Стравопочит

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Униформи..........униформи everywhere.

Човекот како социјално битие е склон кон тоа да настојува да биде позитивно вреднуван од околината, поблиска или поширока.
Проблемот настанува кога користи сила за да го постигне тоа.
Дали е Болт почитуван меѓу атлетичарите? Да, веројатно од мнозината. Некои му завидуваат, некои му љубоморат, некои можеби и би му напакостиле.
Но таа почит е стекната од дела. Ги остава зад него по 20 метра на 200 метра трка. Шта речи?
Млади дечки сонуваат да станат како него, тренираат, се трудат, зошто да не?
Никому не наштетил, никого не присилил да го почитува.
Не е доцент по спринт или магистер по штафетни трки. Нема декрет. Има дела.

Но од друга страна силата...
Цајкан кој очекува респект поради униформата и флуоресцентниот елек. Комшијата шо го спомена Дистопиан погоре во постот кој е советник на советничката на асистентот на заменикот на кафекуварката на градоначалникот. Униформа. Кинеско одело и џиш машна. Бара риспекат. Нема зајебанције.
Докторот. Професорот. Наставникот. Попот. Сите сакаат да добијат валидација преку сила.
Со тек на време престануваат да бидат Трајче, Ставре и Бљерим, стануваат подвижни униформи. Симни ја униформата, нема да постои ништо под неа.

Оние кои не можат да предизвикаат почит по природен тек на нештата, со своите дела - се поптираат на силата, на законот, на вертикатала. Од наставникот во некоја припиздина до есесовецот со пушката вперена кон некого.

Прилично прецизна дисекција на овој феномен има кај Чехов, два кратки раскази, Смртта на чиновникот и Дебелиот и слабиот. Препорака да се прочитаат:) (и онака се по неколку страници, Чехов за разлика од современиците, не го тупел многу... )
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Сами си поставуваме мерила, па после се заплеткуваме во тие мерила.
Мене пак не ми е нешто јасно и пак ќе поставувам прашања :D.
Ај за стравопочитта горе-долу се согласувам, дека е тоа извештачен начин на почитување, а ако е ивештачен не може да биде искрен. Ако па не е искрен значи дека не постои искрено, т.е. значи дека не ни постои. Самиот поим сам си се поништува.
Така некако.
Нејсе, друго ми е зборот.
Мислам има друга тема конкретно за почитта, но нема везе, и така сите ги надоврзавте двата поими тука, па ќе продолжам и јас.
Велите почитта треба да се заслужи.
Еден пример : Сретнувам човек кој никогаш претходно не сум го сретнала, незнам ништо за него, незнам какви дела направил, незнам што постигнал, незнам ама баш ништо. Значи дека не треба да го почитувам?
Ако е така, тогаш како би требало да се поставам кон него во моментот кога првпат го среќавам? Оти почитувањето е колку -толку поврзано и со однесувањето (моето кон другиот).
Е сега океј, можи е некој манијак, па би требало да дувам и да бегам, ама па можеби е и сосема спротивното.Факт е дека појма немам кој е.
Дали воопшто ќе ризикувам и ќе одам чекор понатака за да откријам кој е, или па ќе го изигнорирам колку шо е можно и ќе си терам по патот? Шојма врска ова со муабетот, појма немам, ми се сврте низ глава, па го спомнав.
Да речеме дека е, во најмала рака, океј човек. Ама јас сепак нема да го почитувам сѐ додека тој не ми покаже или па сѐ додека од други не разберам дека е тој достоен да биде почитувам.
А која сум пак јас за да ги мерам квалитетите на другиот и да одлучувам дали тој заслужува или не заслужува да биде почитуван?
Шо сум па јас толку сигурна дека моите достигнувања се доволни за да се сметам себе вредна за почитување ( а не верувам дека постои некој кој себеси не се смета вреден за почитување), ама другите морам да ги „премерам“?
Нели би требало да биде обратно?
Почит заслужува секој, од бебе до старец и почитта ја добива секој, од бебе до старец, просто заради тоа што е човек, а со самото тоа што е човек, значи е на исто рамниште и со мене и со тебе и со комшивката и со Петко и со Трајко ....
Па понатака да следи тој процес кој би зависел од секој посебно, ама па и од сите взаемно, процес во кој почитта може да остане, избледи или па сосема да се изгуби?
Тоа со делата кои некој ги направил, па заради кои ете така великодушно му доделуваме признание „почитуван“ мене повеќе ме асоцира на нешто што се вика восхит, а не почит. И спротивното на восхит би било веројатно презир.
Барем јас така функционирам. Почит „делам“ на секој, од самиот старт. Дали после ќе си ја земам назад е друго двајсе.
А функционирам „кон другите“ така како што сакам другите да функционираат „кон мене“. Двонасочна улица :D
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Кога ќе видиш почит треба да се има кон секого. Дали било куче, маче или комшија или брат небитно.
Исто кој каква личност е, дал била ку**а или девица небитно. Исто и дали бил зборлив или молчалив. Оној кој ти одговара ти одговара, оној кој не ти одговара не мора да го трпиш, ама не мора и да му наметнуваш етикети или да го исмејуваш.
Е сега стравопочит ваљда по мое е почитта што се има спрема родител, професор, шеф... Демек и почит и страв пошто можно е да има нус појави ако нема почит : ))
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
За жал, трагично сиромашниот македонски јазик ствара непотребни дилеми,
Затоа back to good ol`Blighty. :)

Respect, Decency, Politeness.

http://www.merriam-webster.com/dictionary/respect
http://www.merriam-webster.com/dictionary/decent
http://www.merriam-webster.com/dictionary/polite

Респектот, почитттттта (глупаво ми звучи ама тоа е) е активна ситуација, некој како поединец ја алоцира некаде поради некаква вредност.
Не доаѓа по дифолт (`Еј брат види хомо сапиенс онаму, поштовам ептен`). Мора да има некаков квалитет, без разлика на неговиот интензитет.
Decent and polite.... да, може и треба да се биде скоро со сите, по дифолт, онака. Пристоен и учтив демек, ама преводов не го доловува значењето баш...

А за тоа кој кон кого ќе искаже почит, е работа на секој посебно. Зависи од многу ствари.
Исто и обратно, од другите кон вас.

А која сум пак јас за да ги мерам квалитетите на другиот и да одлучувам дали тој заслужува или не заслужува да биде почитуван?
Шо сум па јас толку сигурна дека моите достигнувања се доволни за да се сметам себе вредна за почитување ( а не верувам дека постои некој кој себеси не се смета вреден за почитување), ама другите морам да ги „премерам“?
Нели би требало да биде обратно?

Ти си таа што си и секако дека ќе го оцениш, измериш и ставиш во фолдер секој со кој имаш посериозна интеракција од......гледање еднаш на автобуска или некој лик во некоја продавница кој си го видела еднаш и никогаш повеќе или типката шо метеше на скалите во зградата кога отиде по грешка таму....мислам рандом примери ама тоа е тоа.
Ај да се лажиме, као го респектирам ликот шо не го имам видено а живее во Пробиштип и кој нема да го видам никогаш......:D

Твоите достигнувања? Зошто да не? Примерот со Болт беше на планетарно ниво, чисто ради симболика.
Ако има луѓе кои те почитуваат тоа значи дека со нешто тоа си го заслужила. Не се само достигнувања, пред се е односот кон нив. Луѓе со кои како што реков имаш посериозен однос, обостран и тие работи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
За жал, трагично сиромашниот македонски јазик ствара непотребни дилеми,
Затоа back to good ol`Blighty. :)

Respect, Decency, Politeness.

http://www.merriam-webster.com/dictionary/respect
http://www.merriam-webster.com/dictionary/decent
http://www.merriam-webster.com/dictionary/polite

Респектот, почитттттта (глупаво ми звучи ама тоа е) е активна ситуација, некој како поединец ја алоцира некаде поради некаква вредност.
Не доаѓа по дифолт (`Еј брат види хомо сапиенс онаму, поштовам ептен`). Мора да има некаков квалитет, без разлика на неговиот интензитет.
Decent and polite.... да, може и треба да се биде скоро со сите, по дифолт, онака. Пристоен и учтив демек, ама преводов не го доловува значењето баш...

А за тоа кој кон кого ќе искаже почит, е работа на секој посебно. Зависи од многу ствари.
Исто и обратно, од другите кон вас.



Ти си таа што си и секако дека ќе го оцениш, измериш и ставиш во фолдер секој со кој имаш посериозна интеракција од......гледање еднаш на автобуска или некој лик во некоја продавница кој си го видела еднаш и никогаш повеќе или типката шо метеше на скалите во зградата кога отиде по грешка таму....мислам рандом примери ама тоа е тоа.
Ај да се лажиме, као го респектирам ликот шо не го имам видено а живее во Пробиштип и кој нема да го видам никогаш......:D

Твоите достигнувања? Зошто да не? Примерот со Болт беше на планетарно ниво, чисто ради симболика.
Ако има луѓе кои те почитуваат тоа значи дека со нешто тоа си го заслужила. Не се само достигнувања, пред се е односот кон нив. Луѓе со кои како што реков имаш посриозен однос, обостран и тие работи.
Океј, нека е така.
Сепакедно сеуште ме буни.
Велите треба да се почитуваат децата.
Е сега врз кои дела се почитуваат децата?
Има мирни, има немирни. Едни учат, други не учат. Некои послушни, други бунтовни.
Ама сепак, сите се деца.
Зарем ќе ги делам?
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
незнам зошто неможам да го изменам мислењево, па морам во ново само да додадам.
Си има соодветни зборови во македонскиот јазик за сето тоа.
Почит, пристојност, љубезност.
Не се дилемите околу тоа.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Океј, нека е така.
Сепакедно сеуште ме буни.
Велите треба да се почитуваат децата.
Е сега врз кои дела се почитуваат децата?
Има мирни, има немирни. Едни учат, други не учат. Некои послушни, други бунтовни.
Ама сепак, сите се деца.
Зарем ќе ги делам?


Па нормално, ако некое е иритантно размазено дебилче на мама и тато и му се врти главата за 360 степени...... не сум сигурен дека би имала некаква почит кон тоа дете.... и зошто воопшто би имала!?
Замисли ти истури сок на лап топ? :D

А ако си е ок детето, онака decency, nice kid and all that.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
незнам зошто неможам да го изменам мислењево, па морам во ново само да додадам.
Си има соодветни зборови во македонскиот јазик за сето тоа.
Почит, пристојност, љубезност.
Не се дилемите околу тоа.


Таков впечаток добив од долгиот пост, види ги баш дефинициите, во мкд јазикот имаат многу поограничено значење, и употребата им е.....малку измешана на моменти.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Таков впечаток добив од долгиот пост, види ги баш дефинициите, во мкд јазикот имаат многу поограничено значење, и употребата им е.....малку измешана на моменти.
сега баш гледам овде http://www.makedonski.info/search/почит
вели
почит

(едн.) почитта
Вид збор: Именка, женски род
Чувство на уважување кон некого.
Англиски: respect Албански: respekt, nderi
Примери:
Чувствувам длабока почит кон тебе.
Остануваме со почит.
Слично со: респект (м.) , уважување (ср.)

од друга страна за респект вели
респект

(едн.) респектот
Вид збор: Именка, машки род
почитување, обѕир
Англиски: respect
Примери:
Има респект спрема него.
Без респект.
Слично со: почит (ж.)

а за уважување
уважување

уважувањето
Вид збор: Именка, среден род
Чувство на посебно внимание кон некого.
Англиски: esteem
Примери:
Не пречекаа со големо уважување и почест.
незнам, нешто не ми штима, барем не во моето сфаќање на она што би требало да се подразбира под „почит“.
Оти делењето на почит врз основа ете на дела, некако ми е многу прерачунато дејство.
А во суштина сум против на сѐ што е прерачунато.
Можеби не сум во право, не велам не.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
lady_blue
А мор овде збориме за Страво-почит,не само за почит.
А која си ти да одредуваш кој да биде почитуван?
Па нормално дека си единствената достојна која за себе ке одлучи кого и зошто ке почитува.
А нормално дека никоја за да може да одредува дали другите треба да ја поичитуваат таа иста личност.
Еве на пример јас тебе многу те стравопочитувам.
Зошто?
Затоа што во ниту еден,ама баш во ниту еден твој пост не постои навреда ама баш кон никого.
И тоа ми е доволно,а има уште доста работи кај тебе кои ми ја зацврснале таа стравопочит кон тебе.

Во воведот на темата се бара да одредиме која личност од двете би ја избрале да бидеме.
Таканаречениот дворски шут или оној другиот дрскиот?
Ако веке морам од двата да бирам ке го изберам и едниот и другиот,се во зависност каде и пред кого стојам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider