Лилит, Адам и Ева

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Забележувам дека од таква книга читаш - сам си коваш завери. Тоа е подобро отколку туѓи мисли да слушаш за други книги кои ги сметаат за завери... :)
Воопшто не се крие Лилит!
Ева е таа замаскираната и деградираната од простачкото толкување и проповедање од страна на неуки кукавици кои се плашат од жената и нејзината моќ!

На крајот ќе испадне Лилит е Ева додека спие мажот мислејќи дека жена му е само домаќинка! :D
Нели ? ;)

P.S. Ако не сте знаеле - Лилит доаѓа од еврејскиот фолклор - поточно езотериска страна на еврејските закони. Така да секое бладање - философско - во врска со неа е само глупирање и бегање од реалноста за атрибуциите на тој „демон“ кој што како што реков, потекнува од евреите. (sun)
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Забележувам дека од таква книга читаш - сам си коваш завери. Тоа е подобро отколку туѓи мисли да слушаш за други книги кои ги сметаат за завери... :)
Воопшто не се крие Лилит!
Да,ќе се самовоскреснам од заседа!(facepalm)
Ева е таа замаскираната и деградираната од простачкото толкување и проповедање од страна на неуки кукавици кои се плашат од жената и нејзината моќ!

На крајот ќе испадне Лилит е Ева додека спие мажот мислејќи дека жена му е само домаќинка! :D
Нели ? ;)

P.S. Ако не сте знаеле - Лилит доаѓа од еврејскиот фолклор - поточно езотериска страна на еврејските закони. Така да секое бладање - философско - во врска со неа е само глупирање и бегање од реалноста за атрибуциите на тој „демон“ кој што како што реков, потекнува од евреите. (sun)

Треба да се има на ум,дека поимовите кој се дадени ,а се однесуваат на духовно гледање се во споредбен контест.
Така и поимот за Лилит не случајно и е даден женски карактер,преставена како прва жена на Адам.
А све што е духовно преставено,не умира само оној што на тоа гледа може преку своето искажување да им ги менува улогите-споредбено.

Ангел или демон,Лилит,Ева,Марија и многу други,мајки се,а децата не ги одбираат своите мајки,туку мајките нив ги раѓаат.
Нема волја, нема избор!
;)
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
И пак за Лилит (а всушност се дрдори за жената насекаде)! Не очекувајте христијанските мистици отворено да ја бранат жената и нејзиното место ДО мажот, не зад него!
Влезот на Храмот стои секогаш на два столба! Ако едниот е наназад, што ќе добиеме?Секогаш отворено ќе се вели Марија пречиста е примерот, задскриено ќе се зборува за жената дека треба да е како Ева, а всушност тајните езотериски кругови секогаш ќе ја водат жената да биде како Лилит! Самостојна, божествена, к***а, мајка - како и е волја!
Марија, Ева, Лилит е концепт на троделната божица на пример кај Грците! Видете ги „Грчки митови“ од Грејвс, ја има во Табернакул!

LYLYTh или Ламед Јуд Ламед Јуд Тав е ФОРМУЛА! 480 е бројот на таа Жена! Ако сакате и потаинствен број: LVII ! Седнете малку гематрија! Малку еврејски пракси - онака напразно муабетиме и философираме - ништо не е точно!

За да одгатнеш за Лилит, ќе се свртиш кон еврејските текстови, не вакви сказни кој што бирал и како!
Да ти објаснувам за петте делови на душата според евреите? Ајде најдобро сами да си истражите, да не ви мудрувам.. ќе треба да ви прераскажувам и се ќе испадне сказна! :)
Не е паметно да се зборува за работи кои не се знаат... седнете и учете од оригиналните извори за Лилит! Не зборувајте туѓинци што раскажуваат и толкуваат како ќе им текне без да имаат увид барем малку во основите на еврејската традиција! Не бидете такви!

И за да научиш за буквите, барем малку од малку како профан, види тука за нивното значење (не е апсолутно, постојат други малку попрактични значења)! Можеби ќе ти се поклопи нешто и да ти е не толку споредбено. И можеби LYLYTh не е жена на ADM ; што ако го разделиш DM или дам значи КРВ! Алеф е голема тајна која не се раскажува... :)

Така да твоето споредбено и контекст зависи од знаењето кое ти е дадено да го имаш!
И Шекина е женски принцип! Некои велат и поеќе од Богот кој го преставува бидејќи без Шекина, не постои божествена присутност, нема да постои богот, ќе биде загубен!

И така, тоа имам за Лилит, за понатаму ќе треба и јас да раскажувам философски сказни и да измислувам философии :)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Дечки, ве молам држете се до темата.
Секој оф топик е избришан, некои со добра содржина се модифицирани, а секое понатамошно скршнување ќе биде казнето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Umpuranche

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Воопшто не рекламирам тука никаква група, ако мислеше на О.Т.О. !
Ниту пак зборував за Телема! Зборував за ЛИЛИТ која е еврејски концепт! И треба да ги читаш евреите, не некои забеготини!

Зборувам за Лилит, за која ти гледам не кажуваш ништо, туку си зборуваш онака познати сказни од интернетот, а на другите им велиш да бришат и да пишуваат оригинални свои размисли. Подобро да бришеш ти што си прочитал од нетот, а не за други да велиш што да бришат и зошто - работи што ги прочитале од свети книги за свети работи за кои многумина не се ни заморуваат!

Лесно е да се зборува за другите што да прават - молчи и си и прави си тоа што мислиш дека треба другите да го прават!
Реков, кажав за Лилит, и Ева и Марија (која не ми се допаѓа како концепт на жена) - ако имаш што да кажеш поеќе или да ме негираш повели - а бајачки и сказни да ми раскажуваш - или да ми велиш да бришам не знам што - не бидува...

П.С. Бидејќи гледам ти сметаат пророците и не си запознаен со нивните дела, да те потсетам: Сите зборови се свети и сите пророци вистинити; освен што тие разбираат малку;
(facepalm)
Јас кажав што имав да кажам,описот за Лилит е фантастичен,штета што децата ги јаде,а со тоа и нивното богато знаење кое го стекнале со учење за жал ќе го снема.
Утре Лилит ќе биде нечии друг комцепт и фолкрор.
Ако неможеш да го надминеш поимот време и све што тој содржи во себе,ќе си останете деца со книгите во рака цел живот учејќи за нечии концепт и фолкрор.:zelen
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ах, почнаа њу ејџери нововерци да проповедаат за нови концепти :)
Кој концепт на Лилит е фантастичен? :)
Фантастичен? Што има Лилит со фантастиката? :nerd

Последен пат: ЛИЛИТ е формула. Еврејски концепт кој што оди со евејскиот езотериски систем.
Ако не ти чини тоа, оти муабети со евреи кои ги разбираат работите - не мора да се натегаш со мене.
Верувај како ЛИлит е ова или она - секогаш ќе се појави некој и ќе ти го каже ова што јас ти го велам. А ти ќе умреш со ставот како ЛИлит е фантастична. И ни трошка искуство со формулата дадена преку нејзиното име и атрибуции! :)
Реков, види ги грчките мистерии и ритуали врзани со триделната божица! Може и Египет... Тие работи не се изменети со еони, само се тајни, далеку од очите, далеку од срцето на мнозинството кое нема интерес!

Не може да собираш туѓи работи и да ги толкуваш како ќе ти текне во умот!
Така еднаш направија христијаните!
И нормално во својот гнев ги обвинија евреите, за да се уништи изворот, вистината!

Не така :)
Нечие верување дека Лилит ги јаде децата ти го преставуваш како вистина. Тоа е верување на еврејската жена или како што денес ги плашиме децата со Баба Рога :D
Ќе ми кажеш за 1000 години како Лилит ќе стане Баба Рога? :D
Ма ајде.
Лилит е магиска-кабалистичка формула со голем потенцијал! Ти дадов линк, ти дадов гематриска вредност - седни работи за да добиеш свои размисли - не да велиш бриши ова бриши она.
Се што не разбираш или те мрзи да го сработиш треба да не постои за тебе? :D

Читај ги пророците момак :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Според некои тврдења, Лилит физички потсетува на емо/гот тинејџерка која користи многу пудра, слабо се храни, ја бои косата во црвено, хигиената не и е најјака страна, швајцова по 3 кутии цигари на ден, има груб глас и манири, знае да испие малку повеќе и љубовно-емоционалниот живот и е скромен.

Lilith___The_face_of_the_Sin_by_eclipsy.jpg


Подоцна се запишува на факс или работи во трафика.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Ах, почнаа њу ејџери нововерци да проповедаат за нови концепти :)
Кој концепт на Лилит е фантастичен? :)
Фантастичен? Што има Лилит со фантастиката? :nerd

Последен пат: ЛИЛИТ е формула. Еврејски концепт кој што оди со евејскиот езотериски систем.
Ако не ти чини тоа, оти муабети со евреи кои ги разбираат работите - не мора да се натегаш со мене.
Верувај како ЛИлит е ова или она - секогаш ќе се појави некој и ќе ти го каже ова што јас ти го велам. А ти ќе умреш со ставот како ЛИлит е фантастична. И ни трошка искуство со формулата дадена преку нејзиното име и атрибуции! :)
Реков, види ги грчките мистерии и ритуали врзани со триделната божица! Може и Египет... Тие работи не се изменети со еони, само се тајни, далеку од очите, далеку од срцето на мнозинството кое нема интерес!

Не може да собираш туѓи работи и да ги толкуваш како ќе ти текне во умот!
Така еднаш направија христијаните!
И нормално во својот гнев ги обвинија евреите, за да се уништи изворот, вистината!

Не така :)
Нечие верување дека Лилит ги јаде децата ти го преставуваш како вистина. Тоа е верување на еврејската жена или како што денес ги плашиме децата со Баба Рога :D
Ќе ми кажеш за 1000 години како Лилит ќе стане Баба Рога? :D
Ма ајде.
Лилит е магиска-кабалистичка формула со голем потенцијал! Ти дадов линк, ти дадов гематриска вредност - седни работи за да добиеш свои размисли - не да велиш бриши ова бриши она.
Се што не разбираш или те мрзи да го сработиш треба да не постои за тебе? :D

Читај ги пророците момак :)

Хептаграм,
Јас дадов монгу едноставен пример за духовно гледање,користејќи општи човекови доживувања,кој одат од една крајност во друга крајност,ако притоа требаше да дадам име за целосно да го скријам поимот време ќе беше добро осмислена кабалистичка формула.А тоа е ништо друго освен слика сокриена во збор,јасна само за оној кој би имал познавање од истото,а за сите останати ќе биде застрашувачка приказна кој нема да даде јасен одговор што или кој се крие позади истата.


Све е толку едноставно,за жал оние кој ги составувале приказните добро осмислиле како тоа да го направат сложено,за да оние кој трагаат по некакво знаење-богатство ги внесат во лавиринтот од празнината каде ѕид им е спствениот ум.
Продолжи да си читаш и бараш,на крајот сепак ќе бидеш изеден.:zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Ниту барам ниту ќе бидам изеден ниту пак умот ми е препрека кон спознанието.
Полека со предрасудите во врска со Хептаграм :)
Знам дека ти е убаво така да веруваш дека е, но верувањето не води кон спознание. Знаењето, разбирањето и праксата води кон Мудрост или Хокма ;) Местото на... знаеш кој нели? ВИДИ НА НЕТ!

Духовно гледање? Ха, мене ме лажеш сега или си даваш некаквко значење на себе си, самиот? :)
Да сокриеш нешто и ќе беше добра кабалистичка формула? Бреј, што ли ќе биде следно. Едвај чекам, за човек кој што брише и не чита еврејска литература и не запознаен со еврејскиот мистицизам ќе гради кабалистички формули а не ги знае ни оние што веќе се заковани со еони за човекот?

Може да го плеткаш јазикот колку сакаш се додека 480 не е променет во нешто безвредно и далечно - се е ок.
Може да бидеш кој сакаш за себе си и да си даваш важност - се додека не покажеш знаење за еврејските пракси и езотерија - не можам да ти го сметам зборувањето за ЛИлит, ева и марија за валидно. Ќе биде уште едно од многуте нови толкувања кои немаат валидна и практична примена. Куп сказни за преплашување јадни души...

Лилит ќе ти го откине најмилото еден ден ако не ја најдеш пропорцијата на нејзината форма и практична примена!
Тоа е клетвата, а успехот... е ќе мора да успееш за да знаеш! ЗА Лилит се знае само лошото бидејќи многу поголем е бројот на оние што ништо не направиле во врска со нејзината формула, ами се врзале само за Марија како последната форма на божественото од старо-еонските пракси!
За новиот еон рекоа: Марија да биде распната на тркала! Други пак ја величат до врвот, до самото божествено, на местото на Бина, Разбирање!

Биди ми поздравен, не мислам дека сме на иста фреквенција за да се надополниме. Некое друго време и просто, ќе биде - нели? :)
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Ја знам приказнава, Лилит во многу верувања се смета за'' лошата'' страна на жената. Мене едно прашање ме интересира,на Адам му ја дале Ева а на Лилит маж камо?? .)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI