои не ги интересираат иницијации, Редови, ритуали и слично. Телемата за останатите луѓе е едноставно и практично правило, кое е сумирано во Liber Oz и во принципите на телемитите кои ги постирав погоре. Живеј како ти е волја, и не им го попречувај истото на останатите, при тоа биди свесен за своите постапки и последиците од истите.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Жолта штампа е таа што со сите сили настојува да го оцрни вашиот ред.

Сектата Ordo Templi Orijentis (OTO) чии членови прават оригии по гробиштата , конзумираат халуцигени опијати и се поклонуваат на Сатаната веќе јавно 20 години постои во Р.Србија , но својата популарност ја доби во јавноста благодарение на америчките Музички звезди Ријана и Джеј Зи , кои според тврдејнето на одредени медиуми се членови на оваа секта. ОТО сектата преставува типично сатанистичка група , макар да некои ја нарекуваат „Магиски Култ“.Во ОТО сектата се наоѓаат многу лица од шоу бизнисот, политичари.како и лица кои се премногу желни за материјална моќ.Во прашајне сепак е една од најопасните и најперфидни сатанистички групи , кој имаат регрутирани кампови низ цела Србија , а полека се шират и низ целиот Балкан , ритуалите ги прават воглавно на гробишта ,а се работи за оргии и други блудни дејствија , но загрижува фактот што се повеќе во нивните редови регрутираат млади лица . Челните лица на оваа секта се богати лица , како и видни политичари.ОТО сектата постанала како ориентални ред на Темпларите кон крајот на 19 век, а како најпознат нивни поглавар се смета дека бил Алистер Кроулл.

Извор!
 
Жолтата штампа не ја интересира вистината, туку сензационалноста на нивните написи и наслови. Да сметаш за аргумент ваква трагикомична глупост е патетично.
Најголемите глупости што воопшто некогаш сум ги слушнал биле од вакви таблоиди. Тврдења дека кралицата Елизабета е рептил кој си ја менува формата, дека месечината е вселенски брод во чија шуплина се вонземјани кои го контролираат човештвото, тврдења дека штедливите сијалици се уреди за контрола на умот.....и што уште не.
Навистина немам намера да се занимавам со нечии фрустрации и дебилни обвинувања од овој тип.
 
:rofl
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Ах сеуште млатење празна слама. Како бре така не ги фатиле до сега на гробишта како имаат оргии и земаат опијати, мамицу им јаречу (sun)
Види види... Челните лица све аристократија. Бре, блудни дејствија и оргии и тоа на христијански гробишта, бидејќи овие сатанисти :)
ОФ лелеееј :)
Abraxas не се заморувај... за година дена истиот текст пак ќе биде ре-публикуван по трет пат... секоја година едно та исто.

И политичари имало... не сум знаел тоа :)
Види ги ти Србите... ќе треба поеќе да работиме, пола парламент Телемити да бидат, а не демо-христијани! :)
Мислам дека има и такви желни за материјална моќ и тоа им е нивната Волја, а ние како Телемити не им се мешаме во тоа. ;)

П.С. О.Т.О. е таен иницијаторски Ред. Новинарот треба да истражува не да чита по форуми за да напише текст. Кретеноиди насекаде. Што не викнал некој Телемит и да направи интервју? Можеби ќе се сложел некој да биде испрашан од идиотов-новинар :) Ама ги знаеме ние новинарите - слабо оригиналност. Плата добиваат по тоа колку пати му е прочитан текстот на нет! Ненормална работа... |-(
Имаш книги - читај од таму - батали раскажувања и таблоиди. Од прва рака читај. Сакаш да знаеш за Кроули? Читај му ги делата а не кој што кажал за Кроули. Те интересира Телема и Магика: читај книги и работи, не читај раскажувања и кој што мисли за тоа!
БИдете бре оригинални море, не бидете овци.

П.П.С. alf ти си против О.Т.О. како таен иницијаторски Ред и философијата на Телемата?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas