Што се однесува до стихот,....нека остане без кометар и од ваша и од моја страна.
Вас ви е забрането,мене не ми е забрането, само ми е таква волја.
Ќе ти цитирам дел од коментарите во "Законот е за сите" во врска со цитатите кој ги спомена.
Да одиме со ред:
Liber Al III:51
"Со мојата глава Соколова ги колвам очите Исусови додека виси на крстот."
КОМЕНТАР: "Би требало внимателно да го разгледаме овој напад на Херу - Ра - Ха против секој од овие "богови" или пророци посебно, бидејќи ако се претпостави дека тие се или претставуваат Магови од минатото, клетвата на нивните Степени би требало да ги проголта.
Оттука очите на "Исус" - неговиот поглед на светот е она што мора да биде уништено, овој начин на гледање е погрешен поради Магискиот Гест на саможртвување..."
Liber Al III:52
"Со крилјата замавнувам по лицето Мухамедово и го ослепувам."
КОМЕНТАР: "Мухамедовото гледање на светот е иста така погрешно, но нему не му се потребни толку остри поправки како на "Исус". Неговото лице - неговиот надворешен изглед е она кое треба да се покрие со Неговите крилја. Исламските тенети, ако правилно се протолкуваат, не се далеку од нашиот Начин на Живот, Светлина, Љубов и Слобода. Ова се однесува особено на тајните тенети. Надворешното верување е чиста глупост прилагодена за интелегенцијата на луѓето меѓу кои е пројавена...."
Liber Al III:53
"Со моите канџите откинувам месо од Индиецот и Будистот, Монголецот и Динот."
КОМЕНТАР: ""Монголецот" е можна алузија на Конфучијанизмот, чија метафизичка и етичка безгрешност не успеала да ги спаси неговите следбеници од загубата на оние диви доблести кои се карактеристични за Борбените Животни, и оттука да добијат цивилизација која е историска современичка со варварските племиња во Европа.
Дин - "строгост" или "пресуда" - би можело повеќе да се однесува на Еврејскиот Закон, отколку на Верата (ал - дин) на Исламот. (Дин значи религија на Арапски, во смисла на обврзаност што разумните суштества ја имаат кон Бог, со чуство на долг кој треба да биде исплатен.) На тој начин ова се четирите религии чие месо треба да биде растргнато, а кои го покриваат остатокот на земјината топка...."
Liber Al III:55
"Нека Марија пречиста биде растргната на тркала: заради неа нека сите девствени жени бидат потполно презрени меѓу вас!"
КОМЕНТАР: "Името Марија е поврзано со Мара,
mors итн., од санскрит* MR "да убие" и со
mare "More", чии води се спротивставуваат на Огнот на Хорус. Овде цитирам пасус од Liber XCVII која во потполност се занимава со ова:
Дозвлете ми да медитирам исклучиво за оваа омраза спрема мајката MR е санскритски корен = "Да се убие", оттука Мара,
mors, Maria и сметам дека
meer, mere, mer - накратко многу зборови кои означуваат смрт или море. Забележете дека Мордред е предавничкиот негативец во
Смртта на Артур. Во Liber Legis ја имаме "Марија" која треба да се "растргне на тркала" очигледно затоа што е "необесчестена". Liber 418 нуди објаснување за ова: "затоа што се затворила", мислам дека се сеќавам на фразата.
Таа е
шакти, те, Магиска Врата помеѓу
тао и Манифестираниот Свет. Голема Пречка е ако оваа Врата е заклучена......."
П.С. Морам да напоменам дека Книгата на законот не е наменета да се толкува буквално, таа е криптиран текст, нејзиното толкување во буквална смисла е погрешно и неводи никаде.