Ѓавол - постои ли?

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Постар граѓанину Умпу....поставуваш прашање некому дали постои...а тој ти реплицира. На јавен форум. Не знам како да ти објаснам но со евентуално непостоење на оној кој ти реплицира - реплицирањето би било невозможно. Батали Холмс, мачката на Вотсон ќе разбере, едноставно е. Ако е од староста, во ред е....да не се грижам.

За другото, шо да ти кажам....и то шо викаш...:D

Outrider,се наоѓаме на пдф Религија овде се коментира за богови,ѓаволи,демони,ангели и ред други нешата кој се производ на човековота духовна состојба при која сака да се објасната поимови од типот,кој сме,што сме,каде одиме,од каде дојдовме и многу други прашања кој ниту Шерло Холмс не би можел да ги одгатне.
Поимовите одат од крајност во крајност,од спасители до џелади кој директно имаат врска со душата, која толку многу сакаме да ја задржиме во рамките на рационалните размислувања.

Прашања не случајно ти ги упатив со прст усмерено кон мене,па после во тебе бидејќи одговорот кој го даде цитирам Меѓутоа непостоењето на таков ентитет не ги спречува луѓето да веруваат каде непостоењето го заменив со "постоење" на некаков ентите во кои луѓето се ЦВРСТО УБЕДЕНИ дека постои.Само што поимови за зло како што е ѓавол во себе неможат да видат.

Тоа е една од одликите на ѓаволот ,да ги убеди луѓето дека не постои.

Внучко,оди пишувај на пдф историја.;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

mspasenoski

Староседелец
19 февруари 2013
442
701
1,103
36
Карпош - Влае
Убаво кажа Scars, јас сум скептик за вакви работи, но со многу работи ќе се соочиш во животот. Вистински постои во луѓето. Иако постојат лоши духови, гледајќи од филмови базирани на вистински настани. А од луѓето не се замарам повеќе. Има една народна поговорка вели : Кој со ѓаволот тикви сади, ѓаволот на крај очите му ги вади. Луѓето кои прават глупости и што живее ѓаволот во нив, од љубомора го прават тоа, спремни се да го изгубат скапоценото во својата фамилија (детето или некој сакан) и не престануваат со своите глупости. Со што и да се соочиш остани на земја и биди смирен
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Вака да прашам во врска со болдираното: ќе му веруваме на Бодлер, големиот „христијанин“ и неговиот збор? :)
Држи се до темата,ако имаш да кажеш нешто во врска со ѓаволот,повели.Во спротивно нашиот разговор ќе заврши со плачење кај модераторот со притискање на опцијата пријави што е твоја опција кога ќе се најдеш во тесно.

Него кога сме кај ѓаволот,како вашата група се најде на мета во некој списанија дека правите оргии на гробишта и самиот ѓавол може да ви позавиди на тоа. :)
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Држи се до темата,ако имаш да кажеш нешто во врска со ѓаволот,повели.Во спротивно нашиот разговор ќе заврши со плачење кај модераторот со притискање на опцијата пријави што е твоја опција кога ќе се најдеш во тесно.

Него кога сме кај ѓаволот,како вашата група се најде на мета во некој списанија дека правите оргии на гробишта и самиот ѓавол може да ви позавиди на тоа. :)

Слободно ме пријавувај кога ќе се најдеш во тесно или нема да ти чини напишаното од моја страна, но кога се расфрлате со изјави што и каков е ѓаолот, а тоа не се ваши размисли, ставајте извор, за да не помисли некој дека тоа се христијански изјави од библијата или некој од светите отци!

Не може да се гледа твојот цитат на Бодлер како да е ВИСТИНА! Нели... затоа е и поставено прашањето од моја страна! ;)

За прашањето за мојот Ред зошто се најде во списанија: бидејќи се знае формулата за читаност на еден портал. Бизарни работи, чудни, непознати, тешко за истражување или бара многу време, а модерниот човек се сака на брзина и верува или дебатира напразно за тие информации кои секако не ги проверил бидејќи или не сака или нема време или не се заморува да дознае, туку само да зборува. :)

Тоа пишување за О.Т.О. како е ма најлошото нешто на светот, донесе многу луѓе на мојот блог, на многу страни по светот кои се официјални страници на Редот (бидејќи веста беше објавена во странски весник, а потоа слепо преведувана, знаеме во Р.М. како е да си новинар) :) Луѓе што малку од малку се заинтересирале за вистинитоста за сексот на гробишта и ѓаолот.

П.С. Зошто на гробишта кога се имаат толку многу убави места, со убави кревети, со свила ...
Гробиштата се света работа за христијаните, не за другите! Да не млатиме празна слама! И ѓаволот си има работа само со нив, бидејќи во други вери и пракси - не постои, и не може да се земе Бодлер и неговите бладања за реална слика на ѓаволот и како тој дејствува. ПОдобро земете го Џон Милтон ко за така или Вилијам Блејк! ;)
 
Незнам кој бил тој Бодлер ниту што пишувал,тоа што се поклопи моето пишување со некој е чиста случајност.
Ако треба да навлеземе во дискусија од каде тоа произлезе ќе треба да одиме во самата душа на човекот,а верувам ти си способен сам тоа да го направиш или не.:(

Ако не се лажам за некој змијата која ја прелажала Ева во рајската градина,а во нејзе се гледа олицетворение на зло како Сатана,ѓавол,демон давала мудрост и знаење.Па ритуали,во кој се зборува во ехо,се тропа со ѕвончиња, се млати празна слама или оргии се ништо друго ,туку давање важност и значење на оној кој е обожаван со цел да се добие или барем за момент се допре до некаква возвишена сила.Така да повеќе не е прашањето дали постои или не ѓаволот,тука како истиот да се воскресне во себе.Да се искачи змијата по р'бетот се до умот.
Нема да навлегувам во тоа дали информацијата во некој списанија е вистина или не,доволно е што вашето име на организацијата се поврзува со ритуали кој не доликуваат на човечко битие.

Пробајте со некој опојни дроги може ќе има подобар ефект да го воскреснете оној кој мудрост дава!:gjavol
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Пробајте со некој опојни дроги може ќе има подобар ефект да го воскреснете оној кој мудрост дава!:gjavol

За болдираното: не се глупирај.. ;) Воскреснуваат и без дроги :D
Само треба да ве убедат да верувате! Пу јазк :)

Не знаеш кој е Бодлер, не знаеш кој е Кроули, не знаеш ова, не навлегуваш во она...
А зборуваш премногу... што е работата?
Ќе забегаш во води каде што се споменува душа и разно разни секташки размисли мислејќи дека ќе се спасиш од критика...

Ѓаволот си ги тера овците кон тие води - да зборуваат да богохулат мислејќи дека зборуваат божја мудрост за душата, не сфаќајќи дека секташките разбирања на душата се вистинската порта кон ѓаолот

Треба да навлегуваш во работите ако планираш да не млатиш празна слама! Денес секоја организација може да се поврзе со било што. Секоја будала пишува сешто на нет, а такви ко тебе кои не навлегуваат во работите туку само мелат и досадуваат со своето незнаење само прават поголеми проблеми и помагаат на такви зулумџии несвесно да прават неправда! Злото лесно тебе може да те изеде.. не поднесуваш различни од тебе!

Се лажеш за Змијата и Ева. Уште едно толкување на христијанските секти од I-III век на еврејските сказни.
Необрежани ја сфатија еврејската мисла во тие времиња... абе ајде :)

Одозгора пак денес се појавуваат секташки размисли на сектите од тие времиња, а никој не се свртува кон евреите од каде што произлезе сета таа сказна за ѓаолот :) Чудни луѓе во чудни времиња :D

Секакви даваат коментари за симболите и нивните атрибуции... и што да ви се каже кога вие се знаете? :D
Ете и ѓаволот веќе дознавме што е... христијанска кованица која го оправдува поимот грев и кој што го оправдува спасувањето.

ТУку прашање за сите што се заморуваат со ѓаволот... дали постои дали не слабо да се докаже тука, ама ај да прашам нешто...
Дали постои разлика од ѓаволот за кој зборуваат христијаните и ѓаволот (шејтан) за кој зборуваат муслиманите?
Ако има разлика, во што е?

Значи без разлика дали го сфаќате како симболика, дали како принцип овој поим „ѓавол“ - најдете ми сличности или разлики...
Ајде :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Хептаграм,
Кога ќе престанеш да се однесуваш како наставничка?
Ако имаш да кажеш нешто кажи,ако сакаш да играш зборови ,во ред и тоа јас понекогаш го правам,ама да изигруваш тука на форум како си др.мр.пр.фр.....(последниот вратата да ја затвори :giggle ) е премногу,не би навлегувал во твојот психолосхки профил,но човек имаш преголемо его.Слези малку на земја!

Ѓаволот сигурно има прсти умешано!
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Снема муабет а?
Мора со мене да се заморуваш сега, како сум за тебе ова или она...
И такви ко тебе даваат дефиниции за ѓаволот... :place

Муабетот е за идејата ѓавол, принцип што и да е за вас на форумот тоа ѓавол... секој си зборува и си го брка демонот како го разбира или што му значи тоа ѓавол, демон ;)
Нормално, демон секогаш асоцира на лошо подредена работа. Но тоа произлезе од грчкиот јазик... кој во тие времиња daeomon не значи зол дух како што го прикажува христијанската догматика, ами означува духовно битие, без разлика за неговите карактеристики.
Истражете подобро и ќе видите дека демон етимолошки доаѓа од daeomon (δαίμων) што нема врска со денешното значење силувано од разноразните цркви и секташи.

Тоа што ти ми даваш твои идеи за мене, е твоја проекција што си ја изградил за мене, немам јас што да се менувам, смени ја перцепцијата кон виртуелниот форумски лик кој го знаеш како Хептаграм!

Ѓаволот за кој што ти велиш дека постои, ти прави слики кои ти ги сметаш за вистина!
Во умот најлесно навлегува ѓаолот по се изгледа, Руах го нарекуваат евреите тоа место, таму е најмногу заматена водата и најголемата препрека кон спознанието. Ова вака, малку идеи од кај евреите, тие го сковаа сето ова што го зборуваат и христијаните и муслиманите...

Имаш проблеми со мене или со ѓаволот?
Постојано нешто даваш коментари за другите какви се... имаш проблеми со тоа некој да знае поеќе од тебе? Проблеми со мр.др.пр и слично? :)
Чудно.

Сакаш да бидеш последен во муабетот за ѓаволот што е? Слободно :) Но не оди во матни води и украсени реченици во надеж дека ќе ја загубиш својата трага :)

Се изнервира што те прашав како може изјавата (поточно моето прашање):најголема измама на ѓаволот е да те убеди дека не постои, дадена од Бодлер (и линк дадов до тоа негово дело) да ја гледаме како вистина? Посебно кога тука ѓаволот никако не може да се разгледува надвор од христијанските догми и идеите што ги изградиле христијанските духовници низ вековите на ова парче земја...

Како може таа мисла која ако ја пребараш ќе ја најдеш на мал милион македонски форуми, да биде повторувана постојано како некаква си вистина? И тоа како што гледаме за ѓаволот зборува секој и сешто. Всушност и за боговите зборува секој и тоа зборува сешто... Денес навистина секој се знае, нема што да му се каже :
Служи за некаква си христијанска цел оваа изјава на Бодлер?

Тука постојано провејува тој христијански концепт на идејата или принципот на ѓавол (та змија, та ја прелажал Ева, на еврејски е חוה и значи „да се манифестира“) не се разобличува преку христијанската догма според мене, само се осудува и се потврдува како причина за се останато во денешните религии кои што го нудат на верникот :) да, верникот.

P.S. Колку изнапишаааав :D