Филмски свет- генерална дискусија (внимание - спојлери!)

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Knife дадин сакам да го симнам филмов да го гледаме сега со друштвово на одмор. Јас сум задолжена за филмскиот дел :D
Си го гледал? И дај кажи некои предлози што да им симнам вака нешто? И комедии и хорори за гледање во друштво. Знаеш јас тебе ти верувам :)

Препораката зависит кај ќе ојш на одмор...
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Knife дадин сакам да го симнам филмов да го гледаме сега со друштвово на одмор. Јас сум задолжена за филмскиот дел :D
Си го гледал? И дај кажи некои предлози што да им симнам вака нешто? И комедии и хорори за гледање во друштво. Знаеш јас тебе ти верувам :)
A Haunted House ми делува како Project X, па не си ни нафаќам да го гледам. Едноставно од што гледам како им е фин филмов на фановите на Бибер, претпоставувам дека е тешко сање. Исто како што и го свиѓаа погоре споменатиот Project кога излезе.

Grown Ups 2ка што ти препорачал Мајорот колку што знам го даваат по кината наши, па најверојатно има само CAM снимка, односно филм сниман со камера во кино. Саат и пол или два не се губат на такви снимки. Бар ја не губам.

Сега конкретно за хорори не можам да ти дадам предлог, зашто слабо гледам такви. А понови филмови исто не сум гледал некои си 2 недели, па ќе ти препорачам нешто старо, а добро. Барем на мене ми се свиѓало.

Предлог бр. 1 The Borrowers од '97ма. Веројатно си го гледала, често го даваа порано по нашиве телевизии. Ако не си го ѕирни го на ИМДБ.
Предлог бр. 2 Pink Panther со Стив Мартин. Мислам филмчево мене ми беше одлично особено дет. Клузо со англискиот акцент. :rofl
Предлог бр. 3 Men at work од '90та со Чарли Шин. Исто според мене добра комедија
Предлог бр. 4 See no evil, hear no evil од '89та. Добра комедија со двајцата пријатели. Едниот слеп, другиот глув.

Тоа е од мене. Ако не си гледала некој од овие симни ги. Ако си гледала, побарај помош од чичо ИМДБ за други предлози. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Knife дадин сакам да го симнам филмов да го гледаме сега со друштвово на одмор. Јас сум задолжена за филмскиот дел :D
Си го гледал? И дај кажи некои предлози што да им симнам вака нешто? И комедии и хорори за гледање во друштво. Знаеш јас тебе ти верувам :)

Филмот е катастрофа. Има 2/3 смешки со оној типичен Marlon Wayans хумор, али ништо посебно. Јас си го обожавам Paul Rudd за комедии, така да го препорачувам (увек) Wanderlust пред се, после другите, Role Models, This is 40, I Love You, Man... Иначе, за хорор видов добри критики за The Conjuring, али уште го немам гледано, па ако го изгледаш, пиши импресија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Филмот е катастрофа. Има 2/3 смешки со оној типичен Marlon Wayans хумор, али ништо посебно. Јас си го обожавам Paul Rudd за комедии, така да го препорачувам (увек) Wanderlust пред се, после другите, Role Models, This is 40, I Love You, Man... Иначе, за хорор видов добри критики за The Conjuring, али уште го немам гледано, па ако го изгледаш, пиши импресија.
Сега ќе го спуштам баш за да го гледаме ваму. И ќе те послушам и за другиве.
Фала ти. Ќе пишам за сите кога ќе се вратам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
A Clockwork Orange ако го има гледано некој нека пише за што се работи во филмот и дали вреди да го симнувам.:)
 

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
A Clockwork Orange ако го има гледано некој нека пише за што се работи во филмот и дали вреди да го симнувам.:)

Да, филмот е предобар и вреди да се гледа.
Грубо кажано, во филмот се зборува за еден престапник кој откако ќе го затворат поради садистичките насилства кој ги извшил, за да се спаси од затвор ќе се согласи да биде глушецот во еден психолошки експеримент кој за цел има да го оттргне човекот од понатамошно вршење злодела.
Да не должам, ем да не те предомислам, земи погледни го, не е нешто со мала смисла која може лесно да се долови во 2-3 реда.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: maarrkooo

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Да, филмот е предобар и вреди да се гледа.
Грубо кажано, во филмот се зборува за еден престапник кој откако ќе го затворат поради садистичките насилства кој ги извшил, за да се спаси од затвор ќе се согласи да биде глушецот во еден психолошки експеримент кој за цел има да го оттргне човекот од понатамошно вршење злодела.
Да не должам, ем да не те предомислам, земи погледни го, не е нешто со мала смисла која може лесно да се долови во 2-3 реда.

Јас да надополнам со уште нешто, а тоа е дека дејствието се одвива во општество без закони и правила каде што секој што сака може да прави и главниот лик има своја банда со која шират нередие, хаос, криминал,... Поентата е дали во такви услови, некој кој е природно злобен без совест може да се промени на сила?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims