Во една од темиве низ форумов, наидов на мислења и двоумења околу прашањето „Што е тоа секта?“, па ја отворам темава со цел поопширно да се запознаеме со овој поим.
(преземено ми е од сопствено мислење од друг форум, да не дојде до забуни)
По некоја народска логика и размислување, при самото спомнување на поимот „секта“, се добива слика за нешто сатанистичко, ужасно и штетно за човекот и Богољубието.
Но, секта не е по дифолт сатанистичка суб-групација која има за цел да создава хаос, жртвува луѓе и животни, а потоа да ја пие нивната крв. Првенствено, најголемиот број секти се со религиска позадина (captain obvious) и се темелат на Библијата, но поради сфаќањата во одредена околина, зафатиле некоја девијација и вметнале некоја филозофска основа, па од таа нивна „непокорност кон единствените Божји правила“, се отфрлени од црквата.
Всушност, самиот збор sectа значи „следење“, нешто што е својствено за сите религии.
Секако, постојат и оние „поопасни“ т.е. помрачни секти од горенаведените, но (посебно) за нив се знаат многу малку информации, со оглед на тоа што обично истите се организираат и дејствуваат тајно.
Какво влијание имаат овие движења врз народот? Што би можело да натера еден човек да се сврти кон ваква организација? Желба? Пронаоѓање себеси во идеологијата? Притисок? Безизлезен очај?
Колку сте вие запознаени со сектите и нивните обичаи?
Дали познавате некои кои се застапени во Македонија? Ако да, кои?
Доколку се развие пообемна дискусија околу некоја специфично, ќе ја отвориме во нова тема.