Колку добро кажано. Браво. Те женам уште утре ако вака размислуваш и за другите работи.Сакам да кажам општо сме преоптеретени со концептот НАДВОРЕШНА убавина (велам СМЕ, и јас се вбројувам во таа група и се срамам искрено). Дали од премногу гледање филмови каде што сите се скоцкани или Кардашијанс, каде што се будат со шминка, па мислиме дека тоа е правилно и што можат они - можеме (и треба) и ние... навистина.
Мислите ми се раштракани, но едно знам: Жените не се разубавуваат за мажите. Тоа го прават за да им се одмаздат на другите жени.
И боли фактот што цел живот се дотеруваме за други погледи и туѓи восхити... ќе почнам да ја ценам надворешната убавина и сите ритуали на подготовка кога една жена ќе ми рече - се дотерувам лично за себе и притоа нема да ми изговори лага.
Се враќам на тоа дека сме опседнати со концептот убавина и ја поистоветуваме само со исправена кератинска перфектна коса или надградба на нокти или нецелулитно стегнато газе со Коко како репер или доооооооолги нозе или небесно сини очи од евтини викенд романчиња со еротски набој...
Што е убавината ако не привидна, пролазна, субјективна работа?
Како може половина и повеќе од животот да го посветиш на самоодржување кога тоа те прави комплетно несреќна и ти создава стрес, значи не не` (се) сфаќам. И тешко ми е поради тоа.
Мислам тажна сум, затоа што се враќаме на почетокот - секој ќе ја одбере девојката стегната и дотерана како елка затоа што имала тело гром, а онаа „просекот“ ќе падне во кошот симпатични и френдли материјал.
Така умот, шармот, харизмата и насмевката станаа клише. Заради некое си тело.
Тоа е приказната. И ми се гади.
Сакам да кажам општо сме преоптеретени со концептот НАДВОРЕШНА убавина (велам СМЕ, и јас се вбројувам во таа група и се срамам искрено). Дали од премногу гледање филмови каде што сите се скоцкани или Кардашијанс, каде што се будат со шминка, па мислиме дека тоа е правилно и што можат они - можеме (и треба) и ние... навистина.