Јас не се согласувам со овој начин на воспитување. Ми делува како нож со две острици. Да, тинејџерот веројатни ќе те послуша и ќе се врати дома на време но во него природно по инстикт ќе се јави желба нареден пат да украде две три минути и да закасни, дури може да се јави револт и бунт па намерно да не бидеш послушан и детеето да ти закасни. Од тие стеги и обрачи во кои се ставени денешните деца( не касни, не фаќај дечко, не се дрогирај) мислам дека произлегуваат овие деформации во развој.
Ми се допаѓа како ме воспитала мајка ми. Разговор што е добро а што не. Примери.
Па кога сум излегувала никогаш не ми кажала кога да се вратам. Секогаш било она : сметам дека си паметна, кога мислуш дека е добро дојди си, ти реши, на тебе оставам да одлучиш. И знаете кога ми давала таква одговорност од 15 години секогаш дома сум доаѓала во време кое било нормално за возраста.
Никогаш ништо не ми било забрането, а кога не е забрането не е ни интересно.
па еве ме денес сум изградена во прекрасна личност.
фала ти мамо за воспитувањето.
А како сосема мала кога не сум можела да расудувам мнооогу се зборело со мене ама никогаш не сум била казнета, само можеби натепана : ))
Во претходното писание кажав дека за секое дете е потребен различен пристап.
Пример, јас имам две деца.
Едното, доволно е да му речеш само „Немој татичко“ и нема да помисли да го фати.
Другото, на глава застани, ако сака да го чува во раце, ќе го чува. Се’ уште не најдовме начин да направиме да не послуша.
Мајка ти, одбрала да зборува, и тоа и кај мене најмногу успеваше, зборови.
Ама пак кај сестра ми, никогаш зборовите немале ефект. Секогаш некој реакции од мајка ми.
Ете ти никогаш не си била казнета, можеби некогаш натепана.
Јас пак... бев тип на дете, што секогаш на ударот возвраќаше со исто однесување. Инает.
Мајка ми не ме тепала, ама затоа ме тепаше наставничката од прво до четврто по рачиња, и јас намерно секогаш постапував на ист начин.
А зборувањето секогаш го примав.
А што се однесува за ограничувањата. Знаеш... можеби си до некаде во право. Ни јас не планирам да им давам ограничувања. Пример излегува на кафе и јас од врата викам „Паметот во глава, и до 10 во кревет“. Ни на крај памет не ми е такво нешто. Ама сепак ми е на крај на паметот, уз разговор за нивните излегувања, одоколу да им кажам до колку е пристојно едно дете да биде излезено надвор. Ќе им споделам свои искуства во доцните излегувања... и слично.
Ако после се тоа... 14 годишно дете... ми се врати во 1 часот... секако дека ќе реагирам на некаков начин.
Можеби нема да се случи ова... ама не ја изоставам можноста некогаш да се занесе, да се препушти на слободата и да заборави на моите зборови...
Така да, сепак сметам дека некој такви реакции како во примерот што го набројав се неопходни.
Само... никогаш нема да практикувам казни од типот: Почна да пушиш цигари???? Нема џепарац веќе!!!!; Фати дечко?! Од соба да не си излегла!
- не. Тоа не е тип на казна што го почитувам. Тие казни според мене создаваат револт.
Подобро е да направиш нешто...што ќе му остане врежано во глава