Религијата е вистинска или не?

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Христијанството која вистина ја нуди во однос на исламот?
Исламот која вистина ја нуди во однос на христијанството?
Православното христијанство во што се разликува од католицизмот?
Католицизмот зошто го роди протестантизмот?

Која вистина раѓа објаснувања и дообјаснувања?

Во вистинската религија не постојат секти! Во денешните религии има секти бидејќи се зачнаа како секти... и има вистина ми велите?
Ма ајде ви се молам... во ред е да ги почитувате верувањата на вашите предци, но да проповедате вистина преку религија - НЈИЕТ! :)
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Вистината нема позитивни и негативни страни,не осознаена вистина или патот кој води до нема има позитивни и негативни страни.
Додека не станеш вистина (пат),позитивното и негативното ќе постои за оној кој чекори по него!;)
Вистината нема позитивни и негативни страни но,религијата.
Дали религијата е вистината?
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Која вистина раѓа објаснувања и дообјаснувања?

Во вистинската религија не постојат секти! Во денешните религии има секти бидејќи се зачнаа како секти... и има вистина ми велите?
Ма ајде ви се молам... во ред е да ги почитувате верувањата на вашите предци, но да проповедате вистина преку религија - НЈИЕТ! :)
Вистината нема позитивни и негативни страни но,религијата.
Дали религијата е вистината?
Секоја религија е вистинска на свој начин.

Вистината нема позитивни и негативни страни,не осознаена вистина или патот кој води до нема, има позитивни и негативни страни.
Додека не станеш вистина (пат),позитивното и негативното ќе постои за оној кој чекори по него!;)
Додека сами не постанете извор,ќе си ја гаси човек жедта со туѓи извори кој ќе му бидат слатки или солени!:(
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
alf,јас направив разлика измеѓу
вистинска и вистина.

Прашањето можеби е и малку глупаво поставено.
Дали религијата е вистинска?
Дали религијата е вистината?
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Lena,

Ако секоја религија е вистинска тогаш јасно и недвосмислено значи дека оној кој се венчал за соодветната религија и филозофија,живее во вистината.
Него, секогаш прашањето треба да си го поставите на самите себе,дали венчајќи се за соодветна религија или филозофија живеете во вистината?
Ако имаш одговор на тоа прашање било позитивно или негативно,нешто не е како треба!Зошто?
Додека не станеш вистина (пат),позитивното и негативното ќе постои за оној кој чекори по него!

Па отука и мислење дадено за другите нема да биде точно!:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
alf, па и Lena може да читне и да даде мислење ...

Затоа секое проповедање и убедување на другиот во врска со вистината и реалноста на една религија е глупо, бесцелно и може да привлече слаби, а не силни луѓе! :)
Затоа секој јеховин сведок, методист и слични преплашени души кои тргуваат со стравот за да привлечат нови „верници“ и тропаат од врата на врата да ни објаснат „кој тоа таму владее со светот“ и како сите ќе умреме и ќе се мачиме после - е бедно и нистожно од нивна страна.
Треба да се натепа тој што ќе дојде на врата и ќе ти проповеда религија! Да му се избрка гласот од глава кој што му вели да го прави тоа бидејќи тоа е апсолутната вистина и цел во животот!
Нели... :nerd
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
alf, па и Lena може да читне и да даде мислење ...

Затоа секое проповедање и убедување на другиот во врска со вистината и реалноста на една религија е глупо, бесцелно и може да привлече слаби, а не силни луѓе! :)
Затоа секој јеховин сведок, методист и слични преплашени души кои тргуваат со стравот за да привлечат нови „верници“ и тропаат од врата на врата да ни објаснат „кој тоа таму владее со светот“ и како сите ќе умреме и ќе се мачиме после - е бедно и нистожно од нивна страна.
Треба да се натепа тој што ќе дојде на врата и ќе ти проповеда религија! Да му се избрка гласот од глава кој што му вели да го прави тоа бидејќи тоа е апсолутната вистина и цел во животот!
Нели... :nerd
Но не би требало да се заборави дека постојат
"силни"луѓе кои ја нудат својата вистина на слабите.
Со тоа и профитираат.Секој на свој начин.
За слабите кога им е потребно,секоја вистина ќе биде добредојдена и прифатена.
Било тоа вистинската вистина или била тоа лажната вистина(иако лажна вистина не постои).
Постојат луѓе кои се спремни да дадат се што имаат само да добијат сервирана вистина на послужавник која ќе ги спаси од маките.
И ова чинам е битен факт кој не смее да се занемари кога зборуваме на тема дали религијата е вистинска или не.
Вистинска за духовноста те оној кој ќе ја разбере суштината на сето тоа,
невистинска заради профитот на одредени луѓе од сето таа сторија/филозофија за вистината.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Насловот на темата треба да биде попрецизен. Се однесува на една религија, на поеќе религии...
Ако е за една, која религија...
На еден друг форум имам напишано текст, во врска со соживотот на различни религиозни групи (во случајот христијани и муслимани).
И едните и другите даваат апсолутна вистина, со апсолутен единствен бог (нивниот нормално и ничиј друг). Секоја религија се расфрла со апсолутна вистина и тоа и за оние кои не се припадници на таа религиозна групација.
Муслиманите убиваат и казнуваат правнички коректно (шеријат) ако го навредиш нивнит бог и пророк (не знаев дека мртви луѓе се навредуваат, или пак се навредува бог во кој што некој не верува).
Христијаните велат дека само Исус е вистината и секој, повторувам СЕКОЈ ќе биде награден или казнен после смртта од тој бог без разлика дали е реалност тоа, дали другиот верува во тоа...
Значи секој...
Би ве замолил да ми одговорите:
Според кој бог јас тоа ќе бидам казнет после мојата земска смрт? Аллах, Исус, еврејскиот бог, Кали, Хорус, Озирис... Или тоа зависи од моето верување? Или пак од моето знаење?
Ќе ми каже некој одговор на ова? Кој е тој нормален човек кој што ќе се дрзне да казнува некој во името на својата религија која нуди „вистина“ и за оние кои НЕ ВЕРУВААТ во нивните богови и зборови и слично?
Каква вистина ни нудат религиите освен раздор и вжештени глави кои осудуваат и „спасуваат“(купуваат) луѓе кои не се дел од нивните религиозни групации?
Инаку повелете текстот кој што сметам дека го допира многу насловот на оваа тема:

Како може да има соживот кога за хрстијаните се што не е христијанско е грешно, и како соживот кога со изјавите дека само Исус е патот и вистински бог-човект го негира богот на другите?
Како може да има соживот кога за муслиманите секој што не е муслиманин автоматски го крши поредокот на универзумот и следува смртна казна ако проповедаш нешто друго, со изјавите дека Алах е еден и единствен другото е лажно го негира верувањето и надежта и спасот кај другите ќе има соживот?
Едните на другите си велат - ти си гнаса и ќе гориш заради гревовите си што неверуваш во вистината...
Сонца! Глумци...

Да не си играме играчки - борбата за престиж и квантитативно докажување која религија е подобра, постои и ќе постои додека има и муслимани и христијани - големиот дуализам на Земјата, за кој веќе почнавме да не се заморуваме многу бидејќи стана фарса и препукување :)
Театар...

П.С. Соживот имало само кај оние кои заборавиле на религиите... онаа интреесната „проста“ раја која и било битно наутро да има кому да му каже добро утро, а не да се докажува чие верување има поеќе логика ;)

Како може една религија да нуди апсолутна вистина, кога постои друга религија која вели дека таа е вистинската и ја негира во самата срж другата? Што правиме и со разните секти кои излегуваат од самите религии?
Како може нешто да нуди вистина кога во својата срж го има верувањето, кое што го величи над знаењето? Да не поставувам сега цитати од библијата за ова како пример...
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Хептаграм
"Насловот на темата треба да биде попрецизен. Се однесува на една религија, на поеќе религии...
Ако е за една, која религија..."

Насловот на темата чинам е напишан општо.
Дали секоја религија е вистинска?

"И едните и другите даваат апсолутна вистина, со апсолутен единствен бог (нивниот нормално и ничиј друг). "

Секоја религија е вистинска на свој начин,ако примачот на истата успее да дешифрира што се крие зад напишаното.
За исламот не сум сигурна што нуди,затоа што не сум седнала да го прочитам куранот и да обработам.
Не ми се допаѓаат нивните закони посебно користењето на жената и нејзината злоупотреба за егоистичките нагони на мажот.
Исламот е религија во која мажот е свет.
Мажот е почеток и крај.
Тоа не може да биде вистина.И мажот и жената се исти единки со еднаква важност за светот.
Имаше една интересна дискусија на еден друг форум и типов ми вика:
-Исламот измеѓу другите права и дава право на жената да раѓа...
Му се изнасмеав.Како може да ми нуди закон за нешто кое ми е дадено од природата?
Нешто што нокој не може да ми го забрани?
Со тоа сакам да кажам секој ја користи религијата за свои интереси.
За да откриеме која религија е вистинска,која не,ќе треба да почнеме од настанувањето на сето ова.
Притоа религиите настанале после филозофиите и разните учења така да...
Би требале да се вратиме на самите почетоци и да разглабиме се.

Проблемот на религиите се,
оформените поими кои се несфатливи за простата раја.
Религијата нуди поими,луѓето ги прифаќаат поимите.
Религијата нуди закони,луѓето ги прифаќаат тие закони.
Религијата нуди последици,луѓето се плашат од тие последици.

Се е тоа супер.
Но...тука доаѓа важното но...
Никој од сите тие луѓе(или ретко кој)се запрашува што се крие позади сето тоа.Сакам да кажам се прифаќа продуктот на религијата без да се преиспита содржината на истата.
Баба ми на пр.обична жена од село верува дека бог ќе ја казни ако не прави добро.
Верува во попот кој доаѓа.Ако тој и каже ова е црно(а бело е)таа ќе рече:да,така е,тоа е црно.
Зошто?
Му верува на попот,тој е чедо пратено од бога кој ќе и го олесни земскиот живот.
Сега да отидам јас кај баба ми и да и речам:
Бабо,попот е лажго кој ти зема 200 ден.за да ти ја смири потсвеста,
ќе ми рече:Многу читаш глупости внуко.
На народот му е испран мозокот од црквата.
Но,не религијата е крива за тоа туку поединци кои имаат ќар од сето тоа.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
На народот му е испран мозокот од црквата.
Но,не религијата е крива за тоа туку поединци кои имаат ќар од сето тоа.
:kafe

Значи религиите нудат апсолутна вистина бидејќи се занимаваат со апсолутен бог, ама црквата(поповите) пере мозоци и шири лаги?
Значи религиите се ок, ама поединци ја расипуваат? Тоа велиш ти?
Ова за поповите не важи за монаси и монахињи или важи и за нив?

Кој ја создава религијата?
Поединци или мнозинството? Оние што имаат ќар или оние на кои им се испрани мозоците? Или религиите ниту нудат вистина, ниту се вистина?