Сеа реално зборувам, како тоа 90 посто од луѓево шо отишле у Охрид се жалат на многу работи. Како прво за леб у тоа Момир ми наплаќаат 270 денари, 4 лепчиња, второ таксистот од центар до ресторан Лихнид ми зима 150 денари а цел живот го поминав во Охрид, таму студирав , секоја чест на исклучоци ама си имате проблем со гостопримството, реков нејкам да навредам на ниедна основа ама луѓе бе стварно се понашате како да ви дошле непријатели шо ќе ве изедат, да не праам муабет за оние шо издаваат простор каква не услуга има. Она рекламине на тв така од чиста мира ги направија за подобар туризам...или ги напраија у Шутка ако одиш на одмор па на такво нешто да не наидеш.....сами си го знаете тоа , нема потреба да се скока на некоја патриотска основа....колку шо го сакам Охрид и колку шо ми е убав , стално ми било инспиративно место и љубев Охриѓанец и се беше најубаво....ама за ова погоре не измислувам топла вода....ни овие шо одат доле на југ и шо им лепат карти на главата не се у право ама и Охриѓани малку треба да се сетат.
Така е се. Наши се, ама не чинат.
Јас три години со ред работев на една плажа во Охрид и бев сместена во Пештани. Значи секоја година по три четири месеци бев таму и си најдовме смештај со персоналов и дека со месеци таму, се договоривме со газдата да му плаќаме по 170 на ден. Значи врска немаше со плажава смештајот, газдава наш ни даваше на рака пари да си платиме смештај.
И сега поминаа две недели, не даваше редовно на плажа газдава пари и почнав да работам во кафич. А ваму си останав со смештај исто.
Доаѓа време да си одам да се расчистам со парите и овој ми вика е па рачунај си по 500 денари колку ти иде. Демек ја напуштив таа плажа и договорот отпаѓа за 170 денари. А како што зошто кога почнав да прашувам, зошто не кажа порано, и дека нема врска уствари плажава со него, немаше ни да знае што се дешава ако јас ај будала муабет се му кажував, ми викна полиција демек одбивам да платам.
Остави на страна и што не се љубезни воопшто, па и на секој можен начин се обидуваат да те зафркнат некако.
Може има и исклучоци, ама ете јас не сум сретнала.