Стравопочит

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
На пр. имате два типа на луѓе:
1. Весел, насмеан, секогаш другарски расположен, и да му згрешиш пак ќе ти помогне, иако други некои си играат мајтап понекогаш со него, го избегаваат итн.
2. Арогантен, по малку препотентен пред непознати луѓе, во јавност, дрзок кога треба спрема оној кој заслужува, без многу емоции, се на се-сериозен...

Во денешново време, начин на живеење, кој тип ќе успее да "преживее", спрема кој луѓето ќе имаат повеќе почит и на посериозен начин ќе го гледаат во јавност. Сакате да сте "дворскиот шут" кој секогаш е премногу весел, заебант, шегаџија, некои го гледаат како не толку сериозен човек...или сакате луѓето на некој начин да се плашат да се поздрават со вас, да зборуваат со вас од дистанца, да не бидете отворен буквар?

*Кога мислам на јавност, однос спрема луѓе, мислам спрема оние кои не ги познаваме или помалку ги познаваме, а не спрема оние со кои сме секој ден, родители, деца, партнер, роднини.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: toby2

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Секој сака пред луѓето да биде почитуван, да не го исмеваат. Не знам како е во другите држави, но најверојатно немаат време да се замараат со исмевањето и омаловажувањето на другите, затоа кај нас овој фактор е застапен.. :)

Како и да е, јас како личност сум многу променлива, исто како годишните времиња. Така да не можам дефинитивно да кажам каква личност сум јас. :)
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Стравопочит - никогаш не сум го признавал овој поим. Затоа што ми се контрасти.
Ако имаш почит кон човек значи дека се воодушевуваш од неговиот карактер, од тоа што го постигнал и успеал да го направи во животот.
Страв...значи да се плашиш од нешто/од некого.
Како можам да се плашам од човек во кого гледам...хармонија, мал дел од совршенството.
Стравопочит, ми претставува искривена слика на почит. Овој поим за мене претставува човек од кој ужива да ја каже надмоќта која ја има над луѓето. А таквите луѓе никогаш не сум ги почитувал.
Не сакам да почитувам некого што мора да ми нагласи дека е над мене. Сакам да почитувам некого, кој што знае да ми покаже со дела и зборови дека се наоѓа таму некаде во височините.

А ако морам да изберам една од овие групи на луѓе кон кои би требало да имам почит. Ќе ја изберам првата.
Мада...цврсто стојам на тоа дека ако некој е весел, расположен секогаш насмеан, и секогаш спремен за забава и уживање - не мора да значи дека истиот тој е мета на исмејување и дека претставува дворски шут.
 
Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Добро е да имаш изградено слика за себе во другите очи дека си личност со став.Со самото тоа доаѓа и нивната почит спрема тебе.
Стравот треба да се исклучи како опција зошто глупаво е да изиграваш страшило и намќорче.
Тој веселиот тип на луѓе кој секогаш е насмеан во друштво всушност е жртва зошто без него пропаѓаат во вода сите шеги и зезанции.Но тоа не значи дека тој е „дворскиот шут“, тој едноставно ужива кога сите околу него се насмеани и задоволни, всушност таков е и по природа, не знае да биде поинаков.
Двата овие типа на луѓе се многу индиферентни така што не можам да генерализирам која личност би била поприфатена и подобро „опстојува“.
Јасно е дека оној што е секогаш насмеан ќе биде привлечен за друштво, но и оној кој некогаш не гледа од дистанца може да ни биде многу интересен и енигматичен, што ќе ни го привлече вниманието.
Најчесто тие затворените и дистанцирани луѓе, кога ќе ги запознаеш сфаќаш дека воопшто не се такви.Но можеби тие го избрале тој начин на пристап зошто сметаат дека така подобро функционираат во општеството.
Најдобро би било кога се` ова би се избалансирало и би се добила една цврста личност со став, енигматична, која не послужува се` на тацна туку чека да биде откриена, шармантна, духовита...ама тоа можеби во некое друго време.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Постојат креатури кои не можат да се здобијат со почит од луѓето со кои се во било каква интеракција и се обидуваат да компензираат со стравопочит.
Тоа особено важи во политиката, образовниот систем или на работно место.
Надвор од тоа, ретко се случува, маалски насилници, локални кримоси или цајкани по патишта.

Лик кој се обидува да се стекне со стравопочит за мене губи секаква припадност кон човечкиот род и го сметам за говно. Говно на две нозе кое пушта гласови, но говно nevertheless.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati and Сара.13

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Ќе дадам пример на едно девојче. Кичевчанче. Кон кое јас имам неизмерна почит - а ако би морал да ја сврстам некаде, ќе морам да ја сврстам во групата на дворски шутови.
Ја сретнувам секогаш затоа што работи во едно локалче во кое морам редовно да поминам за да си купам мастики, цигари и слични дрангулии.
Сум отишол во тоа продавниче, со секакво расположение. Ако сум отишол насмеан, сум излегол уште понасмеан. Ако сум отишол со солзи во очите, сум излегол со насмевка преку цело лице, и ме држела со денови.
Како може да не ти предизвикува потреба да го почитуваш тоа суштество кога со самата своја појава ти нанесува толку добро, а не те знае, не ти го кажала своето име. Ама се турнала во длабочините на твоите мисли и оставила печат за навек.
Епа...подобро ќе ја почитувам неа, отколку сопственикот на најголемите хотели во светов. Полн со пари, полн со моќ...а не знае да ми подари една искрена насмевка.
Длабочината на душата предизвикува почит. Плиткоска на душата а длабочината на џебот на некого му предизвикува стравопочит.
Како што претходно кажав, Искривена слика за она што би требало да биде „почит“.
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753

Не се викаше ова љубов?? :D
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Не се викаше ова љубов?? :D
Ако тоа е твојата перцепција за љубов. Тогаш љубов. Ја сакам со сето срце и душа. Љубов на прв поглед. Платонска љубов. Од онаа што ја опеал Данте Алигери. Само... Данте ме води со еден детаљ...го знаел името на неговата „Беатриче“. Јас мојата платонска љубов...се’ уште не знам како се вика.

Ама ова е моја перцепција за почит. Затоа што за да сакам некого, мора да го знам подлабоко. Да знам како размислува. Јас само знам дека ми влева позитивна енергија.
Така да. Во мојата глава сепак останува: девојчето заслужно за почит.
 
Не мислиш дека е обратно?
Луѓето што ги сакаме ги сакаме без разлика какви се, кога е во прашање љубов, очите не гледаат, разумот не постои...
А за да почитуваш некој треба да го знаеш подлабоко, да му ја знаеш длабочината на душата, мислите..?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena