Туго Бошке, туго Лелке!
Тмурност и грмежи во склад со човековите карактери. Перфектна спојка. Ко реприза на бурните денови на форумов.
Споулавува природава, жими мама.
Кога сме кај мама, и женава скренала за триста и два степени. Редовно го прати доктор Оз, па го впива секој совет здраво за готово.
Станала уште во 7 да пешачи, оти така било здраво, а секој ден појадува две кришки црн леб со маргарин и зелен чај. Брутално.
Интересно ми е да се надмудруваме ко две испетелени тинејџерки.
Што ти прави климакс. Се надевам нема да се облекувам во емо-аниме стил кога ќе дојде времето да ме трефне и мене.
Туку, бедни ни се медиумиве бе луѓе.
Од што немаат што да кажат, и од што сакаат да си ги прикријаат про-партиските наклоности и интереси, се занимаваат со трачеви и рандом сообраќајки фатени на улица, каде што настрадала една мравка, а три скакулци се повредени од кои еден во животна опасност.
Никнуваат новинарчиња ко печурчиња после дожд. А писменост?
Па следи три реда украдена и лошо преведена вест у стил:
„Најзарозен Дунав, кој достигна редордни девет метри во Будимпешта денеска.“
К и Д не се ни близу! Нема да се вадиме со фактот дека текстот не е лекториран. Неписмен/а си. Точка.
Па заостанати сме биле. Е не, квантна механика ни сервираат.