Индивидуалните активности не се исто што и ритуалите за кои зборуваме тука. Ритуалот е пред се симболика, метод, пракса, наменета за иницијантите и оние кои решиле и практично да ја применат телемата а не само философски. За да почнеш да практикуваш ритуал, треба да си упатен во симболиката на истиот. Ритуалите не се за оние кои немаат намера да се посветат потемелно на овој правец. За широката популација, суштината на телемата е објаснета во Liber Oz - правата на човекот и во останатата телемитска литература.
Ако некој реши да игра гол на ливада со група истомисленици, секако дека никој од нас нема да го спречи во тоа, но тоа е негово лично право и одлука, а не не официјална - востановена пракса која би можела да се поврзе со телемата.
Ти изгледа не ме читаш што пишувам, или ме читаш ама не ме разбираш. Повели прочитај го ова уште еднаш:
Те читам добро,ама изгледа ти си во филм дека ти си телема.
Значи заклучокот беше дека...
Со еден збор,се согласувате со вашоте браќа тоа што го прават во своите ритуали,бидејќи телемата како концепт на себе осознавање истото е прифатливо.
Овде не станува збор само за трчкање по трева,туку и користење дроги,сексуални игри,оргии,..,итн.
Сексуална магија е термин за различни видови сексуални активности кои се користат во магиски или друг вид религиозни и духовни цели. Основната премиса на сексуалната магија е концептот дека сексуалната енергија или либидото на човечкиот организам е најпотентната негова сила, а контролата на секоја етапа од сексуалната активност нуди посебно доживување на трансцендентноста на обичната реалност.
Двете основни примени на сексуалната магија го користат оргазмот. Некои школи ја користат силата која се ослободува при оргазам. Еден пример на ваков тип на сексуална магија е големиот обред на Вика, ритуал кој вклучува симболичен или вистински секс. Овој спој на Високата свештеничка и Високиот свештеник го претставува спојот помеѓу божицата Девица и богот Љубовник.
Карл Келнер
Карл Келнер, основачот на O.T.O., тврдел дека научил техники на сексуална магија од тројца мајстори на оваа уметност. Почнувајќи од 1904 година, Келнер и О.Т.О. почнале да се појавуваат во германскиот масонски весник „Орифлејм“ (Oriflamme), а изданието од 1912 година пишува:
“ Нашиот ред го има клучот кој ги отвора сите масонски и херметички тајни, имено тоа е учењето за сексуалната магија, а тоа учење без исклучоци ги објаснува сите тајни на масонеријата и на сите системи на религии."
Алистер Кроули
“Човештвото мора да сфати дека сексуалниот инстинкт по својата вистинска природа е благороден. Злото со кое се соочуваме потекнува од неговото потиснување. Мислењето дека сексот е грев предизвикува низок внатрешен конфликт, кој создава искривен поглед на светот, неврози, и експлозивно однесување...”
“Книгата на законот комплетно го решава сексуалниот проблем. Секој човек има апсолутно право да го задоволи својот сексуален инстинкт. Никој не јаде како животно, туку јаде за да ги задоволи своите основни потреби. Истото важи и за сексот.”
Извор.
Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон.
Ако ти е волја биди во филмот дека ти си телема.
Ото - нова холивудска секта
Од оваа жолта штампа,човек да не може да прави што му е волја,брееееее.
Здравје, за идните иницијанти начини да надминат.
И моменталните иницијанти да го надминат зборот - секташ.