Ѓавол - постои ли?

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91

Не!Не ми снема муабет!
Еве вака.

Бог за добро и ѓавол за зло,воопшто не ги дела,тие преставуваат едно,оној што ги дели е човечката душа без разлика дали или не верува,нивното постоење е мателизирано во неговото дејствување при што доброто и лошто се како лош одраз од огледалото кое го создал човечката душа секогаш движеќи се помеѓу нив,но никогаш не оди надвор од нив.
Тоа е така бидејќи не е доволно духовно напреднат човекот да може да функционира без тие две спротивности,како што мали деца неможат без своите родители.

Ти си одбрал да истажуваш по историјата,по тајните јазици и нивните изговори што се крие позади поимовите на бог и ѓавол,со јасно дефинирани пракси и ритуали од дамнешни времиња за да допреш до внатрешноста на самиот себе каде се создале двајцата.
Местото кое треба да го најдеш е еден вид огледало т.с.ти постануваш тоа.

Сега може ќе ти биде појасно зошто кажав дека ѓаволот ќе ги убеди луѓето дека не постои,а не само ѓаволот па и самиот бог.
Се крие во срцето на секој човек.Оставени на својата сопствена волја.

Поимовите од кој произлегле злото и доброто се блуски искажани изборови за духовното и неговото разделување за повторно соединување преку човековата душа,доколку истите ги помири.

Ако си во можност со соговорникот да рефлектираш негов одраз,да завземаш секаква душевна позиција и при тоа ништо да не задржиш како свое постоење,да вратиш со негова спротивност со што би му било тешко самиот со себе да се бори,тогаш ќе ги разобличуваш луѓето,но како и обично кога со тебе се разговара мора да се бркаме по небото.(facepalm)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Значи за тебе бог и ѓаол се едно - но човековата душа ги дели... без разлика дали веруваш или не.
Но тука е замката што постојано верниците ја забораваат: верувањето е ништо во однос на знаењето.
Не може да биде апсолутна вистина тоа во што се верува.
Многумина и проповедаат а не слушнале ништо божествено во самите себе си ниту пак живеат како што налага богот за кој проповедаат!

Верувам дека Охрид ќе поплави догодина! Охрид и може да биде поплавен догодина но јас немам ништо со вистинитоста на моето верување, тоа е само... верување кое што може да биде вистина.
Тука зборуваме за тоа дали постои ѓаволот... и ако постои, каков е тој ѓавол? Христијански концепт? Муслимански? Врзан е како што велиш ти со уште една работа која е дискутабилна, душата?
Ќе ми речеш дека без разлика што верува човекот, вистината е дека постои бог еден и единствен и еден ѓавол кој што е поделен заради душата на човекот?
Абе ајде :)

Во срцето на секој човек се крие крв и мускули. Без такви изјави што крие срцето... Ако мислиш на Анахата чакра ок ајде ќе кажеме крие, но срцето онака не крие ништо, умира пустото од премногу заморување.
Но ако зборуваме пак сега за источните философии и за душата, нема место за ѓаволи!
Не сака дуалност Истокот.

Ете ти сега го замеша и богот во муабетот... кој бог? Од која религија или секта си ги совладал атрибуциите на богот за кој зборуваш дека е едно исто со ѓаволот, и кои се разединуваат кај човекот?
Сам зборуваше со богот кој се појавува кај евреите? Или некој личен концепт на бог имаш?
Гностиците велат дека овдешниот бог не е добар бог, да не мислиш на тој бог дека е исто како и ѓаволот?
Демиургот кој се прикажува како бог?

И да, евреите на пример душата ја делат на 4 дела... во кој тоа дел се дели богот и ѓаволот и се појавуваат двајца заради несовршеноста, како што велиш ти?
И кој атрибут дозволува божественото да биде поделено?

И она со огледалото, е чиста суфи сказна која нема врска со обичниот ум :)
За тоа си требаат „стари прецизни ритуали“ :D

И ете не далеку од сите ѓаволи и бесови.

Јас мислам дека ѓаволот е само добар катанец кој држи затворена врата која некои од страв ја одминуваат :D

И бидејќи рече дека требало нешто да се помирува, тоа значи да се инвоцира и демонот и ѓаволот наизменично во кругот? Или пак да се најде убавина во убивањето и бљуткавост во водењето љубов? Тоа сакаш да ми кажеш?

ВО Liber Tzaddi (90) стои:
Но бидејќи некој природно е привлечен кон Ангелот, друг кон Демонот,
нека првиот ја засили пониската врска, нека вториот се прилепи поцврсто кон повисоката.
Така рамнотежата ќе стане совршена.

;)
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Значи за тебе бог и ѓаол се едно - но човековата душа ги дели... без разлика дали веруваш или не.
Но тука е замката што постојано верниците ја забораваат: верувањето е ништо во однос на знаењето.
Не може да биде апсолутна вистина тоа во што се верува.
Многумина и проповедаат а не слушнале ништо божествено во самите себе си ниту пак живеат како што налага богот за кој проповедаат!
Не Хептаграм,обратно е, знењето е замка!
Ќе се уловиш во мрежата на човековата слободна волја дека е во можност сам по принцип на наука да стигне до просветлување.
Колку време ти е потребно,толку ќе ти дадам.1000-2000год доволно ти се?

Верувам дека Охрид ќе поплави догодина! Охрид и може да биде поплавен догодина но јас немам ништо со вистинитоста на моето верување, тоа е само... верување кое што може да биде вистина.
Тука зборуваме за тоа дали постои ѓаволот... и ако постои, каков е тој ѓавол? Христијански концепт? Муслимански? Врзан е како што велиш ти со уште една работа која е дискутабилна, душата?
Ќе ми речеш дека без разлика што верува човекот, вистината е дека постои бог еден и единствен и еден ѓавол кој што е поделен заради душата на човекот?
Абе ајде :)
Секој за себе си знае во каков бог и каков ѓавол верува,да не мешаме сега концепти,а душата е врзана бидејќи секој според некое верување или воден според својот разум има поделено во себе за тоа што треба да биде исправно ,а што не.И за истите се застапува во семејството и општеството.Тоа е така и не може да биде поинаку,за него секогаш црното ќе биде црно и белото бело.Раскинувањето на таа врска,сега не е предмет на дискусија инаку е блиску со еден вид умирање.
Во срцето на секој човек се крие крв и мускули. Без такви изјави што крие срцето... Ако мислиш на Анахата чакра ок ајде ќе кажеме крие, но срцето онака не крие ништо, умира пустото од премногу заморување.
Но ако зборуваме пак сега за источните философии и за душата, нема место за ѓаволи!
Не сака дуалност Истокот.
Јас незнам тоа што го пишувам од кој школи е или од која страна е,тоа што го мислам тоа го пишувам,но ти како и обично во зборовите ми бараш потекло,сега што ќе ми препишеш како извор на моите зборови?
Ете ти сега го замеша и богот во муабетот... кој бог? Од која религија или секта си ги совладал атрибуциите на богот за кој зборуваш дека е едно исто со ѓаволот, и кои се разединуваат кај човекот?
Сам зборуваше со богот кој се појавува кај евреите? Или некој личен концепт на бог имаш?
Гностиците велат дека овдешниот бог не е добар бог, да не мислиш на тој бог дека е исто како и ѓаволот?
Демиургот кој се прикажува како бог?
Ај оди легни си,одмори малку зошто премногу си се измешал и многу прашања си поставуваш.
Ако ти е полесно ,јас не постојам,па отука немам ниту бог ниту ѓавол,борбата за тоа чива ќе биде човековата душа е во оние кој се убедени дека постојат.;)
И да, евреите на пример душата ја делат на 4 дела... во кој тоа дел се дели богот и ѓаволот и се појавуваат двајца заради несовршеноста, како што велиш ти?
И кој атрибут дозволува божественото да биде поделено?

И она со огледалото, е чиста суфи сказна која нема врска со обичниот ум :)
За тоа си требаат „стари прецизни ритуали“ :D

И ете не далеку од сите ѓаволи и бесови.

Јас мислам дека ѓаволот е само добар катанец кој држи затворена врата која некои од страв ја одминуваат :D

И бидејќи рече дека требало нешто да се помирува, тоа значи да се инвоцира и демонот и ѓаволот наизменично во кругот? Или пак да се најде убавина во убивањето и бљуткавост во водењето љубов? Тоа сакаш да ми кажеш?

ВО Liber Tzaddi (90) стои:
Но бидејќи некој природно е привлечен кон Ангелот, друг кон Демонот,
нека првиот ја засили пониската врска, нека вториот се прилепи поцврсто кон повисоката.
Така рамнотежата ќе стане совршена.

;)

Значи во моите коментари преовладува суфи,источна школа,некој христијански писатели.....хаххахаах
А бре Хептаграм,добро е во близина да се има еден др.мр.пр.фр....според пишувањето ќе одреди од кој дел на светот си.
Ај Добра ноќ!
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Знаењето е замка??? :eek
Да не мислеше на разумот случајно, па се збуни?

Хаха она хаха ова и пак во матните води за душа и „свој концепт“.
Ако имаме свој концепт за бог и демони, нема потреба да велиме дека „и да веруваш и да не веруваш“ вистината е дека постои ѓаволот и тој е тоа и тоа!
Како за мене така и за тебе... не бидува тоа нели...

Не, со разумот ги разоткривам зборовите кои не толку вешто ги користи човекот за опишување на својата внатрешна состојба.

Тоа што го мислиш го мислиш со разумот, така? Кај е тука сега срцето и делењето на богови и демони на едното?
ТИ мислиш со срцето по се изгледа, затоа вака со љубов кон мене пробуваш да се исмеваш бидејќи јас те потпрашав нешто што тебе те пецна... Онака немаше ни два реда муабет да напишеш нели :)
Дозволуваш душата во која веруваш да ти го подели едното на ѓаволи и богови и да зборуваш сешто заради моите писанија тука :)
Душата во која веруваш дека постои и која е причина да велиш дека и ѓаволот постои, ти го мати паметот а тоа не е добро!
За ѓаволот вели дека ја соблазнува душата... а ако е тоа така, тие што размислуваат (размислуваат бре, со што ли само) дека знаењето е замка, душата ќе ги отера да бидат фанатици и убијци на своите браќа, што и се случува во светот нели...

Ѓаволот постои заради верниците... и нивното верување, а не знаење. Да веруваш е едно, да знаеш е друго. Верувањето признавам дава некој спокој и надеж, но вистината нели ослободува!
Што рече беше Змијата таму во писанијата што ги спомена ти?

Ова не треба да го пишувам ама ајде, и другите да знаат како да пишуваат на вакви теми за да се мрдне од мртва точка.

Инаку, кај тебе преовладува неповрзаност во муабетите и контрадикторности и необјаснување на поими. Едно објаснуваш со друго што е непознато... и така до недоглед... така ништо не правиме бидејќи недефинирани поими секој различно ќе си ги разбере и ќе ги прифати според него како точни, а авторот во својата заблуда ќе мисли дека нашол некој што го разбрал. Твојот концепт за едноста е сигурно многу различен од разбирањето на некој друг... дури и ѓавол (демон) секој различно го разбира (јас и напишав од каде кованицата демон), а ти како што кажа тоа не може да се објасни бидејќи е твој или нечиј концепт на верување. Да, на верување, не знаење, бидејќи знаењето бара искуство, искуството бара работа... а за тоа се нема време.
Јас гледам дека ти не знаеш, тоа и сакам да ти го кажам. Не кажуваш ништо ново, ништо добро и тие зборови се веќе надминати...
Надежта лежи на друго место, не во празни муабети. Ѓаволот стана ловец на дрдорковци кои се сметаат за пророци и просветлени. Така било од секогаш де, ама денес е премногу.

Ти уште се палиш на тоа како змијата ја прелажала ева? Ова ти го смисли или го научи од некаде? Твое знаење е?
За утринската ѕвезда сам ти текна или прочита некаде?
Ѓаволот за тебе е Луцифер? Белфегор? Баал? Асторет...?
Ауриел како концепт на архангел по што би се разликувал од ѓаволот/демоните? Бидејќи ти ги делиш на добро и зло, значи твојата душа ги дели овие битија?
Не можеш да ги соединиш и да се надминеш?

За душата веруваш дека ти е во срцето, а не во очите?
Дека најдоброто нешто на христијанскиот ѓавол е тоа што ги убедува луѓето дека не постои, ти така сам ти текна? Тоа сакаш да ми речеш?

Добро е што кажа добра ноќ :)
Кој знае преку ден што ќе напишеш.

Ми велат дека со разум не може да се победи неразумниот... може да те повлече само по неговиот пат.
Да си внимавам јас во однос на твоите писанија... сешто пишуваш.

П.С. Ако сонуваш лошо - не сум јас - тоа е Лилит, душегрижничката на мажите во сонот ;)
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91

Ти понудив до 2000год.да се влечеш по сенката од змијата и да јадеш од прашината за некаква мудрост и знаење,ќе ти бидат дозволени сите тајни да ги допреш,но не и да владееш со нив.

Знаењето стана замка за твојата душа,дупка во која ќе паднеш и нема да излезеш,кажав убаво затоа не се вади на некаков разум зошто поголемо богатство од знаењето за тебе нема,а разумот заслепува.

И со разумност не треба да се опишуваш себе си,тогаш се појавува егото како што е случајот со тебе.Пробај биди безумен,тогаш не бараш зборови туку збровите сами извираат,описот е некаде помеѓу нив,но само другите кој ќе вкусат можат да ги поделат и подредат за преку нивната поделеност во себе дадат мислење за тоа кој си и што си.
Затоа не треси глупости дека преку егоистични размилувања користејќи го разумот бараш зборови да си ја опишеш внатрешната состојба не би бил ништо друго освен едно големо его,нели наставничке?

Пробуваш со игра на зборови да ме насукаш на суво ...?
цццц,добро ќе ја играме твојата игра.
Душата на човекот како што кажав предходно е врзана за умот и срцето,играта може да започне во кој умот,а потикнат од знаењето кое го нуди надворешниот свет да игра со срцето кое го открило внатрешниот свет на емоции и чуства.Душата стана нивни заложник од моменот дека кога зе себе и своето постоење повеќе не предмет на двоумење,сега кога се исправи како човек лев и десен чекор ќе му бидат умот и срцето,Каде ќе го однесат и на која страна лево или десно ќе го занесат зависи од тоа што го гледа и од тоа што чуствува.

Секој може да види чив оглавник има околу врат и на која страна оди,за тебе знаеме знаењето е големото богатство.:(

Поимите кој што ги даде со кој се именуваат спротивностите за мене немаат никаква важност,да ги имаше и ти надминато тие спротивности и да чекорише по средината може и ќе стигнеше на местот каде тие повеќе не постојат,вака ќе те оставам да бидеш влечен со оглавниокот и тежината од своето богатство.

И немој толку да бидеш целиот во прашалници,за наставничка тоа не е добро.:)

п.с.ти ја немаш таа силна потсвест за да можеш во сон да ме плашиш,ама ако сакаш можам јас да ти дојдам.:gjavol
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ти понудив до 2000год.да се влечеш по сенката од змијата и да јадеш од прашината за некаква мудрост и знаење,ќе ти бидат дозволени сите тајни да ги допреш,но не и да владееш со нив.

Сега што убав сериозен муабет правевме, ти удри на сарказам и забегување... знаев дека ќе пукнеш и ќе се вратиш на ваквиот муабет. Ама ако, не се бега од себе си ;)
И ти некој нов христијански секташ кој се пали на вакви зборови како болдираното... Да не падна во транс па ѓаволот ти даде духовна мудрост што вака ми се испука? :)
Отиде премногу оф-топик со муабетов да ми кажеш каков сум... Де бре, што така? Некој голем христијански авторитет ќе да си ти... штом толку ѓаволот ти нуди да нудиш работи кои не се твои за да ги нудиш на другите!
Заборави дека стариот еон на умирачките богови за мене не важи, ако ме разбираш. Не си научен за Еквиноксот на Боговите? Не? :eek
На форум авторитет се постигнува со познавање на работите, не вака, без знаење и нафрлање зборови...

Тебе очајно ти е потребно да ми дадеш мислење каков сум а :) Пиши ми ПП море, има начини и начини.

Воопшто не ме разбра се што напишав и те прашав во врска со тематиката... ама ајде, тоа беше за вчера... денес нов лист за ѓаволот.
Доста со тебе, секако нема да има муабет поеќе...


Ај на темата да напишам нешто, извадок од една книга која дава опис на * кај * :

Но отпрвин дојдовме до еден моќен престол од сив гранит, обликуван како најмило маче кое некогаш сте го виделе, и поставен на една напуштена рамница. Беше пладне и Ѓаволот слезе и седна на средината; но мојот Принц од Бајките прошепоти: „Тивко! тоа е голема тајна, но неговото име е Јехешуа, и тој е Спасител на Светот!“. А тоа беше многу забавно бидејќи девојката до мене мислеше дека тоа е Исус Христос, додека еден друг Принц од Бајките (брат на мојот Принц) не' и шепна додека ја бакнуваше: „Тивко, никогаш не кажувај никому, тоа е Сатаната и тој е Спасител на Светот“. - Разбудениот Свет (Liber XCV)

Книгата ќе излезе на македонски јазик, некогаш :) На почетокот на книгата, бидејќи секој може лошо да ја разбере со целиот тој симболизам кој што го содржи книгата, а и симболизмот што го има вградено секој човек во себе си од своето искуство на Земјата, е дадено и ова на почетокот на оваа книга:
Будниот свет - приказна за бебиња и цицалчиња (со објаснувачки забелешки на хебрејски и латински за употреба од страна на умните и мудрите)

И овој цитат е сличен како цитатот од „Визија и Глас на триесете етири“, каде што се дадени Трите Школи на Магиката, каде што неиницираниот и непосветениот не знае дали се една или три школи...
Секако ќе ми го протолкувате, и за вас тоа ќе биде целата вистина. Затоа имате линк до книгата, и тоа со објснувањата, за да не залутате по патеката која ја опишува книгата.
Со среќа ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Umpuranche Хептаграм ..... И што се договоривте? Постои или не постои Ѓаволот?

Е и тоа јас ќе напишев, дај да се договориме... вака муабетот забега во сите води :)
Та души, да богови, та его, па не сакаш тука авторитети... ма луда работа...

Ако постои тој ѓавол, кое е тоа искуство што ги натерало одредени поединци денес, кои тврдат дека посоти ѓавол, да тврдат дека постои.
Заради богот? Кој бог? Какви квалитети има тој ѓавол и зошто постои како реалност кај некои личности?
Проблемот на доброто и злото кај човекот ќе ги врзуваме со бог и ѓавол? Толку се кршливи тие идеи?
Тогаш ако го нема човекот, човештвото, ќе ги нема ни проблемите на вечната им борба помеѓу еврејскиот бог и неговиот антипод, „змијата“, која христијанските мистици во своето незнаење ја унакажаа и ја врзаа со жената, нормално :)
Некои мистици се плашат од моќта на жената, била ѓаволска моќ. Со лудоста тешко се излегува на крај!

Ако пак не постои овој ѓавол (цело време се нафрлаат идеи како оваа идеја за ѓаволот, е всушност христијански концепт, без разлика на дуалноста што лета во воздухот), значи човекот е крив за своите не дела и бладања и треба да се искамшикува 100 пати со леска :) Онака, за ум :)
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Хептаграм
Како може сатаната да е исцелител и спасувач на светот?
Или тоа е начин да се испревртат работите?
Од доброто да се направи зло и обратно?Да се побркаат работите на елегантен прост начин?
Кога всушност не постои ништо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Хептаграм
Како може сатаната да е исцелител и спасувач на светот?
Или тоа е начин да се испревртат работите?
Од доброто да се направи зло и обратно?Да се побркаат работите на елегантен прост начин?
Прочитај го пак извадокот... тоа е начин да ти покаже дека човекот на Земјата не знае кој е спасител!
Та нели имаме и сказна која вели дека спасителот го распнаа ЛУЃЕ?
Јехешуа беше голем иницијант на своето време, но кога си имаш работа со толпа непосветени - не очекувај од нив ништо добро кога ќе им дадеш тајни! Тајни луѓе секогаш предупредувале низ вековите: не ги кажувајте тајните на непосветени, ќе ве убијат барајќи го вашето Злато за кое саноќ сте се бркале низ вашиот лавиринт, кои тие нема да го разберат! Затоа големите иницијатори мора да страдаат по нивниот пат кон богот! (ова ептен оф-топик).


Го прочита тоа под цитатот, што го дадов како дообјаснување во врска со книгата од каде е изваден текстот? Со што е сличен извадокот? Читни, ќе ти помогне...
Имаш и линк (во заградите до книгата) за да не биде да даваме суд за нештата од 5 реда текст, мала книга 50 страни, читни - има и објаснувања зошто е напишано тоа, од страните!

Дуалноста под бездната секогаш ќе го предизвикува непосветениот да се прашува кој е спасителот, внатре или надвор или тоа е исто...
Види што е напишано: „Тивко! тоа е голема тајна, но неговото име е Јехешуа, и тој е Спасител на Светот!“ (sun)