Лилит, Адам и Ева

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ќе ви ја раскажам приказната која неодамна ја прочитав и на некој начин ме изнасмеа,а на друг начин и ме замисли..
Некоја стара легенда раскажува дека,не Ева била првата жена на светот него Лилит.
Денеска е Лилит слика на една силна независна од другите жена,жена со свое јас,која на никого не сум се потчинува...Познавам многу жени кои се како Лилит,меѓутоа не сум сигурна која улога треба да ја игра жената на 21 век..

Првиот ден ја создаде Бог свелината.
Вториот ден го создаде небото.
На третиот ден ја формираше земјата,океаните и билките.
На четвртиот ден ги создаде сонцето,месечината и ѕвездите.
На петиот жителите на небото и и на морето.
На шестиот ден го направи човекот..
Ги створи мажот и жената..ги створи по својот налик..
И тука беа,мажот и жената во рајот кој Бог го креираше за нив..
Луѓето веруваат дека тоа биле Адам и Ева,но постојат легенди и стари записи кои раскажуваат дека една друга жена била тука пред Ева..
Ева е створена од реброто на Адам..
Која е таа жена на страната на Адам,која била на ист начин моделирана како и Адам?
Нејзиното име било Лилит,така кажуваат старите легенди.
Суштество кое е самостојно,и е на истото ниво како и мажот,без никаква намера да му служи и биде испод него...
Во Зоар,едно од најпознатите дела од 13 век,пишува дека дошло до расправии измеѓу Адам и Лилит
околу раѓањето на деца и кој треба да се грижи за нив.
Адам мислел дека тоа е обавеза која Лилит треба да ја превземе таа напротив немала никаква намера да му се подчини на неговото мислење,ребел..
Нивната расправија го налутила Бог и најпосле тој ја прогонил од рајот и ја пратил да живее во некоја пештера на Црвеното море сокриена,до крајот на своето постоење.
Бог стоел пред тешка задача,морал да најде друга жена за Адам.
Една жена која нема да прави проблеми од таа врста,една жена која во прва линија нема да ја гледа нејзината самосталност и нејзините права,туку ќе му се подчини потполно на мажот и неговите потреби.
Така,Бог го заспа Адам во длабок сон,му извадил едно ребро и кога се разбудил бил поздравен од својата нова невеста Ева.
Адам се израдувал и бил пресреќен.
Ева била мила,послушна и тивка..сосема различна од Лилит која била ребел,непослушна и секогаш спремна за расправии..
Крајот на приказната останува ист..
До денес веруваат психолозите дека гените од првата жена се пренесени во нашите гени,и многу од нас жените имаат проблеми да се потчинат пред мажот,да се занемерат себеси и да се тука само за потребите на машкиот пол..
Прашањето е што ќе се случеше ако Лилит останеше во рајот на страната на Адам?
Какви ќе беа денешните жени??
Дали сме ние жените повеќе Лилит или Ева,или можеби со текот на времето сме воспоставиле еден нормален баланс измеѓу двете?
И мажите, дали би можеле да издржат со една партнерка на својата страна која е како Лилит??
170px-Lilith_(John_Collier_painting).jpg
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
,,Нивната расправија го налутила Бог и најпосле тој ја прогонил од рајот" - Абе ајде лол...

Без разлика дали е Лилит или Ева жената е родена да е рамноправна... И ако е способна да роди дете не ја прави потчинета напротив - спротивното.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Да го носат жените генот единствено од Ева, значи сите ќе беа мили, послушни и тивки. А Адам и Лилит имале деца, што значи генот на ребел е пренесен на нас. Тоа значи, исто како да останала Лилит на страната на Адам, така што денешните жени се еднакви на тогашните. Освен ако и тие деца биле избркани заедно со Лилит и врската на пренесување била прекината.

Either way, станува збор за индивидуалност. Некои се повеќе Ева, некои се повеќе Лилит, некои пак воспоставиле нормален баланс измеѓу двете. Така што, некои мажи издржуваат и со Лилит.

Во основа, никој не сака да се потчини на туѓо мислење доколку не го дели истото, и да направи нешто што не сака, без разлика за кој пол и сооднос станува збор. Сакале или не, некои жени лесно се покоруваат, од разно разни причини (страв, мрза, негрижа, итн итн).

А од каде правото на мажот да врши одлуки, па со тоа, доколку жената не ги послуша истите, испаѓа дека е непослушна?

Што и да е, компромис е решението.

Интересна приказна. :)
 

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Да го носат жените генот единствено од Ева, значи сите ќе беа мили, послушни и тивки. А Адам и Лилит имале деца, што значи генот на ребел е пренесен на нас. Тоа значи, исто како да останала Лилит на страната на Адам, така што денешните жени се еднакви на тогашните. Освен ако и тие деца биле избркани заедно со Лилит и врската на пренесување била прекината.

Either way, станува збор за индивидуалност. Некои се повеќе Ева, некои се повеќе Лилит, некои пак воспоставиле нормален баланс измеѓу двете. Така што, некои мажи издржуваат и со Лилит.

Во основа, никој не сака да се потчини на туѓо мислење доколку не го дели истото, и да направи нешто што не сака, без разлика за кој пол и сооднос станува збор. Сакале или не, некои жени лесно се покоруваат, од разно разни причини (страв, мрза, негрижа, итн итн).

А од каде правото на мажот да врши одлуки, па со тоа, доколку жената не ги послуша истите, испаѓа дека е непослушна?

Што и да е, компромис е решението.

Интересна приказна. :)
Сум слушнал (прочитал) негде за оваа господична Лилит (секси име нема збор :*) и башка имам глеано некој филм со истоимената господична во која она всушност е дел од „проколнатите“ то ест демоните тојест вампирите и типката што ја глумеше Лилит беше многу јака човечеее ептен мука ми падна шо женската не напраила ниеден порно филмчиќ али јебига јас издркав на филмот како и да е, него ова е више офтопик, сакам да кажам дека ова со Лилит финтата е дека наследниците нејзини у сушнос жените се што би се рекло модерни жени рецимо бунтовнички, и жени у стилу Секс ен д сити, а ови наследничкиве на Евчето се милни женички послушни и покорни и бла бла, што и у стварноста обично постојат стандардно ови два типа на жени (од кои типови се издвојуваат повеќе подтипови) но меџутим мислим дека оваа прича е нецелосна бидејќи од другата страна тојест пол исто постојат два типа, едниот Адам, грижлив маж, послушен, примерен, прибран, папучар и други атрибути на буквата П кои го прават идеален сопатник на неговата пишана и судбоносна Ева, но постои и друг тип кој би и бил идеален сопатник на Лилит, а тој нигде не е спомнат, е тоа ми е мене муабетот, кај е тој типац бе? Мора да го има и него неде, сличен на Лилит, бунтовник, женкар, мадерфакер и слично. Тапа е Лилето да биде сама, мора да има и за неа фраер на нивоу. А пошто него го нема во ниедни записи, дали Бог уствари во правењето напраил некој превид и уствари ги создал луѓето така што на мажот му остава повеќе простор и избор (му создал две битија од спротивен пол) тојест со други зборови му рекол „Синко брат еве ти бе не едно туку две жени чоече уживај си“ што и до некаде се поклопува со една религија (ислам) која најблиску се поклокупа со христијанството и јудаизмот, во која Бог на мажот му дава право на повеќе жени?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Па зарем не е Адам,прототип,се во едно???мислам дека бил перфектен во секој поглед,..
Очекувањето Лилит да му се подчини и да ги превземе женските обавези, значи не бил папучар,бар ја така ја разбирам работава,повеќе ми звучи тоа на паша..Жено ај дај ова,дај она....:banghead
Пишуваше уште дека пател долго време потоа за Лилит,никогаш не ја заборавил,но не верувам дека ја барал..
Ева му била пре пре послушна;)
Мислам дека многумина од машкиот пол посакуваат и некоја дивост и спонтаност во жените.
Дека ако се нон стоп ангели ќе им бидат и досадни,и на тој начин ги искористуваат..и жените или некои од нив патат..
Еееее патат затоа што ја нема Лилит во нив да го изразат своето мислење и да се спротивстават..
Им се допаѓа кога жените знаат да донесат одлука сами,кога ја искажуваат својата еротска моќ и не размислуваат на тема,
што ќе помисли маж ми за мене..
ако незнаеш да го направиш најдоброто од себе и се трудиш да бидеш Ева во секоја ситуација,нема да помине долго сопругот ќе си ја бара Лилит на друго место..
Мислам дека се треба да биде избалансирано,добра порција Лилит и добра порција Ева во секоја од нас..
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
А мене друго ме интересира. Господовата сезнајност ме интересира. Како тоа не можел да предвиди дека нема да се слагаат со Адам?

Ма не, сигурно му здосадило од Ева (мирна и послушна :giggle), па сакал малку забава :)
Не, навистина и ја се прашував тоа, баш кога го читав. Нели Господ е совршен, семоќен, се може, се знае?! Тогаш ни на Рајот, ни овде, ни било дека не би имало секакви неправилности..
Да не одеме оффтопик, сепак смешна приказна, бар ја ја сфаќам повеќе метафорично, не е лоша за прочитување. :)
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
А мене друго ме интересира. Господовата сезнајност ме интересира. Како тоа не можел да предвиди дека нема да се слагаат со Адам?
Добро прашање,можеби и требало така да биде како што се случило,или можеби го направил тоа со некој друг план..
Којзнае:)
Иначе Лилит се представува и како демон..
Можеби е Лилит и змијата..
Илјада можеби,а можеби и нема врска приказнава,може е измислена на некоја вечер кога некоја мајка која живеела во 13 век(од тогаш постојат легенди и записи за оваа приказна) немала повеќе приказни за добра ноќ во џепотда му раскажува на своето дете пред спиење,па направила своја верзија од приказната за Адам и Ева..
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Интересен текст за Лилит ( לילית ) има овде, а ако ве интересира прочитајте и за Шекина во еврејските списи, можеби ќе најдете добра компарација со Лилит кај Евреите.

Мислам дека Лилит доаѓа од прастари извори, таму некаде отаде Тигар и Еуфрат... само таков вид на луѓе може да создадат богови и демони од вакви размери како Лилит или Тиамат кои ќе го заобиколат светот повеќепати низ историјата на човековата историја.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena