Најпрво да ја пофалам темава
“
Сродна душа, вистинска љубов, оној кој е предодреден да биде наш сопатник, да не поддржува во најнеизлезните ситуации, да не љуби и тогаш кога ни самите немаме ниту една причина за тоа, да не гледа со вистински очи а сепак во нив да изгледаме совршено. Оној кој ќе ни биде еден и единствен и на кому ние ќе бидеме едни и единствени. Парчето сложувалка кое отсекогаш ни фалело за да се чувствуваме целосни, оној без кој животот не би имал никаква смисла. Башка да има Црна коса, плави очи, убава градба, висок, харизматичен, вицкаст, да чита поезија итн итн. “
Мислам дека реалноста е сосема поинаква а и треба да е поинаква. Вистинската личност е личност која во вистинско време и на вистинското место со игра на судбината и случајностите ќе се вметне во нашиот ум а потоа и срце како оној кон кој сме се стремеле цел наш живот. Тој можеби нема да ги исполнува сите услови и предуслови да биде вистинскиот но по одреден период е личност со која го делиме нашиот живот години и години. Мислам дека доколку успееме да дозволиме да бидеме освоени од една личност која на прв поглед е далеку од оној кој за нас би бил “совршен пар“ , од која можеме да научиме нешто ново, со која ќе се контраме за тоа дали е подобро да си сонувач или човек со двете стапала залепени за земја, оној кој ќе не нервира до лудило од една страна а исто така и оној кој може да ни ја полуди крвта од преголема љубов од друга страна, тогаш ние сме си ја пронашле нашата вистинска личност.
Јас не би можела да бидам со некој кој е моја машка верзија, со кој за се ќе имаме исто мислење, ќе си ги завршуваме речениците ...тоа би ме полудило ама во буквална смисла.
И што ако пополниме список за тоа како треба да изгледа “вистинскиот“? Ќе бидеме во потрага цел наш живот и ќе штиклираме што и кој исполнил и што не исполнил од нашиот список? Ќе останеме сами, затоа што барајќи нешто подобро сме биле слепи пред она што би ни го сменило животот.
Таман работа цел живот да се мислам дали маж ми со кој имам три деца, 30 год брак , со кој доброволно од љубов сум стапила во заедништво , дали некаде во нов зеланд има некој што можеби тој би требало да ми биде сродна душа ... Така никогаш не би била целосно среќна.
Можеби и Пепелашка по славниот „Да Енд“ се прашувала....леле да не избрзав? Who knows....
Додека сте среќни, задоволни, заљубени, и насмеани со тој до вас, тогаш вие сте со вистинската личност, и не го губите времето кое би требале да го посветите на некој друг во некоја друга димензија...