Љубовта и разликата во годините

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Океј...затоа и прашав...7 години се ама и не се толку многу...
Проблем е како кај мене јас 18 тој 27.
Моабетите наредната година да планираме свадба и ја на 19 години да се мажам,без факултет со ова учење од средно и овој труд жал ќе ми биде да останам неписмена,а учев и се трудев зашто имам амбиции а тие не се да работам во некој колонијал за 8000 ...како демек една година после свадба ќе сум продолжела,лесно му е на него магистар си е...директор си работи плата си зема нормално и ја би сакала свадба после се средено ...инаку нас во врска ни е се океј,се разбираме и многу ни е фино...
Ама тука веќе доаѓаат и многу големи разлики....
Јас мислев дека се е така едноставно ама не е .Затоа не се залетувајте со големи разлики...колку и да викав дека годините не се битни.Битни се....и тоа не во вашата комуникација него во баш вакви моменти
Нема правилен одговор на ова, иако е во право Arkantos, сѐ зависи од човекот.И од тебе и од него.Колку би била ти силна да се избориш за себе и колку би бил тој подготвен да те поддржува и поттикнува. Такви работи колку шо можат,толку и неможат да се предвидат. Факс можеш секогаш да завршиш, вистинската љубов некогаш е потешко да ја најдеш. Ама па некако не верувам во тоа дека човек само еднаш може вистински да љуби...
Има многу и за и против, некогаш е најарно да се слуша срцето, колку и да се чини дека тоа шо го кажува е бесмислено.
Ама има и многу реални глупости, кои влијаат полека, ама силно.
На пример зависи кај живееш и кај ти е факсот.Ако ти е блиску, не верувам дека ќе ти биде тешко, иако едно е да се секираш само за учењето, а дома друг да ти го бери гајлето и за чистење и за перење и за пеглање и за ручек.... а друго е ти да се грижиш за сето тоа. Колку сака нека се напредни и полни со разбирање мажите, сепак се мажи и ми се чини дека се ретки тие шо безусловно поддржуваат и прифаќаат да си жртвуваат дел од своите удобности ко сопруг, за да може сопругата да се бори за своите цели. И пак, колку е некој спремен на такво нешто...незнам колку може од напред да се открие... додека не дојде во ситуација кога сопругата ќе му каже: ќе бидам дома само за викенди, морам да учам, а ти организирај се како најдобро ќе функционираш во тој период.... (пример само)
Дај боже да се смениле до толку работите,па да ги има многу повеќе кои ќе го прифатат сето тоа без многу паника и муртење.
Лично не познавам некој кој се жртвувал на таков начин за сопругата. Повеќето, да не речам сите, после стапувањето во брак се смениле скроз, дури до тој степен што еден ми кажал во очи - „епа шо сака таа? има најскапа дневна, најмодерна кујна, купатило со најскапи плочки... шо ѝ фали?“ Незнам шо ѝ фали, ама знам дека во моментот таа си подголтна, а јас си поќутев и илјада пати си се испцув шо не си го прегризав јазикот....
Знам и неколку кои завршиле факс откако се омажиле, една дури и магистрира, сега спрема докторат, ама факсот ѝ беше блиску, секој ден си беше дома, башка мајка ѝ исто живее блиску,па секој ден беше кај неа да ѝ помага колку што може (од чистење до готвење) ама секогаш брзаше да си оди пред зетот да се прибере од работа...
Издолжив многу :D
Валјда муабетот ми е дека ризиците секогаш и секаде ги има. Можеби најбитно (сигурна сум дека е најбитно) да си начисто со себе и да знаеш до кај ти се црвените линии..
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Како бе така заглавила со деца и направила грешка на нејзините најубави години???
Таа на 28 ќе има дете 3 одделение, а на 38 веќе ќе има пријател, што има лошо во тоа?
Подобро е да роди на 35 па на свадбата од детево да мислат дека му е прабаба а не мајка??

Мене ми фати очи ова. Зошто побогу, ги оцрнувате жените и ги правите монструми ако се решат подоцна да родат деца. Или, воопшто да не раѓаат деца?
Тоа е личен избор. Исто како што некоја родила на 18, 19. Според мене, тоа е веќе лошо, затоа што дете чува дете. Ама дали нападнав некој? На кој како му чини, така нека прави.
И до кога со затупавените муабети од типот на стара мајка на родителска, стара мајка на свадбата на своето дете? До кога?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Не треба некое многу оптеретување со годините , меѓутоа доколку девојката има 20 а тој 40 малку треба да се подразмисли како понатаму...ако е за краткорочно никому ништо , а доколку е сериозно веројатно треба да гледате од повеќе аспекти. Инаку доколку врската помеѓу вас е доволно силна и стабилна тогаш можат сите бариери да се надминат. Ваквите врски постар помлад доаѓаат до проблем кога е сериозно и тогаш може да се појави конфликт на интереси. Пред се , секој еден треба да знае во што се впушта и какви се меѓусебните очекувања на партнерите. И годините играат улога, и ставовите, мислењата, целите во животот. На пример ако на дваесет години не ми текнувало да бидам во врска со некој што има дупло од мене години, сега на 26 не гледам таква препрека зошто не би била ако тоа е она што го сакам така да индивидуално е ова прашање и најмногу зависи од менталниот и социјалнисот склоп на поединецот.

И од тајмингот .)
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Мене ми фати очи ова. Зошто побогу, ги оцрнувате жените и ги правите монструми ако се решат подоцна да родат деца. Или, воопшто да не раѓаат деца?
Тоа е личен избор. Исто како што некоја родила на 18, 19. Според мене, тоа е веќе лошо, затоа што дете чува дете. Ама дали нападнав некој? На кој како му чини, така нека прави.
И до кога со затупавените муабети од типот на стара мајка на родителска, стара мајка на свадбата на своето дете? До кога?
Де полека :)
Како што гледам и јас изгледа ќе бидам таква мајка, пошто не се гледам за брзо дека ќе оформам семејство, па што?
По мене е подобро што помлад да си имаш дете, далеку од тоа да осудувам до степен за да ме наречеш затупавена.
И ако е се е личен избор од каде таа твоја храброст да се дрзнеш да решаваш што се отупавени, а што модерни мислења??
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Ставови... ставови...
Мене не ми пречи ако разликата е голема, сведок сум на такви врски па дури и бракови. Можно си сносува една веројатност а тоа е дека едниот партнер ќе отиде од овој свет побрзо во другиот свет од другиот партнер иако тоа не мора да значи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ♠ Таа Сум ♠

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ситуацијата кога една жена на 28 има три деца ја сметаме за заглавување на нејзиниот живот?
Од кога тоа?
Ех Мели, битно е да знаеш два три збора како ирационално, реалистички или перцепција, па да ти се поклонуваат тука и надалеку да се слуша за твојата интелегенција. А тоа што детето го сметаш за грешка нема врска, нели и големите умови грешат : )

А за темава ај уште еднаш ќе кажам.
Кога сакам јас, не размислувам (а кога и сум) дали бил постар или помлад, не па да одам до тој степен да размислувам за години плус во иднина како ќе се одразело тоа. Од кај да знам бе луѓе што ќе се деси, не мора да значи дека ќе бидеме во брак, па тој тогаш ќе имал 50 јас 30.
И да има што...
Башка темава е љубовта и годините, не бракот и годините, а ни најмалку па годините низ годините.
А љубовта не прашува за години ни правила па колку сакаш ти размислувај!
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Мене ми фати очи ова. Зошто побогу, ги оцрнувате жените и ги правите монструми ако се решат подоцна да родат деца. Или, воопшто да не раѓаат деца?
Тоа е личен избор. Исто како што некоја родила на 18, 19. Според мене, тоа е веќе лошо, затоа што дете чува дете. Ама дали нападнав некој? На кој како му чини, така нека прави.
И до кога со затупавените муабети од типот на стара мајка на родителска, стара мајка на свадбата на своето дете? До кога?


Не е оцрнување, некаде до 33-35 е избор, после тоа е сериозен ризик, пред се за идното потомство. На 44 е веќе руски рулет... биологијата е крива :).
Освен ако се остварат дистопичните сценарија од `Храбриот нов свет` на Хаксли, таму немаше раѓање, во инкубатори ги растеа...а рајата се препушташе на тотален хедонизам без никаква одговорност, имаа и совршена дрога која не прави зависност и...... забегав во друга тема.....:)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ситуацијата кога една жена на 28 има три деца ја сметаме за заглавување на нејзиниот живот?
Од кога тоа?


Тоа е интересна ситуација, синдромот `ако немаф деци ќе беф Азаренка сеа, или барем певаљка или бизмисменка`,`ако имам деца нема да го изживеам животот`....а работи во бутик, сендвичара или конфекција :) ...... што и не е изненадување кога во земја со менталитет кој спаѓа во третиот свет, инфраструктура како во пост нуклеарен свет, финансиски можности малку нешто над преживување....луѓето имаат безгранични желби како и било кој жител на САД или Данска....

И кај мажите е присутна таа ситуација, се повеќе.

Иако треба да се има предвид и реалната социјална и економска положба на рајата, знаеме каков е наталитетот...

А за разлика во години....којзнае......не би требало да е некој проблем, нормално ако разликата не е екстремна, на граница на педофилија.
Социјалните разлики, различни цели во животот и карактерна спротивност се далеку поголема опасност за една врска него разлика во години...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Ситуацијата кога една жена на 28 има три деца ја сметаме за заглавување на нејзиниот живот?
Од кога тоа?
за неа сметаме дека заглавила, за друга ако на 38 уште не е омажена и нема деца сметаме нешто друго, за некоја трета шо на 43 се развела, сметаме нешто трето ..... и така за сите, стално нешто сметаме...
и не вервам дека е тоа нешто ново, само со времињата се менуваат и „пресудите“