Религијата е вистинска или не?

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
:kafe

Значи религиите нудат апсолутна вистина бидејќи се занимаваат со апсолутен бог, ама црквата(поповите) пере мозоци и шири лаги?
Значи религиите се ок, ама поединци ја расипуваат? Тоа велиш ти?
Ова за поповите не важи за монаси и монахињи или важи и за нив?

Кој ја создава религијата?
Поединци или мнозинството? Оние што имаат ќар или оние на кои им се испрани мозоците? Или религиите ниту нудат вистина, ниту се вистина?
На здравје кафето.
Поставуваш апсурдни прашања.
Религијата ни дава некакво спознание за поимот бог.
Ни нуди идеи,поими,размисли кои не водат близу до вистината.
И таа дадена вистина,поим на вистина е доволна за поединци.
Имаат оформени мислења и добро е.
Факт е ама дека се додека мислиш дека ја знаеш вистината,ништо не знаеш.
Религијата нуди сигурност.
Сигурност од соочување.Соочување со прашања кои водат во лавиринт.
И зошто мнозинството би се откажало од сигурноста која ја има?
Верник кој ќе престане да верува во бог,умира.
Зошто?
Затоа што ја изгубил потпората и би морал да се зададе во потрага по одговори.
А што ќе му е тоа кога може фино лепо да го прифати она што му е дадено?
Зошто би го изгубил она нешто што му нуди сигурност?
Зошто би го направил тоа?
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Верување во туѓи сведошства и искуства, секако не е пат до вистината. Со оглед на тоа религиите кои се темалат на слепо верување или заплашување не нудат вистина, туку утеха и се засолниште на кукавиците. Религиите пак кои се темелат на осознавање, спиритуалност и скептичност, се религии кои се стремат кон вистината.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Преку искуство, преку скептичност, преку надминување, преку осознавање......
Вистината не се дознава, вистината се доживува.
Вистината не се опишува со идеи и поими.
Како што рече alf,
цитирам:
"Додека сам не постанеш извор,ќе си ја гасиш жедта со туѓи извори кој ќе бидат слатки или солени!"
Многу убава мисла.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Вистината не се опишува со идеи и поими.
Како што рече alf,
цитирам:
"Додека сам не постанеш извор,ќе си ја гасиш жедта со туѓи извори кој ќе бидат слатки или солени!"
Многу убава мисла.
Сите ние сме уникатни, но колку што сме уникатни, толку сме и слични едни на други. Не е проблемот толку во идеите и поимите, туку во интеракцијата со истите.
Кога сопствените искуства ќе ги препознаеш во одредени идеи, поими или систем, тогаш сопствениот извор го припојуваш кон останатите извори правејќи "Река", но кога поради недостаток од сопствено разбирање и искуство ќе присвоиш туѓа идеја, поим или симбол како субститут за своја, тогаш значи дека си ја "гасиш жедта од туѓ извор".
И тоа не е случај само кај религијата или спиритуалноста, најдобар пример за тоа е национализмот - недостаток на сопствена индивидуалност, задоволена преку идентификација со колективот. И ако направиме анализа, ќе видиме дека токму поради таа сличност, луѓето ја мешаат националноста со религијата. Па така, да бидеш македонец значи по дифолт да си православен, а да бидеш албанец - по дифолт да си муслиман. :)
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Воопшто не ми одговори на прашањата, не се апсурдни, религијата е апсурдна во однос на човекот.
Значи по последните изјави ти велиш дека верникот или личноста која е религиозна нема одговори ниту пак трага по нив...
Религијата му дава сигурност преку верување и тоа му е доволно!
Како тогаш религијата нуди спознавање? Со верување? Тоа е апсурд!
Не те разбрав само со изјавата: религијата нио нуди размисли кои не' водат или НЕ (како негација) водат до вистината?
Ако не е негација, како религијата нуди вистина?

Во ред е христијанството да е вистина за христијанинот... или пак муслиманинот за вистина да го смета исламот! Тоа за мене е прифатливо, без разлика дали јас се сложувам со идеите и праксите и философијата на христијанството или исламот!
Јас имам проблем со тоа што и христијанинот и муслиманинот велат во своите писанија дека еднито или другиот е неверник и ќе биде казнет бидејќи не е дел од „вистинската“ религија! И двете религиии се дрзнуваат да те осудуваат тебе или мене или било кој друг бидејќи не си тоа што се тие!

Значи една религија создадена од луѓе ги суди сите како апсолутна! Тука е проблемот... :) Затоа јас прашав: според кој апсолутен бог јас ќе бидам казнет? Покажете ми го богот!
Многу религии, некои дури и насочени дијаметрално спротивно една на друга не може да бидат вистина ниту пак да нудат некаква вистина за сите... посебно не може да нудат вистина апсолутна (надвор од еден поединец) кога сеуште раѓаат секти кои вака или онака го дообјаснуваат или менуваат законот на официјалната религија!
Како така...

Јас немам против ти да си христијанка, но само ако христијанството го смени ставот поточно верувањето како нивниот апсолутен бог изграден врз еврејската традиција ќе казнува се и сешто! Истото важи и за исламот...
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
alf, па и Lena може да читне и да даде мислење ...

Затоа секое проповедање и убедување на другиот во врска со вистината и реалноста на една религија е глупо, бесцелно и може да привлече слаби, а не силни луѓе! :)
Затоа секој јеховин сведок, методист и слични преплашени души кои тргуваат со стравот за да привлечат нови „верници“ и тропаат од врата на врата да ни објаснат „кој тоа таму владее со светот“ и како сите ќе умреме и ќе се мачиме после - е бедно и нистожно од нивна страна.
Треба да се натепа тој што ќе дојде на врата и ќе ти проповеда религија! Да му се избрка гласот од глава кој што му вели да го прави тоа бидејќи тоа е апсолутната вистина и цел во животот!
Нели... :nerd
Хептаграм,

Секој завземен став сам по себе носи одредени особини на делување во општеството и истите со друг став се контрадикторни и спротивни.Тие се толку различни како што се лав и јагне,но не значи дека не треба да постојат.
Тоа што сите луѓе имаат исти телесен облик, религиското верување и филозофско делување ја одредува таа духовна разлика.
Тоа шаренило застапено од групи и поединци,не битно дали се слаби или силни,плашливи или храбри сите делуваат за да го зачуваат својот "вид" со придобивање на нови членови или уништување на спротивните.Се оди од крајност во крајност со што некој дејствуваат својот вид да го прошират со промена на сваќањата и размислите на поединец до телесно убивање за да не постои спротивни верувања и размисли.Едни верувања и флизофии ги снемува,други се појавуваат и така во круг,се почнува како раѓање и умирање,страдање и воскреснување,празно и полно,ветен рај и пекол.

Оваа нивна борба,тенденција на ширење и придобивање на идните генерации со оставени записи, видливи и затскриени обележја се ништо друго освен одраз како во огледало на вистината.
Целата приказна е човекот,кој е,што е,од каде е и каде оди,све што се случува помеѓу е само обид за негово осознавање.
Вистината се појави,а човекот се раздели.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com


Дали религиите даваат вистина море алф? :)
Јас сум на ставот да не постојат религии и верувања! Секој да знае, да може, да има храброст, волја...

Велиш едно се појавува друго исчезнува... значи религиите ниту се вистина ниту даваат вистина? Истото го велам и јас: религиите се раздор.

Дај бидете еднаш јасни и гласни: да, религиите се вистина! Не, религиите се лага и невистина! Не и да и не :)

Христијанството е вистина или исламот е вистина или и двете се вистина или и двете се лага?
Еврејскиот мистицизам и религија не се исчезнати, а ете некогашната христијанска секта денес се смета за битна религија која нуди вистина!
А срцето на таа религија е тората, еврејскиот закон...
Исламот е пак христијанско-еврејски закони видоизменети...

Напишав погоре за овие две религии да не се повторувам! Како може да се вистина религиите кога велат дека е еден бог, а тие се многу? Една вистина, а тие се многу? Велат имаш слободна волја, но ќе те казни мојот бог во кој што ти не веруваш? Треба сите да бидеме религиозни?
Значи јас и други кои не се ниту муслимани ниту христијани или пак секташки школи од тие религии сме далеку од вистината? :)

Ако велиме дека и двете големи религии (броење глави, во таа смисла големи религии) денес се вистина, имаме грешка некаде... напишав погоре...

И за да се насмееме клик тука.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ако некој ѕирне во светите списи, библијата, тората и куранот тешко дека ќе најде било каков вистинит исказ...
Ако бесмислиците кои биле пишувани во тие книги (компилации) се подложат на било каква анализа, ќе стане јасно дека се - бесмислици.
Останува толкувањето т.е. наоѓање на онаква смисла каква што читателот (толкувачот) би сакал да најде.
Но истото може да се направи и со конзерва риби. Од декларацијата за производот може да се `протолкува` феноменална мудрост. Ако се сака.:kafe И тоа на сосема логични писанија, пример грамажа на конзервата и потекло на сардините во неа...

Единствена пречка е што блискоисточните бесмислици во постоечкиот консензус на реалноста се дозволени да се перцепираат како мудрости.
Конзервите не се.
Барем не до сега.
А би испаднала сосема добра религија, Големата Сардина, пратеничка на семоќниот Морж.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Воопшто не ми одговори на прашањата, не се апсурдни, религијата е апсурдна во однос на човекот.
Значи по последните изјави ти велиш дека верникот или личноста која е религиозна нема одговори ниту пак трага по нив...
Религијата му дава сигурност преку верување и тоа му е доволно!
Како тогаш религијата нуди спознавање? Со верување? Тоа е апсурд!
Не те разбрав само со изјавата: религијата нио нуди размисли кои не' водат или НЕ (како негација) водат до вистината?
Ако не е негација, како религијата нуди вистина?

Во ред е христијанството да е вистина за христијанинот... или пак муслиманинот за вистина да го смета исламот! Тоа за мене е прифатливо, без разлика дали јас се сложувам со идеите и праксите и философијата на христијанството или исламот!
Јас имам проблем со тоа што и христијанинот и муслиманинот велат во своите писанија дека еднито или другиот е неверник и ќе биде казнет бидејќи не е дел од „вистинската“ религија! И двете религиии се дрзнуваат да те осудуваат тебе или мене или било кој друг бидејќи не си тоа што се тие!

Значи една религија создадена од луѓе ги суди сите како апсолутна! Тука е проблемот... :) Затоа јас прашав: според кој апсолутен бог јас ќе бидам казнет? Покажете ми го богот!
Многу религии, некои дури и насочени дијаметрално спротивно една на друга не може да бидат вистина ниту пак да нудат некаква вистина за сите... посебно не може да нудат вистина апсолутна (надвор од еден поединец) кога сеуште раѓаат секти кои вака или онака го дообјаснуваат или менуваат законот на официјалната религија!
Како така...

Јас немам против ти да си христијанка, но само ако христијанството го смени ставот поточно верувањето како нивниот апсолутен бог изграден врз еврејската традиција ќе казнува се и сешто! Истото важи и за исламот...
Ќе ти одговорам јасно пошто гледам очекуваш одговор со да или не.
Религијата(христијанската)
ја нуди вистината за оној кој сака да ја дознае.
Ако се прочита напишаното во библијата и се погледне сето тоа од малку поинаков агол,поинаква гледна точка може да се дојде до вистината
Не сум религиозна,не припаѓам на ниедна религија, но сум сигурна дека е така.

За исламот не знам многу и не можам да кажам дали нуди вистина или што нуди.