Знаењето е замка???
Да не мислеше на разумот случајно, па се збуни?
Хаха она хаха ова и пак во матните води за душа и „свој концепт“.
Ако имаме свој концепт за бог и демони, нема потреба да велиме дека „и да веруваш и да не веруваш“ вистината е дека постои ѓаволот и тој е тоа и тоа!
Како за мене така и за тебе... не бидува тоа нели...
Не, со разумот ги разоткривам зборовите кои не толку вешто ги користи човекот за опишување на својата внатрешна состојба.
Тоа што го мислиш го мислиш со разумот, така? Кај е тука сега срцето и делењето на богови и демони на едното?
ТИ мислиш со срцето по се изгледа, затоа вака со љубов кон мене пробуваш да се исмеваш бидејќи јас те потпрашав нешто што тебе те пецна... Онака немаше ни два реда муабет да напишеш нели
Дозволуваш душата во која веруваш да ти го подели едното на ѓаволи и богови и да зборуваш сешто заради моите писанија тука
Душата во која веруваш дека постои и која е причина да велиш дека и ѓаволот постои, ти го мати паметот а тоа не е добро!
За ѓаволот вели дека ја соблазнува душата... а ако е тоа така, тие што размислуваат (размислуваат бре, со што ли само) дека знаењето е замка, душата ќе ги отера да бидат фанатици и убијци на своите браќа, што и се случува во светот нели...
Ѓаволот постои заради верниците... и нивното верување, а не знаење. Да веруваш е едно, да знаеш е друго. Верувањето признавам дава некој спокој и надеж, но вистината нели ослободува!
Што рече беше Змијата таму во писанијата што ги спомена ти?
Ова не треба да го пишувам ама ајде, и другите да знаат како да пишуваат на вакви теми за да се мрдне од мртва точка.
Инаку, кај тебе преовладува неповрзаност во муабетите и контрадикторности и необјаснување на поими. Едно објаснуваш со друго што е непознато... и така до недоглед... така ништо не правиме бидејќи недефинирани поими секој различно ќе си ги разбере и ќе ги прифати според него како точни, а авторот во својата заблуда ќе мисли дека нашол некој што го разбрал. Твојот концепт за едноста е сигурно многу различен од разбирањето на некој друг... дури и ѓавол (демон) секој различно го разбира (јас и напишав од каде кованицата демон), а ти како што кажа тоа не може да се објасни бидејќи е твој или нечиј концепт на верување. Да, на верување, не знаење, бидејќи знаењето бара искуство, искуството бара работа... а за тоа се нема време.
Јас гледам дека ти не знаеш, тоа и сакам да ти го кажам. Не кажуваш ништо ново, ништо добро и тие зборови се веќе надминати...
Надежта лежи на друго место, не во празни муабети. Ѓаволот стана ловец на дрдорковци кои се сметаат за пророци и просветлени. Така било од секогаш де, ама денес е премногу.
Ти уште се палиш на тоа како змијата ја прелажала ева? Ова ти го смисли или го научи од некаде? Твое знаење е?
За утринската ѕвезда сам ти текна или прочита некаде?
Ѓаволот за тебе е Луцифер? Белфегор? Баал? Асторет...?
Ауриел како концепт на архангел по што би се разликувал од ѓаволот/демоните? Бидејќи ти ги делиш на добро и зло, значи твојата душа ги дели овие битија?
Не можеш да ги соединиш и да се надминеш?
За душата веруваш дека ти е во срцето, а не во очите?
Дека најдоброто нешто на христијанскиот ѓавол е тоа што ги убедува луѓето дека не постои, ти така сам ти текна? Тоа сакаш да ми речеш?
Добро е што кажа добра ноќ
Кој знае преку ден што ќе напишеш.
Ми велат дека со разум не може да се победи неразумниот... може да те повлече само по неговиот пат.
Да си внимавам јас во однос на твоите писанија... сешто пишуваш.
П.С. Ако сонуваш лошо - не сум јас - тоа е Лилит, душегрижничката на мажите во сонот