Прашања за акваристика

red dragon

Староседелец
27 март 2013
140
129
643
35
toby2 може е супер али некои викаат дек треба потопна пумпа за него некои дека не треба многу мал бил аквариумот и јас незз сто да правам
 

toby2

Полноправен Член
16 мај 2013
59
21
8
Затоа што веројатно не е чиста.

од јака дневна светлина треба да го ставиш некаде подалеку од прозор или др место кај што не фаќа дневна светлина или ако користиш сијалица може да ја смениш со неонка боље е.како и да е ке треба да го чистиш имаш едни сунгери во пет шоп се 100 ден.позз
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Во еден здив...

Би сакала да чувам морски коњчиња.....незнам дали уопште можам??

Морската акваристика е прилично тешка за комплетирање до ниво на функционалност,така ако немаш барем неколку успешни слатководни аквариуми (растенија,филтрација,субстрати и далје) тогаш не се ни обидувај.Незнам дали во мк воопшто носат а и да се носат ретки се тие што имаат морски аквариуми. Расчитај се низ интернет по специјални форуми за акваристика:
www.akvarijum.org
www.aquaticacentral.com.mk макар што вториов е слабо посетен,има текстови.




Kako se sadat rastenijata ? Pesokta/cakalot obicna e ili treba da se kupi od akva shop ?

Ти треба посебен супстрат за растенија.Нормално,растението се храни а во што ќе се храни? Ако земаш лесно захтевни растенија ќе успеат и во обичната песок/камчиња што ги имаш, но подобро е да се има прихрана.Евтината верзија е земање на најситна песок што постои (мил) од некоја река или било што.Се става на дното во аквариумот,а над него украсниот песок,вулкански камчиња,кварц и далје.. Растенијата едноставно е да се насадат, ако е при стартување на аквариум, прво ги садиш па полниш вода, а ако се работи за веќе циклиран активен аквариум, со прстот правиш дупка и внимаваш кога го садиш коренот да не го оштетиш...
За успешни да ти се растенијата, А СЕ КЛУЧЕН ДЕЛ ЕДЕН АКВАРИУМ ЗАРАДИ ФИЛТРАЦИЈАТА И АКВАСКЕЈПИНГОТ, потребно ти е добро светло, цо2 и прихрана.


Еве прочитај овде, имам доста текстови пишувано а исто и од други членови ќе најдиш примери и совети.
Najdobra hrana za ribi koja e ?

па комбинација лисната храна, црвен и црн џигер тоа ти е најдобро

Тоа ти е обична алтернатива што ја продава секој,џигерот се користи за “билдање“ на рибите што се продаваат во рибници и е протеинска храна за брзо стасување на рибите до продажна мрежа. Најдобро е тубифекс,ларви од комарци, блад-вормс, артемија... ги има во нашите пет шопови, не се скапи а доста квалитетни и корисни.Јас користам за неон-тетрите од оваа фирма:

2069449_130306141417_Artemia_Brine_Shrimp.jpg


Еве како изгледа храната:

20100923121941.jpg


Замрзнати ларви од комарци, артемија и црвци. Кога ќе се одмрзни една коцка (за дневна доза) изгледа како ова овде:

artemia.gif











Zdravo da prasam nesto zosto vodata vo akvariumot zelena se pravi?

Водата ти е зелена заради присуство на микро алга која плови низ водата. Се појавуа од неколку причини:

-Создавање на фосфати и останат отпад во аквариумот. (фрлање многу храна на рибите)
-Недоволен менаџмент на аквариумот (Стандардни промени на вода)
-Јако светло (дневната светлина не смета освен ако е на директно сонце)

Пажливо со исхраната, не ги прехранувај и не фрлај постојано храна.Гледај цела храна да е изедена а не да се растура на дното и да скапува,затоа што настануваат доста отровни материи погубни за животот на рибите.Гледај после хранењето ако премногу остани на земја да ја сифонираш.
Почни да менуваш 20 % од водата на секои три дена, при тоа исклучи го светлото, па доколку видно се намали после неколку промени на водата тогаш борбата е успешна. Алгата знае да биде најголем непријател во акваристиката, али затоа сака добро менаџирање на аквариумот. Неделно треба 20-30 % да се прават промени на водата и се тура со иста температура нова вода назад отстоена ден или повеќе, за да испари хлорот.
Филтерот никогаш не се пери на чешма нити цел аквариум се мие, туку една месечно наталожените наслаги на сунгерот се плакнат СО АКВАРИУМСКА ВОДА кратко и се враќа назад.
Сунгерот најмалце служи за “физичка чистота на водата“, ја врши биолошката филтрација.
Еве како изгледа животинскиот круг отпад-храна во аквариумот што треба секој акварист да го запази:

image.png
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Водата во аквариум мора постојано да кружи, и да има филтер материјал (најчесто сунгер) низ кој ќе поминува водата,ради биолошка филтрација,погоре е поставено куп слики, куп текстови....
Пред некој да се информира како функционира аквариумот, би замолил да не си ги дава бадијала парите, и да ги измачува/умира рибите.