Хептаграм
"Насловот на темата треба да биде попрецизен. Се однесува на една религија, на поеќе религии...
Ако е за една, која религија..."
Насловот на темата чинам е напишан општо.
Дали секоја религија е вистинска?
"И едните и другите даваат апсолутна вистина, со апсолутен единствен бог (нивниот нормално и ничиј друг). "
Секоја религија е вистинска на свој начин,ако примачот на истата успее да дешифрира што се крие зад напишаното.
За исламот не сум сигурна што нуди,затоа што не сум седнала да го прочитам куранот и да обработам.
Не ми се допаѓаат нивните закони посебно користењето на жената и нејзината злоупотреба за егоистичките нагони на мажот.
Исламот е религија во која мажот е свет.
Мажот е почеток и крај.
Тоа не може да биде вистина.И мажот и жената се исти единки со еднаква важност за светот.
Имаше една интересна дискусија на еден друг форум и типов ми вика:
-Исламот измеѓу другите права и дава право на жената да раѓа...
Му се изнасмеав.Како може да ми нуди закон за нешто кое ми е дадено од природата?
Нешто што нокој не може да ми го забрани?
Со тоа сакам да кажам секој ја користи религијата за свои интереси.
За да откриеме која религија е вистинска,која не,ќе треба да почнеме од настанувањето на сето ова.
Притоа религиите настанале после филозофиите и разните учења така да...
Би требале да се вратиме на самите почетоци и да разглабиме се.
Проблемот на религиите се,
оформените поими кои се несфатливи за простата раја.
Религијата нуди поими,луѓето ги прифаќаат поимите.
Религијата нуди закони,луѓето ги прифаќаат тие закони.
Религијата нуди последици,луѓето се плашат од тие последици.
Се е тоа супер.
Но...тука доаѓа важното но...
Никој од сите тие луѓе(или ретко кој)се запрашува што се крие позади сето тоа.Сакам да кажам се прифаќа продуктот на религијата без да се преиспита содржината на истата.
Баба ми на пр.обична жена од село верува дека бог ќе ја казни ако не прави добро.
Верува во попот кој доаѓа.Ако тој и каже ова е црно(а бело е)таа ќе рече:да,така е,тоа е црно.
Зошто?
Му верува на попот,тој е чедо пратено од бога кој ќе и го олесни земскиот живот.
Сега да отидам јас кај баба ми и да и речам:
Бабо,попот е лажго кој ти зема 200 ден.за да ти ја смири потсвеста,
ќе ми рече:Многу читаш глупости внуко.
На народот му е испран мозокот од црквата.
Но,не религијата е крива за тоа туку поединци кои имаат ќар од сето тоа.