Религијата е вистинска или не?

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Верувањето е врзано со незнаење. Аман :) Јас сум исклучот во однос на вас верниците, религиозните кои веруваат, вие кои ги сакате религиите но ги мешате со секакви секташки размисли, во обид лагата да ја направите некаква си вистина. Религиите кои зборуваат за апсолутна вистина се лага. Не може да имаш поеќе религии кои за себе велат дека се апсолутни вистини, кога зборуваат различно и имаат различни закони во однос на човекот, кои што не го разбираат баш најдобро. Бидејќи за разбирање треба знаење, а не вера!


Сакаш да си верник? Ок биди... но не ги буткајте сите таму, во верувањето...

Реков ок е што си романтичар - „јас“, Јас... умирање и смрт и слично... Вие бегате од смртта како куче од стап! Затоа и чекате спасител според верата ваша да ве спаси од смртта. Затоа вие (вашите еврејски претци) ги замачкаа портите со туѓа крв за да анѓелот на смртта да ги одмине! Лошо ви ги предаваат симболите во кои ти ми велиш дека даваат вистина! Не ме убедувај во твојата лага... самиот рече: нема да ти го одземам правото да веруваш во религиите, штом велиш дека се надминуваат истите.

Секому му е дадено истото. Не мора да се умислува човек само да почне од верување да преминува во знаење! Религиите на лавовите - да ги раскинат и направат партали :)
И реков немој со тажни фаци, тоа дома пред твоите се лигави и биди тажен за твоите со кои живееш. Ние немаме ништо со тажните, ако ЗНАЕШ :) Не биди гнасен и беден во своите обиди на лажни искази во однос на мене. Немој.

Scire! Velle! Audere! Tacere! Така нема да ти биде „жално“ за другите и нема да се заморуваш со другите, ами со себе! Доста со другите! :)

„Ние не сме за бедните и тажните: господарите на земјата се нашите роднини.
Зар Бог да живее во пес? Не, но највисоките се од нас. Тие ќе се радуваат, нашите избрани: кој тагува не е од нас.“ - Книга на Законот

П.С. Не биди тажен. Од секогаш неспособните, кукавиците, предавници, лажни мудреци немале пристап до Светилиштето. Ниту пак ќе имаат некогаш пристап! Тие секако се мртви и не чувствуваат. Човештвото пред се, потоа другото! Не сум јас крив за тоа. ОД секогаш е така. Барај таму кај тебе за кај си, и не се грижи за другите. Знаење или Верување ја задоволува твојата суштина? Немаш моќ за да смениш некој друг. Не се заморувај залудно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91


Верувањето е врзано со незнаење. Аман :) Јас сум исклучот во однос на вас верниците, религиозните кои веруваат, вие кои ги сакате религиите но ги мешате со секакви секташки размисли, во обид лагата да ја направите некаква си вистина. Религиите кои зборуваат за апсолутна вистина се лага. Не може да имаш поеќе религии кои за себе велат дека се апсолутни вистини, кога зборуваат различно и имаат различни закони во однос на човекот, кои што не го разбираат баш најдобро. Бидејќи за разбирање треба знаење, а не вера!

Пусто Его ,во колку голема заблуда на некое знаење успева да придобие човечки души држејќи ги во затворот наречен ум.:(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Пусто Его ,во колку голема заблуда на некое знаење успева да придобие човечки души држејќи ги во затворот наречен ум.:(
Дали православното христијанство нуди вистина за човекот?
Дали католицизмот нуди вистина?
Каде се разминуваат овие навидум две исти религии кои нудат „вистина“?
Што вистина нуди исламот за човекот?
Вера? Надеж? Љубов? Секој секташ денес произлезен од овие религии го дрдори истото!
Треба да се плукне во лице на незаситните религии денес! Што и се прави денес... успеавме кастрирани духовници да немаат моќ. Религиите својата вистина да ја нудат онака, романтичарски, малку изменето за да некако се вклопи со природата на човекот.

ТИ велиш дека религиите се вистина и нудат вистина? :^)
Сакаш да ми кажеш дека вистина е дека после Исус, Мухамед е лажен пророк?
Сакаш да ми кажеш дека Исус е само пратеник, никако бог, според исламот?
Сакаш да ми кажеш дека источните пракси на јогата се сатанизам како што велат православните теолози?
Религиите се обични корпорации кои тргуваат со луѓе и пари! Божественото одамна го нема кај нив ниту пак знаењето од минатото! Слепиот бара вера бидејќи не знае кои бои стојат пред него! Верува дека е плава... но дали е... кај ќе знае!:place
 

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Вистинските христијани се ‚поучени од Бог да се сакаат еден со друг‘ (1. Солуњаните 4:9). Ние не треба да се сакаме „ниту со зборови ниту со јазик, туку со дела и со вистина“ (1. Јованово 3:18).Вистински христијанин е оној што потполно и безусловно ги следи учењата на Исус основачот на христијанството. Бидејќи не бил дел од светот, Исус бил политички неутрален и не се мешал во општествените конфликти во негово време. Тој рекол: „Да беше моето царство дел од овој свет, моите слуги ќе се бореа за да не им бидам предаден на Евреите. Но моето царство не е одовде“ (Јован 18:36). Исто така, Исус ги советувал своите ученици да ги отфрлат ставовите, говорот и однесувањето што се осудени во Божјата Реч (Матеј 20:25-27).

За да им помогне да препознаат кој му служи на вистинскиот Бог а кој на лажни богови, Исус Христос им рекол на своите следбеници: „Зарем се бере грозје од трње или смокви од чичка? Така, секое добро дрво дава добар плод, а секое гнило дрво дава безвреден плод. Добро дрво не може да даде безвреден плод, ниту, пак, може гнило дрво да даде добар плод... И така, понивните плодови ќе ги препознаете“. Значи, припадниците на вистинската религија треба да се препознаат по нивните плодови, односно поделата. Кои се тие плодови? (Матеј 7:16-20).

Еве неколку начини како можеме да ја познаеме вистинската релиѓија... Вистинската религија ги обединува верниците со врските на љубовта. Исус им објаснил на своите ученици: „Нова заповед ви давам: сакајте се еден со друг! Како што јас ве сакав, така и вие сакајте се еден со друг. По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“. Вистинските следбеници на Христос мора да покажуваат толку силна љубов еден кон друг што секој ќе може да види дека му служат на Бог на исправен начин (Јован 13:34, 35).
 
Последна промена од модератор:

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
А, да се запрашаме за момент... дали ние сме вистински?
Дали нашево опкружување е вистинско?
Дали форумов е вистински?
Универзумот?
(think)

Побогу, јас не знам ни @existence дали е вистински или си водам монолози кога му се обраќам.
 

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Во врска со лажните учители, Исус Христос рекол: „По нивните плодови ќе ги препознаете... секое добро дрво дава добар плод, а секое гнило дрво дава безвреден плод“ (Матеј 7:15-18). Религиите даваат „безвреден плод“ со тоа што се мешаат во политика и одобруваат работи што му се одвратни на Бог, како што е хомосексуалноста (Јован 15:19;Римјаните 1:25-27). Тие ги поучуваат луѓето за човечки преданија и празни традиции наместо за скапоцените учења од Божјата Реч (Матеј 15:3, 9). На еден свој апостол, Исус му рекол: „Храни ги моите овчички!“ (Јован 21:17). Со тоа истакнал колку е важно луѓето да бидат поучени за Бог. Но, денес многу верски водачи не ги следат неговите зборови. Затоа, голем број луѓе се гладни во духовен поглед.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja and Pica pica

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Религијата е метафора, доколку не се разбере тоа, нема да биде вистинска. Сите оние што религијата ја толкуваат буквално и сопствените погледи, очекувања и перцепции за соодветно и несоодветно ги пласираат како апсолутни и единствено прифатливи за сите, се во длабока заблуда. Религиите што моралот го сметаат за предуслов за духовност, се човечка креација и немаат ништо со божественото.
Ако хомосексуалноста му била одвратна на Бог, зошто ја создал или допуштил? Како воопшто на битие што е апсолутно и од кое произлегува се, нешто може да му биде одвратно?! Нели се е според неговата промисла? Нели нема други креатори? Тогаш тоа што му е одвратно на Бог од каде дошло? Зошто не го предвидел со својата сезнајност? Зошто не го спречил со својата семоќност?
Ваквите тврдења на Бог му припишуваат дуална природа, го прикажуваат како демијург....ја негираат неговата апсолутност, семоќност и сезнајност.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Религијата е метафора, доколку не се разбере тоа, нема да биде вистинска. Сите оние што религијата ја толкуваат буквално и сопствените погледи, очекувања и перцепции за соодветно и несоодветно ги пласираат како апсолутни и единствено прифатливи за сите, се во длабока заблуда.
Религиите што моралот го сметаат за предуслов за духовност, се човечка креација и немаат ништо со божественото.
Ако хомосексуалноста му била одвратна на Бог, зошто ја создал или допуштил? Како воопшто на битие што е апсолутно и од кое произлегува се, нешто може да му биде одвратно?! Нели се е според неговата промисла? Нели нема други креатори? Тогаш тоа што му е одвратно на Бог од каде дошло? Зошто не го предвидел со својата сезнајност? Зошто не го спречил со својата семоќност?
Ваквите тврдења на Бог му припишуваат дуална природа, го прикажуваат како демијург....ја негираат неговата апсолутност, семоќност и сезнајност.

Ако може хомосексуалноста да не е одвратна за семоќниот и сезнајниот бог,не гледам причина зошто не би ја допуштил и длабоката заблуда!
Тоа е нивна вистина или ти си во длабока заблуда!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: balerina

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Во врска со лажните учители, Исус Христос рекол: „По нивните плодови ќе ги препознаете... секое добро дрво дава добар плод, а секое гнило дрво дава безвреден плод“ (Матеј 7:15-18). Религиите даваат „безвреден плод“ со тоа што се мешаат во политика и одобруваат работи што му се одвратни на Бог, како што е хомосексуалноста (Јован 15:19;Римјаните 1:25-27). Тие ги поучуваат луѓето за човечки преданија и празни традиции наместо за скапоцените учења од Божјата Реч (Матеј 15:3, 9). На еден свој апостол, Исус му рекол: „Храни ги моите овчички!“ (Јован 21:17). Со тоа истакнал колку е важно луѓето да бидат поучени за Бог. Но, денес многу верски водачи не ги следат неговите зборови. Затоа, голем број луѓе се гладни во духовен поглед.

Ова како новогодишна порака нешто? :kafe
А чекај нели Јеховини сведоци не слават нова година?