Секогаш се трудам да ги сфатам луѓето кои своите проблеми ги сметаат за единствени, нерешливи и најтешки.
Зарем таквите, не спознале некој кој НАВИСТИНА има проблеми кои навистина се тешки па своите ги категоризира до ниво на паѓање во трансови?
Јасно ми е, сите имаме проблеми и мисли кои не мачат и не растажуваат, но зарем не треба да се насмевнеме и да бидеме благодарни со своите ''проблеми'' кога знаеме на светов што се има?
Мислењево ми е паричка со две лица, но кога налетувам на некој\а по интернет светов како лелека од своите проблеми со шминката, облеката, дечкото и одморот на кој летово нема да оди, се прашувам колку човечност останало во луѓево?
Ех драги мои луѓенца, има луѓе кои животот го крпат, има луѓе кои останале без родители, има луѓе кои се тешко болни. . . на никого не посакувам да е дел од нив...
Бидете задоволни со тоа што го имате, секогаш стремете се за повеќе, но никогаш не проколнувајте го својот живот колку и тежок да изгледа во некои ситуации..
Ај да не мудрувам повеќе... лесно е да даваш совети седнат пред монитор, куцајќи на тастатура... оди примени ги да те видам
(Ојдов)