Таквиот вид на искреност мора да се заслужи исто како и меѓусебната доверба. Кога мислам на еден начин на искреност, мислам на емоционална искреност, способноста да се сподели истата, како и моменталната состојба во која се наоѓаме, а не онаа од типот, да се каже колку пати кивнав денес и дека другарка ми има зелени чорапи. Реално, сите сакаме и очекуваме што поголема искреност, а што помалку ја даваме. Ќе тргнам од фактот дека премногу тешко искажувам чувства воопшто, а особено не на некого, и би било крајно себично и безобразно да очекувам некој да го направи тоа во ете ,,поголеми" размери од мене уште на почеток. Искреноста е најцврст темел на една врска. Искреност кога знаеш какви се навистина стојат работите кај другата личност, во разговор што се прави само во четири очи. Е таквата искреност го унишува сомнежот. Кога некој ќе ми ја раскаже својата приказна искрено и отворено, сите различни верзии на таа приказна се небитни. Морам да го спомнам ризикот од тоа да бидеме измамени. Дали таа искреност е вистинска? Дали искреноста ја отсликува вистината?
Исто и одењето до краен екстрем што го спомнав погоре, до фузија на две личности во една.
Истакнувањето на маните е чиста подлост на самиот човек. Зошто да ја срушам довербата на некој што земал храброст и ми кажал искрено некои свои слабости? Без разлика дали станува за врска или воопшто, за сосема непознат странец.
Вистинската искреност, на жалост, е ендемски вид во изумирање.. Зошто е тоа така, е веќе друга тема.