Телема

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Сега обратно прашање,
Вие,кого сакате и кој се ваши непријатели?

п.с.Ако може коментар за цитатот?
Liber Al има свои коментари, книгата која прва ти ја препорачав - "Законот е за сите", таму секој стих има свој коментар. Се останато е забрането да се толкува и коментира на други, бидејќи целта е секој сам да ги препознае во нејзината симболика своите ставови, се разбира во согласност со правилата за неограничување на волјата на другите.

Дали сексот е застапен во некои од вашите ритуали?
Директно не, инаку има ритуали во кој има одредена сексуална симболика.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Umpuranche

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
ТОЧНО!
Зборовите и размислите на Телемата се ДРОГА!
Исто како што и Слободата, Животот, Љубовта и Светлината се ДРОГА за Човекот!
Четирите L на Законот (Law): L.ife, L.iberty, L.ight и L.ove !

Се водиш според емоции - но ајде ќе речеме дека ти верувам како се е без емоции.
И аман веќе со спрски преводи!!! НЕ знаеш дека има веќе книги на Македонски јазик преведени од иницијанти на О.Т.О.?
Бидејќи не знаеш ете што се има на Македонски, тука!
Исто така „Книгата на Законот“ или Liber AL vel Legis svb figura CCXX е достапна на Македонски јазик (батали срспки), тука!

Abraxas пак побрз од мене - ти одговорил.

Би додал јас уште нешто - зошто не си дадеш сам коментар на тој стих или било кој стих од „Книгата на Законот“? Тоа ќе биде твојата вистина зацементирана со твоето искуство до сега!

Поврзи го со некој друг стих што тебе ти е сличен со овој. Потоа, имај 18 месеци пракса и изучувај ги нашите ритуали, философии и пак коментирај го овој твој „загадочен“ стих во светлото на новото стекнато искуство и види дали си бил грешка или не. Не барај мојата вистина и моите искуства да ти бидат и твоја вистина ;) И да, „Законот е за Сите“ и коментарите таму важат до одредено ниво. Некои стихови не се ни коментирани. Бидејќи не е тоа за профани да знаат. Жалам...

И во врска со тој ваш секс и нашите ритуали!
Ќе морам да те прашам три прашања за да увидиш колку мене лично ми звучат глупи прашањата во врска со нашите ритуали и сексот!
  1. Дали не сметаш дека животот на човекот е еден долг ритуал?
  2. Дали си ги проучувал нашите ритуали - барем тие објавените во Liber E и Liber O?
  3. Ако сметаш дека животот е РИТУАЛ, дали сексот го користиш за нешто во тој ритуал? :)
Не прашувајте работи за кои не сте дораснати. Сигурно не знаеш ни кои се четирите елементи и како се распоредени на пентаграмот како симбол кој се користи во малиот и големиот ритуал на пентаграм а прашуваш не знам какви работи, за кои си мислиш дека ќе ги разбереш и да ти се одговорат.
Јас мислам дека ќе ти предизвикаат уште поголема омраза, или пак ќе ти бидат „отров и болка во стомакот“ бидејќи ти е слаб Руах-от и мислам дека немаш многу познавања на хиероглифите кои ги користел Кроули или некој друг Телемит во своите книги. ;)

П.С. Не не прашувај нас сешто - прашувај се самиот себе си и давај си сам одговори. И запишувај си. И истражувај. И споредувај. Наука момак :D

Директно не, инаку има ритуали во кој има одредена сексуална симболика.

Што бе не? :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
ТОЧНО!
Зборовите и размислите на Телемата се ДРОГА!
Исто како што и Слободата, Животот, Љубовта и Светлината се ДРОГА за Човекот!
Четирите L на Законот (Law): L.ife, L.iberty, L.ight и L.ove !

Се водиш според емоции - но ајде ќе речеме дека ти верувам како се е без емоции.
И аман веќе со спрски преводи!!! НЕ знаеш дека има веќе книги на Македонски јазик преведени од иницијанти на О.Т.О.?
Бидејќи не знаеш ете што се има на Македонски, тука!
Исто така „Книгата на Законот“ или Liber AL vel Legis svb figura CCXX е достапна на Македонски јазик (батали срспки), тука!

Таму не можам да ги симнам како pdf.

Abraxas пак побрз од мене - ти одговорил.

Би додал јас уште нешто - зошто не си дадеш сам коментар на тој стих или било кој стих од „Книгата на Законот“? Тоа ќе биде твојата вистина зацементирана со твоето искуство до сега!

Поврзи го со некој друг стих што тебе ти е сличен со овој. Потоа, имај 18 месеци пракса и изучувај ги нашите ритуали, философии и пак коментирај го овој твој „загадочен“ стих во светлото на новото стекнато искуство и види дали си бил грешка или не. Не барај мојата вистина и моите искуства да ти бидат и твоја вистина ;) И да, „Законот е за Сите“ и коментарите таму важат до одредено ниво. Некои стихови не се ни коментирани. Бидејќи не е тоа за профани да знаат. Жалам...
Во ред,сигурно зборот Затоа си го закопал!
Што се однесува до стихот,....нека остане без кометар и од ваша и од моја страна.
Вас ви е забрането,мене не ми е забрането, само ми е таква волја.
И во врска со тој ваш секс и нашите ритуали!
Ќе морам да те прашам три прашања за да увидиш колку мене лично ми звучат глупи прашањата во врска со нашите ритуали и сексот!
  1. Дали не сметаш дека животот на човекот е еден долг ритуал?
  2. Дали си ги проучувал нашите ритуали - барем тие објавените во Liber E и Liber O?
  3. Ако сметаш дека животот е РИТУАЛ, дали сексот го користиш за нешто во тој ритуал? :)
1.Да
2.Не
3.Во определени периоди од живот на човекот сексот не е присутен,сигурно си заборавил дека во тие периоди тоа што му е помеѓу нозете освен за мочање за друго ништо не му служи,а доколку дочекаш 80 год. ќе се сетиш на истото.;)
Не прашувајте работи за кои не сте дораснати. Сигурно не знаеш ни кои се четирите елементи и како се распоредени на пентаграмот како симбол кој се користи во малиот и големиот ритуал на пентаграм а прашуваш не знам какви работи, за кои си мислиш дека ќе ги разбереш и да ти се одговорат.

Јас мислам дека ќе ти предизвикаат уште поголема омраза, или пак ќе ти бидат „отров и болка во стомакот“ бидејќи ти е слаб Руах-от и мислам дека немаш многу познавања на хиероглифите кои ги користел Кроули или некој друг Телемит во своите книги. ;)

П.С. Не не прашувај нас сешто - прашувај се самиот себе си и давај си сам одговори. И запишувај си. И истражувај. И споредувај. Наука момак :D
Нема потреба од ароганција,ниту од супериорност во разговорот.
Ако сакаш одговори како што прави Abraxas,во спротивно ќе те оставам да си бидеш хај.
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Не ти треба пдф - може да си ја купиш :) Наскоро.
Не ти велам тука да коментираш, ти велам во некоја тетратка дома да си прокоментираш, па после некоја година, пак го погледни и искоментирај - претходно со малку работа во врска со Телемата.

Значи одговарајќи на прашањата сфаќаш како ги гледам јас кога некој ќе ме праша тоа што ти праша за сексот и Телема и ритуали :)

Нема никаква супериорност и ароганција во мојот говор тука.
Види го одговорот под 2 што ти ми го даде! Знаев дека не си истражувал по прашањата што ги поставуваш - еден од многуте си кои поставуваат такви прашања и на други форуми. Затоа реков дека сте недораснати и не треба да те лути реалноста.
Ако имаш волја тоа може да го поправиш со истражување, пракса итн итн :)
Нели?

Јас не сум Abraxas :) Ти може да ме оставиш но на секое твое прашање, ако имам волја ќе дадам одговор - форумов ќе го посетат и други заинтересирани - па да си најдат одговор. Не се одговорите наменети само за тебе. Ова е форум. :) Јас и ти сме сложувалки во една поголема сложувалка :)
 
Моето толкување за некој од цитатите нема да се променат ни за 49 месеци,бидејќи одговорите доаѓаат од доживувањето,
вие истото тоа го правите само со ритуалите.
Едно е да доживееш,а друго да симулираш доживување преку ритуал и истите да ги повторуваш додека ти се менуваат толкувањата и истите си ги споредуваш од време на време,набљудувајќи се себеси како ти се менува свеста.

Да не го заоштруваме разговорот со непотребни докажувања за тоа кој е дораснат,а кој не.
Како што ти ми даваш смер,така и јас кажав научија тишината на памет,па после зборувај.

5. Не брзај другите да ги осудуваш; како можеш да знаеш дека ти на нивното место би одолеал на искушението. И дури да е така, зошто би презирал некого кој е послаб од тебе?

Кога ќе ти се врати волја за темата,ќе продолжиме.

Јас не сум Abraxas :) Ти може да ме оставиш но на секое твое прашање, ако имам волја ќе дадам одговор - форумов ќе го посетат и други заинтересирани - па да си најдат одговор. Не се одговорите наменети само за тебе. Ова е форум. :) Јас и ти сме сложувалки во една поголема сложувалка :)

Се согласувам со кажаното!
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Пред да зборуваме за Телемитските ритуали... треба да се научат и изведуваат и бележат резултатите од изведувањето на ритуалите. И трезвено да се зборува за нив преку набљудување на резултатите. Колку си сигурен дека нема да се промени ништо?
Да не донесуваме заклучоци за незавршени работи!

Ако мислиш дека со ритуали се симулира доживување на било што, штета што имаш такви размисли... За симулирање имаме ПЦ, не е мудро умот да се користи за симулирање преку ритуали (било какви) на некаква реалност! Фантазирањето е опасна работа по патеката која се оди. Треба да е човек строг во оваа работа врз себе си!
Волјата е тука, реков. Ти ми ја дефинираше мојата волја, не јас. Диши...

И многу те пецна тоа што некој кажал дека не си дораснат за одговорите на прашањата што ги поставуваш. Едноставно не си и нема да добиеш од ниту еден телемит одговор на вакви прашања (барем не конкретен одговор)... и на други форуми е прашувано и останале неодговорени прашањата! Толку е едноставно...

И тој стих секој втор го користи во своја одбрана или да покаже како Телемитот не се држи до светите книги. Треба да научиш како работат мудростите од светите книги во Телемата. Цитираш од извадоците на мојот блог? :)

Признаваш дека си слаб и не си одолеал на некое искушение? Ме судиш дека брзам во дефинирањето на твоето дејствување на темава? Не гледам дека погрешив нешто до сега :D
И не те сметам за послаб, само сметам дека не си запознаен. Не гледам тука осудување, само укажување да учиш! Да беше запознаен, ќе поставуваше прашања од ваков тип како претходно?

Зошто се повикуваш на цитати од Телемитски книги? Бидејќи јас сум Телемит? :)

P.S. Седни поседи бре на форумов - се во исто време по 20 мин на темава и те снемува. Сега ти е паузата на работа, вечер после работа? :) Не може човек муабет да си прави :) 93 93/93
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Што се однесува до стихот,....нека остане без кометар и од ваша и од моја страна.
Вас ви е забрането,мене не ми е забрането, само ми е таква волја.
Ќе ти цитирам дел од коментарите во "Законот е за сите" во врска со цитатите кој ги спомена.
Да одиме со ред:

Liber Al III:51
"Со мојата глава Соколова ги колвам очите Исусови додека виси на крстот."
КОМЕНТАР: "Би требало внимателно да го разгледаме овој напад на Херу - Ра - Ха против секој од овие "богови" или пророци посебно, бидејќи ако се претпостави дека тие се или претставуваат Магови од минатото, клетвата на нивните Степени би требало да ги проголта.
Оттука очите на "Исус" - неговиот поглед на светот е она што мора да биде уништено, овој начин на гледање е погрешен поради Магискиот Гест на саможртвување..."

Liber Al III:52
"Со крилјата замавнувам по лицето Мухамедово и го ослепувам."
КОМЕНТАР: "Мухамедовото гледање на светот е иста така погрешно, но нему не му се потребни толку остри поправки како на "Исус". Неговото лице - неговиот надворешен изглед е она кое треба да се покрие со Неговите крилја. Исламските тенети, ако правилно се протолкуваат, не се далеку од нашиот Начин на Живот, Светлина, Љубов и Слобода. Ова се однесува особено на тајните тенети. Надворешното верување е чиста глупост прилагодена за интелегенцијата на луѓето меѓу кои е пројавена...."

Liber Al III:53
"Со моите канџите откинувам месо од Индиецот и Будистот, Монголецот и Динот."
КОМЕНТАР: ""Монголецот" е можна алузија на Конфучијанизмот, чија метафизичка и етичка безгрешност не успеала да ги спаси неговите следбеници од загубата на оние диви доблести кои се карактеристични за Борбените Животни, и оттука да добијат цивилизација која е историска современичка со варварските племиња во Европа.
Дин - "строгост" или "пресуда" - би можело повеќе да се однесува на Еврејскиот Закон, отколку на Верата (ал - дин) на Исламот. (Дин значи религија на Арапски, во смисла на обврзаност што разумните суштества ја имаат кон Бог, со чуство на долг кој треба да биде исплатен.) На тој начин ова се четирите религии чие месо треба да биде растргнато, а кои го покриваат остатокот на земјината топка...."

Liber Al III:55
"Нека Марија пречиста биде растргната на тркала: заради неа нека сите девствени жени бидат потполно презрени меѓу вас!"
КОМЕНТАР: "Името Марија е поврзано со Мара, mors итн., од санскрит* MR "да убие" и со mare "More", чии води се спротивставуваат на Огнот на Хорус. Овде цитирам пасус од Liber XCVII која во потполност се занимава со ова:
Дозвлете ми да медитирам исклучиво за оваа омраза спрема мајката MR е санскритски корен = "Да се убие", оттука Мара, mors, Maria и сметам дека meer, mere, mer - накратко многу зборови кои означуваат смрт или море. Забележете дека Мордред е предавничкиот негативец во Смртта на Артур. Во Liber Legis ја имаме "Марија" која треба да се "растргне на тркала" очигледно затоа што е "необесчестена". Liber 418 нуди објаснување за ова: "затоа што се затворила", мислам дека се сеќавам на фразата.
Таа е шакти, те, Магиска Врата помеѓу тао и Манифестираниот Свет. Голема Пречка е ако оваа Врата е заклучена......."

П.С. Морам да напоменам дека Книгата на законот не е наменета да се толкува буквално, таа е криптиран текст, нејзиното толкување во буквална смисла е погрешно и неводи никаде.
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ќе ти цитирам дел од коментарите во "Законот е за сите" во врска со цитатите кој ги спомена.

.

Да додадам дека ја нема како ПДФ книгата, ќе мора да си ја купите ако сакате да читате и да се запознаете малку од малку со Телемата! :)

П.С. Како не те мрзи, не знам :D Мислиш дека нешто е одговорено на задоволувачки начин? :) Едвај чекам коментар :D
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Пред да зборуваме за Телемитските ритуали... треба да се научат и изведуваат и бележат резултатите од изведувањето на ритуалите. И трезвено да се зборува за нив преку набљудување на резултатите. Колку си сигурен дека нема да се промени ништо?
Да не донесуваме заклучоци за незавршени работи!
Тоа се однесува за оние членови кој немале(а повеќето намаат) доживување!
Колку сум сигурен?Ако прашањетот се однесува за предходниот цитат,100% нема да се промени.

Ако мислиш дека со ритуали се симулира доживување на било што, штета што имаш такви размисли... За симулирање имаме ПЦ, не е мудро умот да се користи за симулирање преку ритуали (било какви) на некаква реалност! Фантазирањето е опасна работа по патеката која се оди. Треба да е човек строг во оваа работа врз себе си!
Волјата е тука, реков. Ти ми ја дефинираше мојата волја, не јас. Диши...
Мислам дека ме разбра што сакав да кажам,нема потреба да ги извртуваш зборовите.

И многу те пецна тоа што некој кажал дека не си дораснат за одговорите на прашањата што ги поставуваш. Едноставно не си и нема да добиеш од ниту еден телемит одговор на вакви прашања (барем не конкретен одговор)... и на други форуми е прашувано и останале неодговорени прашањата! Толку е едноставно...
Не ме пецна ништо,тоа беше само низок удар од тебе,надевајќи се дека ќе ме изместиш од колосек .
Сосема те разбирам на кој начин функционираш!
И тој стих секој втор го користи во своја одбрана или да покаже како Телемитот не се држи до светите книги. Треба да научиш како работат мудростите од светите книги во Телемата. Цитираш од извадоците на мојот блог? :)
Не можеше да преќутиш дека е тоа ТВОЈОТ БЛОГ.
За ова зборев на почетокот,ако дојдат во погрешни раце ваков вид на книги.
Опијанет егогоисту,приземи се малку!

Признаваш дека си слаб и не си одолеал на некое искушение? Ме судиш дека брзам во дефинирањето на твоето дејствување на темава? Не гледам дека погрешив нешто до сега :D
И не те сметам за послаб, само сметам дека не си запознаен. Не гледам тука осудување, само укажување да учиш! Да беше запознаен, ќе поставуваше прашања од ваков тип како претходно?

Зошто се повикуваш на цитати од Телемитски книги? Бидејќи јас сум Телемит? :)
Сега те боли цитатот,па си бараш оправдување?

P.S. Седни поседи бре на форумов - се во исто време по 20 мин на темава и те снемува. Сега ти е паузата на работа, вечер после работа? :) Не може човек муабет да си прави :) 93 93/93
Муабет може да се прави само ако некаде седнеме,а вака на форум- кога ќе имам време.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Цитаите имаа многу подлабоко значење,додека коментарите се дадени површински кој усмеруваат што тоа би значело.
А значењето за нив со доживување се добива сосема нешто друго.
Тоа еден вид соголување од религиските и догматичните верувања,а со нивното отфрлање кој се дадени како оформено човеково тело се доаѓа до скелет. Сака да каже,колку болно е сето тоа да се направи,да се откорнат тие очи,да се прикрие лицето,да се откорне месото , да се доживее смртта која е единствен предуслов преку кој може се соедините со Нуит.