и шо ќе те поттикнува да напредуваш?Едина стравопочит која е вредна е таа што треба да ја имаме кон себе,да си бидеме свој најголем пример,свој најголем идол и свој најголем авторитет.
сега баш гледам овде http://www.makedonski.info/search/почит
вели
почит
(едн.) почитта
Вид збор: Именка, женски род
Чувство на уважување кон некого.
Англиски: respect Албански: respekt, nderi
Примери:
Чувствувам длабока почит кон тебе.
Остануваме со почит.
Слично со: респект (м.) , уважување (ср.)
од друга страна за респект вели
респект
(едн.) респектот
Вид збор: Именка, машки род
почитување, обѕир
Англиски: respect
Примери:
Има респект спрема него.
Без респект.
Слично со: почит (ж.)
а за уважување
уважување
уважувањето
Вид збор: Именка, среден род
Чувство на посебно внимание кон некого.
Англиски: esteem
Примери:
Не пречекаа со големо уважување и почест.
незнам, нешто не ми штима, барем не во моето сфаќање на она што би требало да се подразбира под „почит“.
Оти делењето на почит врз основа ете на дела, некако ми е многу прерачунато дејство.
А во суштина сум против на сѐ што е прерачунато.
Можеби не сум во право, не велам не.
На пр. имате два типа на луѓе:
1. Весел, насмеан, секогаш другарски расположен, и да му згрешиш пак ќе ти помогне, иако други некои си играат мајтап понекогаш со него, го избегаваат итн.
2. Арогантен, по малку препотентен пред непознати луѓе, во јавност, дрзок кога треба спрема оној кој заслужува, без многу емоции, се на се-сериозен...
Во денешново време, начин на живеење, кој тип ќе успее да "преживее", спрема кој луѓето ќе имаат повеќе почит и на посериозен начин ќе го гледаат во јавност. Сакате да сте "дворскиот шут" кој секогаш е премногу весел, заебант, шегаџија, некои го гледаат како не толку сериозен човек...или сакате луѓето на некој начин да се плашат да се поздрават со вас, да зборуваат со вас од дистанца, да не бидете отворен буквар?
*Кога мислам на јавност, однос спрема луѓе, мислам спрема оние кои не ги познаваме или помалку ги познаваме, а не спрема оние со кои сме секој ден, родители, деца, партнер, роднини.