Не сум, и не чувствувам ни најмала потреба да бидам.
За мене, а и за науката, која се служи со докази (единственото нешто релевантно за мене) не го запознала Бог сеуште.
Ако се докаже неговото постоење, ќе верувам. А бидејќи нема да се докаже... Јебига
Атеистите се повеќето луѓе што не се замараат со верата па најлесно му е да каже дека е тоа отколку да прочита и се остало.
Ова е добар дел,секогаш ќе паѓаш во искушение дали има или нема нешто ама баш мислам дека нема да си стопосто сигурен нити во едното
Грешиш. Најчесто атеистите знаат многу повеќе за религиите, отколку самите верници. Факт е дека сите речиси сме родени во религиозни семејства, и на сите нас ни биле сервирани верувања. За да станеш атеист, треба прво да се соочиш со фактот дека твоите најблиски веруваат во нешто погрешно и тебе те учеле погрешно. За да си ја потврдиш оваа теза, седнуваш и си читаш Библија, Куран, Тора... итн. Потоа, сфаќаш дека се ти е те едно исто, и се прашуваш како е возможно некој да верува во ова.
За разлика од атеистите, верниците најчесто прифаќаат тоа што им е сервирано, без критика, па и без потреба да читнат Библиски текст.