Религијата е вистинска или не?

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
Ќе ти одговорам јасно пошто гледам очекуваш одговор со да или не.
Религијата(христијанската)
ја нуди вистината за оној кој сака да ја дознае.
Ако се прочита напишаното во библијата и се погледне сето тоа од малку поинаков агол,поинаква гледна точка може да се дојде до вистината
Не сум религиозна,не припаѓам на ниедна религија, но сум сигурна дека е така.

За исламот не знам многу и не можам да кажам дали нуди вистина или што нуди.

според она што го имам читано и слушано
исламот и христијанството...правиме споредба
значи иста приказна само во други земји и друг водач на народот
во христијанството е исус....а во исламот е мухамед
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Јас сум на ставот да не постојат религии и верувања! Секој да знае, да може, да има храброст, волја...

Вистината во едно време е лага за оние кој ќе дојдат подоцна,да ја менуваме вистината или да не ги менуваме оние подоцна што ќе дојдат,за да можат сите со вистината да се соединат?
Твојот предлог е да се смени некогашната вистина,за сегашните кој се променети се врзат со новата вистина.

А јас велам,бидете како придојдени на овој свет,тоа што ќе го затекнеш во него(светот) да не те врзе,а тоа што ќе го оставиш да не знае за тебе!;)
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Јас немам таков предлог за религиите. Јас велам религиите се лажни и не даваат вистина. Тоа го велам јас... и ниту една невистина не може да стане нешто друго. МОже да верува некој, нели затоа се вели верник човекот, но да е реалност тоа како една религија е вистина а друга не... не бидува.
Верникот прави голем проблем со своето верување и незнаење...

Друго е ти што се расфрлаш со романтични изјави: дојди поживеј по своја волја и замини си :) Тоа нема врска ниту со исламот ниту со христијанството како религија...

Тоа што ти го велиш е НЕДОЗВОЛИВО во христијанството или исламот. Си имаш канон, си имаш црква си имаш правила кои одат и против твоја волја можеби!
Но ако веруваш дека една религија ти нуди вистина а друга не, значи... нешто не е ок нели :)

Ти воопшто не ме читаш или не ме разбираш што пишувам...
Христијанството е дијаметрално спротивно нешто од исламот!
Тие дури и се навредуваат една со друга во самата срж, ја негираат една на друга апсолутната вистина која на сите страни ја промовираат како тие да се сопственици на истата, а нудат само вера и ништо поеќе!

Кажи ми ти дали и христијанството и исламот даваат вистина? Гледај ги од кој сакаш агол... Јудаизмот дава ли вистина?
Како стои јудаизмот и христијанството во врска со апсолутната вистина?

Ако даваат сите овие религии апсолутна вистина (што е апсурдно реков веќе претходно): светот го водат две вистини, n вистини каде што n e бројот на религии?

Значи не зборуваме ние тука за езотериските разбирања и разните агли и хиперболи во однос на една религија и нејзините внатрешни струи, зборуваме христијанство, ислам, јудаизам, хиндуизам итн итн...
Простата верничка маса која следи канон! Следи традиција... маса која не ни сфаќа дека со својата вера негира друга вера, дека со своето слепо верување си дава за право да го негира истото на другата религија...

Laws of peace, of love, of unity;Of pity, compassion, forgiveness.Let each chuse one habitation:His ancient infinite mansion:
One command, one joy,
one desire,One curse,
one weight, one measure
One King, one God, one Law. - Book of Urizen, William Blake

Една заповед, еден крал, еден бог, еден закон! Еден бог една религија. Еден бог со многу религии или богот е невистина и лага или религиите се лажни и шират зло и неправда!

Бирајте.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Жалосно е религијата да се дели од спиритуалноста.
Религијата чинам E таа која треба да помогне во духовното развивање на човекот.

Но,религијата
ствара закони,норми и догми затворајќи го човекот во еден корсет или гипс,
притоа одземајќи му ја слободата на себезапознавање и откривање на сопствениот бог.
А тоа е сосем погрешно.
Интересно е ама што тие ограничувања и закони постојат не само во религиите,туку и во сите спиритуални учења и езотерии.
Тогаш би значело дека даваат еден правец.
Не усмеруваат на некој си пат кон вистината.

А во суштина овие ограничувања целат кон врзување на егото.
Се обидуваат егото да го држат и обликуваат во една форма.
Ако сме ние космички суштества тогаш сите закони кои се потребни лежат во нас самите.
И ако сите тие закони лежат во нас тогаш задача на секое суштество на планетава е да посегне по нив и да ги открие за да може според нив да живее.
Не ми е јасно ако е тоа така зошто религијата која всушност постои од тие причини да им помогне на луѓето да се развијат спиртуално ги ограничува луѓето?

Со тоа мислев ако се погледа од друг агол(ако се отфрлат сите тие ограничувања)
би било можно да се доближиме до вистината.
Познавам монаси кои се духовно развиени и она што им е потребно за сето тоа го нашле во христијанската религија.

Затоа и мислењето дека христијанската религија може да го доведе до вистината оној кој ја бара истата или сака да ја дознае.

Меѓутоа напишав и дека религијата е средство за манипулација баш од тие причини.
Ограничувањата кои го држат човекот заврзан,а сето тоа се користи од некој си кој профитира од тоа.

За бог.
Бог е нерешена загатка.
Не можеме да дискутираме околу еден збор затоа што бог е само збор,поим.Никогаш не дискутираме за реалноста,дискутираме за поимите,мислењата,идеите.
Религијата е таа која го наметнала поимот бог.
Можеби кога не би било така би знаеле што е тоа бог.
Не постојат 10 богови,не постојат 10 вистини.
Една е само.
Која и да е. :kafe
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Жалосно е религијата да се рамни или пак става над духовноста! Тоа води до моментот религијата да биде џелат и секоја духовност што се коси со нејзините закони да ги осудува како секти!
НЕ така!
Религијата чинам е кочница кон божественото!

Бог е загатка, да. Но не за секој е нерешена. Барем така јас мислам.
Религијата е таа која наметна закон далечен од природата на човекот и богот го стави надвор од човекот, како некоја цел надвор од човекот, го стави богот како решение на религиските бладања и канон и кои немаат врска едно со друго.

Една е само. Затоа многу религии - не е вистина ниту нудат вистина. Се согласувам. :)
 
коста

Истакнат Член
21 мај 2013
145
61
328
36
Религијата е циста лага бе сите попови и одзи само лазат и немат нисто паметно да казат ахахаххаа какви попови бе сите се арамии
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Религијата е циста лага бе сите попови и одзи само лазат и немат нисто паметно да казат ахахаххаа какви попови бе сите се арамии

Една религија и нејзините канони и верувања не се врти само околу попови, имами и слични свештенички чинови. Не бидете површни во однос на религиите...
Денес секој зборува и философира за религиите, дури и самите мирјани проповедаат, дури и мешаат секакви секташки размисли без да знаат објаснувајќи си ги верувањата во обид да дадат логично веродостојно објаснување!

Тука сме да одредиме на форумско ниво дали религиите нудат вистина или и самите се вистина не дали поповите или не знам кој дејствува вистински во однос на религиите...
Иако и тоа може уште полесно да го покажеме! :)
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Јас сум на ставот да не постојат религии и верувања! Секој да знае, да може, да има храброст, волја...
Јас немам таков предлог за религиите. Јас велам религиите се лажни и не даваат вистина. Тоа го велам јас... и ниту една невистина не може да стане нешто друго. МОже да верува некој, нели затоа се вели верник човекот, но да е реалност тоа како една религија е вистина а друга не... не бидува.
Верникот прави голем проблем со своето верување и незнаење...
Хептаграм,
Човек е менлив и во текот на тие промени си ја менува и својата вистина.
Затоа и прашав,дали се менува вистината како што се менува човекот или да постојат повеќе "вистини" кој при промените на човекот едни ќе стануваат лага,а други "вистини".
Како што и ти сега со своја вистина велиш дека не треба да постојат религии и верувања, бидејќи се лажни и не даваат вистина,со тоа може ќе им ускратиш едно искусување на оние кој треба преку тие "лаги" да се променат.
Се разбира дека тоа ќе бидат малкумина,како што и во вашата секта малкумина ќе се препознаат и во неа ќе пристапат како своја и единствена вистина додека истата не ја надминат.(ако не ја надмине станува ревен верник,без можност за промени):(
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Абе што ти знаеш за човекот...
Менлив бил човекот :) Да надворешно - внатре човекот е најпостојаното нешто. Менливи се кукавиците, оние кои застанале на еден пат и им натежнал па си побарале друга „вистина“, полесна. Човекот не бара вистина. Бара лесен пат! Знам дека си романтичар и кој знае какви ли слики си имаш за чоекот... :)
Ако човекот е гнасен - ќе остане гнасен и никој не може да го промени тоа! Тоа е негова вистина и треба да живее со неа!

Јас не припаѓам на ниту една секта. Сектите произлегуваат од религиите, а јас нели велам дека ако религиите како невистини не може да раѓаат вистини. Така да сектите се исто така помали невистини.
Редот О.Т.О. не е секта. Нема врска со религиите од кои произлегуваат сектите! Нели е така? :) Оди подобро проучи го Редот! Како што јас правам со вашите религии на „вистината“ која го трујат добриот човек веќе скоро 2000 години. Доста е јас мислам нели?

Но твоето разбирање вели дека е секта, исто така твоето разбирање и знаење ти вели и дека многу религии се исто како онаа параболата: сите патишта водат кон Рим.
Тоа е лага, да се држи неиницираниот аџија далеку од Рим, далеку од Светилиштето. Да се измори одејќи и да умре во заблуда некаде по патиштата на религиите и сектите!
Нели рековме:
„Во вистинската религија нема секти затоа пази да не го колнеш името под кое другите го знаат својот Бог; зошто ако го правиш тоа на Јупитер, ти ќе го колнеш יהוה во Озирис יהשוה. Прашај и ќе имаш! Барај и ќе најдеш! Тропни и ќе ти се отвори!“ - Liber XXX

P.S.
Не биди тажен, курвинското однесување не те прави светец! Реков надворешно може да носиш маски, внатре ако си гнасен, смрди тоа наоколу премногу. Не се преправајте пред мене дека сте светци и просветлени ... ;)
 
Секој во својата вистина ревно верува,па не си исклучок ни ти,затоа верувањето е тесно поврзано со " јас ".
Ако " јас " е не променливо тогаш ниту вистината се менува т.с во нејзе ревно се верува.
Така ќе биде додека " јас " не умре,тогаш ниту вистината,ниту лагата имаат значење па во нив ревно да верува и истите да се бранат.

Но,жално е кога некое " јас " се умислило дека него и само него му е даден екслузитет да ја застапува вистината,лагата многу добро манипулира преку некоја така наречена вистина.

не сакам неуки и неспособни да имаат пристап до свети работи!

:(