Преголема искреност

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Дали и ако да, колку може да делува преголемата искреност во една врска?
Исто прашањево важи дали преголемата искреност може да биде цврст темел за почеток на една врска?

Какво е вашето гледиште кога ќе седнете со некој/а, тој/таа да ви се допаѓа но веќе по неколку гледања почнува да ви ги пронаоѓа и истакнува мааните вака јавно во друштво?
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,691
3,871
1,183
Дали и ако да, колку може да делува преголемата искреност во една врска?
Исто прашањево важи дали преголемата искреност може да биде цврст темел за почеток на една врска?

Какво е вашето гледиште кога ќе седнете со некој/а, тој/таа да ви се допаѓа но веќе по неколку гледања почнува да ви ги пронаоѓа и истакнува мааните вака јавно во друштво?

Мислам дека немора толкава огромна искреност да се има за почеток на една врска, иако би сакал да е искрена со мене во секоја гледна точка, но сепак не и јас да претерувам со прашањата и цело време да барам да биде искрена за се и сешто. Премногу е да прашувам за работи кои не се премногу важни.

Ова последново .. би и бил малку лут доколку кажува пред друштво .. независно дали пред мое или нејзино, и независно дали моето друштво ги знае тие маани или не. Што има да каже, нека каже кога ќе бидеме сами, затоа што мислам дека е безвеза да зборуваш за тоа пред сите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Незнам што сметаме за претерано.
Тоа е релативна работа.
Сметам дека треба са се пристапи искрено,без разлика која ке е цената на сето тоа.
Некои работи треба да бидат умерени и не убрзани,но се разбира дека треба да се искрени.
Макар и не успеало,бар ке нема са постои каење зошто не сме пристапиле искрено и природно.
Но за некого искреноста е над природна,така да...
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Таквиот вид на искреност мора да се заслужи исто како и меѓусебната доверба. Кога мислам на еден начин на искреност, мислам на емоционална искреност, способноста да се сподели истата, како и моменталната состојба во која се наоѓаме, а не онаа од типот, да се каже колку пати кивнав денес и дека другарка ми има зелени чорапи. Реално, сите сакаме и очекуваме што поголема искреност, а што помалку ја даваме. Ќе тргнам од фактот дека премногу тешко искажувам чувства воопшто, а особено не на некого, и би било крајно себично и безобразно да очекувам некој да го направи тоа во ете ,,поголеми" размери од мене уште на почеток. Искреноста е најцврст темел на една врска. Искреност кога знаеш какви се навистина стојат работите кај другата личност, во разговор што се прави само во четири очи. Е таквата искреност го унишува сомнежот. Кога некој ќе ми ја раскаже својата приказна искрено и отворено, сите различни верзии на таа приказна се небитни. Морам да го спомнам ризикот од тоа да бидеме измамени. Дали таа искреност е вистинска? Дали искреноста ја отсликува вистината?
Исто и одењето до краен екстрем што го спомнав погоре, до фузија на две личности во една.

Истакнувањето на маните е чиста подлост на самиот човек. Зошто да ја срушам довербата на некој што земал храброст и ми кажал искрено некои свои слабости? Без разлика дали станува за врска или воопшто, за сосема непознат странец.
Вистинската искреност, на жалост, е ендемски вид во изумирање.. Зошто е тоа така, е веќе друга тема.
 

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
32
Pax Terra
Дури претерано искрен, дали било партнер, другар кон оние што ми се блиски. Поради тоа сум изгорел многу пати, но никогаш не сум се ставал на страната дека сум крив бидејки кога тогаш мојата искреност ке ја свати дека била добронамерна и во никој случај лоша. Околу тоа сум премногу трпелив, и после неколку месеци некои сваќале дека сум бил во право и ми се извинувале но ми било јасно дека се луге кои никогаш не ја прифакаат реалноста и не се навикнати на искреност бидејки што се веле и не постои.
И никогаш не се откажувам, дека помегу партнер другар искреноста е премногу важна.
 

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
Искреноста е еден од основните темели за градење на успешна врска, но преголема искреност особено на
почеток не е очекувана и може да делува несериозно. Сепак постојат работи кои не мора да ги споделуваме
со другиот/а се додека не се оствари доверба, па дури ни тогаш. Истакнувањето на маните не го поддржувам
ни на почеток на врска, ни во понатамошните фази, партнерот е оној што треба да поддржува и да го истакнува она
доброто, критиките се за во четири очи и никако не се камен со кој треба да го чукаш по глава другиот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Искреноста секако е биден фактор во една врска. Ако сакаме врскате да успеј мораме да бидиме искрени. Лично во врска јас сум доста искраен и не би ми менвал иако во денешно време тешко кој е искраен. Треба да се разбери партнерот/та да се сослуша и без разлика на се да му се даден искраен одговор. После довербата искреноста можеби е втора главна особина.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Тотална искреност? Тоа би значело брз крај.... `Бејб, нешто здебелена си последно време`......`знаеш.... другарка ти има ненормални цицки, уффф бла бла....`, `зошто такви кисели фаци, само сум целосно искрен со тебе драга`.... ма немој...:D
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
:rolleyes:Не баш толку голема искреност но уште од почетокот на мојата врска му ги покажав моите маани да знае каква сум а не да замислува кој знае која сум и после да се разочара,а исто и тој ми ги покажа неговите маани кои јас секако ги прифатив бидејќи пред се беше искрен со мене.Значи потребна е искреност во една врска до одредена мера па дури и на почетокот па така секој си знае меѓу себе кој е навистина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Искреноста секако е биден фактор во една врска. Ако сакаме врскате да успеј мораме да бидиме искрени. Лично во врска јас сум доста искраен и не би ми менвал иако во денешно време тешко кој е искраен. Треба да се разбери партнерот/та да се сослуша и без разлика на се да му се даден искраен одговор. После довербата искреноста можеби е втора главна особина.

Довербата и искреноста се зависни една од друга.
Неможеш да ги делиш.Едното без другото не може.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic and Kisserboy