Напомена:
За да се задржи дискусијата на темата, пожелно е тука да го искажете сопственото мислење околу Таоизмот.
За Таоистички поговорки/мудрости/цитати, клик тука.
_____________________
Тао или Патот е само општоприфатен опис за нештото кое е најдобро да се нарече Безимено. За него неможе да се каже ништо што не би му ја стеснило полнотијата. Да се каже дека постои би значело да се исклучи она коешто не постои - оти првобитниот, најсвојствениот квалитет на Тао е празнината. Да се каже дека не постои би значело да се исклучи целокупноста која проникнува од Тао. Треба да се сопрат дуалистичките категории. Зборовите ограничуваат. Тао е безгранично! Тоа е таи-сју (Виша празнина), лишено од секакви карактеристики, постои и суштествува само од себе, неделиво, не може да се претстави во својата сеопфатност и наспроти тоа се содржи и во најмалото семе со целата своја полнина. Тоа е исто така таи-џи (Врховниот предел, Вишото последно, творечката енергија на Вселената), како и таи-и (Вишото Едно) зошто немаат крај неговите преобразби и промени. Од ограниченото гледиште на човекот, тоа е и тијен (небото), изворот на достоинството и предокот. Мајка е на небото и на Земјата, без чијашто храна ништо не би можело да постои.
За таоистот ништо не е одделено од Тао. Тоа е, како што ја нарекува Лао Це, една вечна тајна.
“Светот има почеток, тоа е мајката на светот. Оној што ќе ја открие мајката за да и ги спознае синовите, којшто ги познава нејзините синови и се обраќа кон мајката , тој нема да западне во опасност целиот свој живот“. Или со други зборови, светот на формите не може да биде разбран, пред да се спознае ништото; исто толку е невозможно да се проникне во празнината, без да биде разбран светот на формите. Тоа се двата аспекта на Едното.
Да го познаваш дејствувањето на природата и да осознаеш каква е врската на човечката активност кон него - тоа е целта. Знаењата за функционирањето на природата ги дава самата природа, а знаењата за (сообразните на природата) човечки активности се добиваат преку тоа што го познаваш запознаеното и со благодарност се насладуваш на она што е недостапно на спознанието. Да се завршат годините на животот, а да не се умре од превремена смрт среде патот: тоа е целокупноста на спознанието.
Тао може да се карактеризира преку три поими: џоу или сепроникнувачкото, пиен или сеопфатното, и сиен или насекаде и се. Тоа сепроникнувачко, сеопфатно Тао се опишува подетално во следниве редови на Лао Це:
Како што го достигна Едното, небото стана јасно.
Како што го достигна Едното, земјата стана тврда.
Како што го достигна Едното, божествата станаа моќни.
Како што го достигна Едното, долините се наполнија.
Како што го достигна Едното, нештата заживеаја и започнаа да растат.
Тоа Едно, поседувано од небото, Земјата, божествата и сите нешта, е истото Едно: Тао. Со други зборови, Тао ги пронижува и ги опфаќа сите.
Тао како мајка на светот, сепроникнувачко и сеопфатно, неизменето и непрестајно, се опфаќа од Џуанџи како Тадун или големото взаемно проникнување. Светот на великото проникнување е лишен од секакви квалитети и противречности. Тој е затворен, заштитен од секакво мешање на секој интелектуален процес. Во тој свет нема ниту простор, ниту време, тој е бескраен. Џуанџи го опишува на следниов начин: “Битието не суштествува на точно востановено место. Протекувањето нема времетраење. Битие без определено место е пространство. Протекување без времетраење е време. Има раѓање, има смрт, има појава, има задлабочување. Она преку кое влегуваме и излегуваме, без да обрнуваме внимание на неговата форма е вратата кон небесното. Вратата кон небесното е ништото. Сите нешта доаѓаат од ништото.“ Светот на ништото е совршено слободен од ограничувања и разграничувања. Во тој случај ништото е Едното без спротивставеност, т.е. единството на сите нешта. Се нарекува Тао, или Великото.
Јин и јанг
Векови пред Лао Це, луѓето веќе го осознале дејствувањето на Тао преку взаемното дејство на јин и јанг - првото негативно, пасивно, женско; а второто - позитивно, активно, машко. Во врска со тоа Лао Це вели: “Тао го раѓа Едното. Едното раѓа Две. Две раѓа Три. Три ги раѓа сите нешта. Сите нешта на плеќите го носат темното (јин) и се стремат кон светлото (јанг) и движечката сила им ја дава хармонијата“. Тоа може да се толкува на следниот начин: Тао ја раѓа возможноста на сите форми, тоа е Едното; активниот принцип на Едното е јанг, пасивниот јин - тоа се двете, а нивното соединување раѓа Три, “Трите сокровишта“, кое пак следствено ги раѓа сите десет илјади нешта во Вселената. Секое одделно е исполнето со целоста на Едното, на највисокото ниво нема “јас“ и “ти“, нема “тоа“ и “она“, напротив, на нивото на релативната вистина, има безброј привидно одделени еден од друг објекти. Едното може да им припаѓа истовремено на две појмовни рамништа - апсолутната и релативната - во еднинска и во множинска форма.

Тао е непоимливо, широко и вечно. Како нераспознаена празнина, како чист дух, тоа е мајка на Вселената; како не-празнина е сеопфатното, заштитничкото, и во извесна смисла го олицетворува битието на Десетте илјади нешта - тоа е сепроникнувачко. Како цел на постоењето е патот на небото, на земјата и на човекот. Тоа нема битие, но е праизвор на секое битие. Без сознание за активност, без цел и без намера, без да се стреми кон одмазда и пофалба, тоа ги исполнува сите нешта со совршенство.
Најдобрата работа е да му ги препуштиш нештата на Тао, без да се мешаш во неговиот природен од; зошто така учи Лао Це: “Најмекото на земјата го надминува најтврдото на земјата. Бестелесното проникнува во она што нема меѓупростор. По тоа се познава вредноста на недејствувањето. Само малкумина на земјата ја постигнуваат вредноста на недејствувањето, поучувањето без зборови“.

Последна промена од модератор: