Комбуха

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Комбухата е здрав напиток направен од индиски чај и шеќер во комбинација со култура од комбуха.
Живее во хранлив раствор од чај и шеќер во кој постојано се размножува.
Ако се одгледува на правилен начин, таа расте и му служи на својот сопственик цел живот.
За време на процесот на ферментација и оксидација, габата во чајот делува со различни комплексни реакции. Се храни со шеќерот во чајот а во замена произведува други супстанции,кои се составен дел на комбуха течноста: гликоронска киселина и млечна, витамини, аминокиселини,антибактериски состојки.
Од тие причини оваа габа претставува мала биохемиска фабрика.

200px-Kombucha.jpg


Примена на комбухата:
  • го продолжува животниот век;
  • спречува создавање на брчки;
  • служи како превенција против рак, го подобрува дишењето;
  • ја ублажува артрозата, позитивно делува кај зглобниот ревматизам;
  • ги чисти крвните садови, поволно делува на регенерацијата на клеточните мембрани и кај срцевиот инфаркт;
  • го подобрува вкусот на јадењата;
  • отстранува пореметување кај црнит дроб;
  • намалува телесна тежина;
  • отстранува мачнина при возењето;
  • помага при појасен херпес и сипаници;
  • донесува олеснување при менопаузата;
  • ги зајакнува мускулите на нозете;
  • ја засилува потенцијата;
  • лекува болести на рацете и нозете,грбот,сива мрена,несоница;
  • ги зајакнува бубрезите;
  • ги омекнува, раствара и чисти жолчните камења;
  • запира прилив;
  • лекува хемороиди;
  • позитивно влијае врз растењето и квалитетот на косата;
  • ја чисти крвта;
  • лекува миом на кожата;
  • отсранува холестерол од крвта;
  • ја збогатува полезната микро флора во цревата;
  • го зајакнува ослабнатиот имунитет;
  • ја нормализира кисело-базната рамнотежа;

Дали сте слушнале за овој т.н. „чај на бесмртноста“?
Дали сте го консумирале или познавате некој што го консумира?
Мислите ли дека има шанси да помогне за лечење на некоја болест?
Доколку има некој некое искуство со комбухата,нека сподели.

Се подготвува на 7 дена,при што во 2 литра вода се става индиски чај и шеќер.
Инаку има кисел мирис и вкус, нешто слично како оцет.
А се конзумира по една чашка дневно,секој ден во исто време.
Познавам луѓе на кои им помага за подигнување на имунитетот како и за лекување на некои кожни болести.
 

Furby

Полноправен Член
26 јуни 2013
96
92
18
33
Дали можи наместо шејкер: мед , засладувач или кафеав шејкер ; да се клај ?:kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Бриго

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Дали можи наместо шејкер: мед , засладувач или кафеав шејкер ; да се клај ?:kafe

Шеќерот се става додека се вари чајот, а кога се пие се пие така како што е,не смееш да дотураш ништо :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Furby

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
интересно во секој случај, само не знам колку навистина би било од помош :)
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Вујко ми пиеше и кажуваше дека имало резултати, но тоа беше преднеколку години.
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Ја сам ги пија како сокчиња, на ориентацију на времето, на Водно и по Струмицу
чудно на укус ама за у стомаче екстра си е напитак, како онј од Астерикс и Обеликс, само Обеликс : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Amski4

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Јас го пиев и го пијам до ден денес во подрум си седи си расте...Вкусно е мене искрено ми е многу убаво и затоа го пијам.Пиеме сите дома и знам дека на мама и пагаше многу косата и пиеше 300 работи и кога почна со кумбухата и прекина опаѓањето сега незнам дали е од тоа или е од нешто друго.
Во секој случај вреди да се проба ништо штетно ни скапо а може баш тоа да ти биде лекот :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Furby

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Мајка ми пред неколку години ја гаеше габава,ја немам пробано затоа што лошо ми мирисаше.(Само интересно ми беше да ја допирам:giggle)
После Комбухава имавме и Кефир. За тие што не се запознаени што е Кефир еве информации.
Инаку јас пијам само Маџун-гроздов мед за зајакнување на имунитетот и конзумирам ленено семе наутро.
Кефир - вкусен и здрав млечен напиток
Кефирот е здрав и вкусен пробиотски млечен напиток, кој од дамнешни времиња го користат жителите на Кавказ. Поради своите благотворни својства го нарекуваат еликсир на младоста и долговечноста или дар од боговите. Домашниот кефир се прави со користење на печурката кефир. Кефир всушност е симбиоза од бактерии и честички на млечни масти.

kefir.jpg
Кефирот има остар освежителен вкус и лесно се вари во цревата. Сличен е на јогуртот, бидејќи се добива на сличен начин. Но, за добивањето на кефирот се користат други млечни култури на бактерии, кои му го даваат на кефирот неговиот карактеристичен вкус, кој е различен од оној на јогуртот.
Кефирот е нискокалоричен напиток, кој не дебелее. Затоа често им се препорачува на дебелите лица кои се на диета за намалување на килограмите, Исто така, им се препорачува и на лицата кои имаат нередовно празнење на столицата и други проблеми со дигестивниот систем.
Кефирот е одличен напиток кој ги зајакнува коските. Особено им се препорачува на децата и на жените во менопауза, бидејќи ги зајакнува коските и е природен лек за превенција и лекување на остеопорозата. Кефирот го зајакнува имунитетот, штити од инфекции, настинка и грип.
 

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,091
1,093
Скопје
Имам пробано и убаво е...
Ќе си направам и ќе почнам да пијам,па ќе видиме дали ќе има резултати.
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
татко ми многу време го пиеше пред 2-3 години, сега нема габа... мене не ми се допаѓа воопшто, некако ми беше кисел, инаку татко ми го мешаше и со други чаеви, и имаше доста подобрување, на мајка ми и се намали хорестеролот, се додека го пиеја не ги фати воопшто грип, татко ми имаше песок во бубрегот во тој период му се исчисти, убаво е да се пие, само кој може, мене воопшто не ми беше убав (puke)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Furby