Првиот ден во средно/на факултет

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
да се навратиме во минатото малку, како беше кога за прв пат седнавме на клупите во средно, и оние кои што се на факултет :)

кај мене беше вака, кога отидов првиот училишен ден во средно, неможев училницата да си ја најдам, па закснев, и кога влегов сите зјапаа во мене :sram седнав до едно девојче, немав никого од основно со мене во ист клас, па бев уште толку разочарана, но ајде помина и тоа :D а во факултетот првиот час ни беше во скопје, каде ни ги даваа индексите, и ни објаснуваа што како ќе биде, па после тоа шетавме, абе убавини :D е тука веќе бев и поопуштена бидејќи имав и колешки кои беа од средно со мене :giggle

сега сте вие на ред ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Еееее јака тема : )
У средњу тија што ме знаесфа од порано знаесфа ме какф сам, али тија непознати ме глеасфа како да сам Елиен најден у Амазонски прашуме. Накитен сс индиско ланче и облечен у зелену гоа хипи мајцу, ја си седна сам најпозади у клупу и одма почна да си збору сс сфите како да ги знам цел живот. Чудесфа се што ли му е на овога чуднога : ) Класна одма ми вика ааа ти си упадљиф некако сс тфоју минѓушку(кумуњарски стаф) и тфое темпераментно понашање, вика ми ке иамо проблеми сс тебе.... а немасмо : )

A у Штип на факултет отиде сс 4 девојчиња и праф фраер сам бија : ))) Двеста дваес пет душе не сместисфа у амфитеатар и едн скопски кошуљаш исцепа ни ги тестиси сс пола саат замарање. После Таки Фити кажа некој збории шибасмо у бифе на кафе
Ништо посебно, досадан прф дн на факултет

Едит (шалу се : )
Текна ми у прву на прф дн, треаше ми пенкало да запишу нешто и тражу од едно девојче и ву викам Милке дај пенкало
И од тк сфи гу викаф Милка, а и мсн ву беше Еми_Милче
Да да Еми се вика а сфи гу викаф Милка, прф дн кум сам биднаја еј : )
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ооооу многу добра тема:)
Првиот ден во средно ми беше ко и првиот ден на факс сличен.
Како и секогаш закаснив на прв час и додека ја најдов училницата поминаа 30 мин.
Влегов внатре таква олд скул,со кратка коса ко Шинед О Конорс,
скејтерки и адидас на нога и застанав пред цел клас обидувајќи се да дадам објаснување зошто задоцнив(нормално ми киднал автобусот)
Потоа погледав каде би можела да седнам.
Единственото слободно место беше позади,во последна клупа измеѓу двајца момци.
Едниот беше уметник,а другиот металец.Посебни момци.
Ја измеѓу.Се исподешаваа многу убави моменти со нас тројца и уште некои луѓе.
Се разбравме уште од одма без зборови и до ден ден имаме контакт и сме си супер другари,се гледаме често.

На факс ми беше слично,само што немав веќе кратка коса туку дооолга :)
Седнав сама на клупа,потоа Ана(една девојка од Готик сцената) ме викна да седам до неа
и нормално сеуште се дружиме редовно.
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
ОО првиот ден средно :)
Најдоброто нешто е да си прва ама уште подобро е да си четврта како јас сега..:) иначе појдов првиот ден незнаев кај терам хахах и едвај ја најдов училницата и влеговме од основно немав никој шо учел со мене буквално никој и ништо не познавав. Седнав до едно дете и си го погодивме муабето па до ден денес се дружиме тоа беше супер чуство. Имаше брукање на некој се издешаваја смешни работи и така. Се здружив и со едно чупе па одевме некој месец и сите ме гибаја вака така супер беше :) после школо отидовме на кафица по широк сокак се прошетавме и така.
Штета што уште една година ми остана од средното никогаш неќам да ја напуштам Долната во срце мие школото (wasntme) Ама океј матуранти сега се е искулирано и лежерно топ се врви и едвај чекам да искусам како е прва година на факс незнам ни шо да очеквам. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mistery :) and Gemini

Mistery :)

Истакнат Член
23 февруари 2013
145
188
143
''Штета што уште една година ми остана од средното никогаш неќам да ја напуштам'' - ми се допадна реченицава. :)
И јас сум сега 4та година всушност незнам калку брзо поминаа овие години , да се навратам на темата.. Првиот ден во средно бев како изгубена птица имав една другарка од основно со мене во клас отидовме двете ама ја изгубив и неа, па сама си стоев додека не ме прошитаа, се шувствував како првооделенец подоцна се запознав со сите и така после со душа чекав да одам на школо. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Прв ден у средно - Lost, ми се плачеше, познавав луѓе ама не се дружев со нив, и таман додека ја барав училницата наидов на другарка ми која не ја примиле на медицина и во меѓувреме се запишала во Гимназија..среќа...ајде дружење ова она....одма симпатии од 4 та година :sreken и така натаму, инаку најдобрата другарка подоцна си ја фатив во трета година кога не делеа по насоки. На факултет од друга страна многу познати и пак малку страв, од тоа што се испити и леле како ќе научам....се сеќавам најмногу на првиот испит кој го учев една недела Економија беше....мислев готово ќе паднам кога 8 ка извадив и од тогаш ми олесни малку...после втора година типичен студент...кога се оди на слушање кога не, и да паднеш не се замараш, ги научивме сите финти, пари за книга зимаш дупло од дома па кафиња па пијанки и така натаму. Убаво во секој случај. Сега најмногу ми фалат студентските денови.
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
''Штета што уште една година ми остана од средното никогаш неќам да ја напуштам'' - ми се допадна реченицава. :)
ич неќам ко ќе ми текни дека треба ми иди да плачам :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mistery :)

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Прв ден средно :) 1ви септември 2005, на Војводинска ББ :)
Беше гужва, сите ученици од училиштето беа прва смена. Беше голема гужва, знам дека од основно бевме тројца кои се запишавме таму, бевме заедно. бевме само во различни класови, зашто се запишавме за различни струки. На разглас побараа учениците од прва година не викнаа во ходникот. Додуша тоа не беше ходник туку салиште :) Не читаа по азбучен ред. Знам дека мојата класна ме прочита прв, зашто на А ми е презимето. Застанав до неа, не прочита цел клас и појдовме во кабинетот по математика. И од прв час решававме задачи. Од прв до последен ден (01/09/2005 - 21/05/2009) решаваме задачи. Интересен ден :)
***
15ти септември 2009 - Војводинска ББ - Прилеп. Бруцош :) Не беше посебен ден, ни го викнаа градоначалникот. Држеше говор. Си заминавме :) позитивно беше што веќе знаев добар дел од колегите :) Од мојот клас :)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Средно скоро ич не памтам, знам дека се запознавме со класната, ни ги прочита имињата и толку беше. Не ми се допаѓаше класот нешто посебно, ама добро, после океј испаднаа.
На факултет не бев на свечениот прием пошто имав дејт договорено и љубав не сме да трпи. :rofl А првото предавање исто не го памтам, ваљда ни кажувале што книги да земеме.
 

bluebell

Истакнат Член
12 јануари 2022
73
23
108
27
На првиот ден на Факултет бев многу збунета. Ми требаше долго време да научам како се распределени училниците. За жал не успеав да стекнам пријателство. Слободното време помеѓу предавањата го поминував сама, читајќи списанија во некоја од библиотеките или учејќи го она што сум го учела од предавањето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra