Дали и зошто (не) сте религиозни?

marjan

Истакнат Член
13 февруари 2012
489
657
93
Bitol, Bitola, Macedonia
те цитирам:" Да напоменам, религиозен човек, е оној кој се води по својата религија, како што му налага,и го практикува буквално начинот на живот, кој се состои од славење на празници, неработење во одредени денови, држење постови, правење метании, намаз, клањање, крстење, крштевки, и други метании што налага религијата, па дури и во стил на облека."
нема такви :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Не сум до толку религиозна колку што си опишал ти.
Одам во црква редовно, верувам во Господ, почитувам празници, се крстам..

Инаку има и такви што се религиозни многу..мојата кума е чист пример за тоа, дури и по облеката од 10m. можеш да ја познаеш :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC

Е да де, тоа ми е. Можи ја малце екстремно. Ме интересира, последно време шо е она во луѓето што ги тера знаци, ете, одиш во црква,се крстиш палиш свеќа, значи сакам да знам шо е причината?:)
 
emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Е да де, тоа ми е. Можи ја малце екстремно. Ме интересира, последно време шо е она во луѓето што ги тера знаци, ете, одиш во црква,се крстиш палиш свеќа, значи сакам да знам шо е причината?:)
Одам во црква за да си се смирам. Ми смирува одењето во црква. Се молам за здравје, среќа, успеси... А што ме тера ни самата не знам, може затоа што од мала со кумата сум одела во црква па ете „навика“ ми станало. Си ја почитувам религијата на еден начин. Не значи тоа дека не пцујам или дека не правам прекршочни работи.. :D
 
Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Религиозна сум :) верувам во Бог и секогаш ќе верувам :) кој не создал нас сите? ;)

Не велам да не веруваш, ама „кој не создал нас сите?’’ ..
Да не почнувам да тупам овде, али Big Bang Theory мислам дека доволно јасно го објаснува почетокот на ширењето на вселената, темната материја, згуснувањето на ѕвездите, создавањето на различните планети, можноста да се живее на нив (пр. нашата, па создавањето на најситните честички на нашата планета и така натаму. :)

Btw, јас сум повеќе кон агностик. Не можам да верувам дека ИМА, нити пак дека НЕМА, зашто и онака никој до сега не докажал. Се се базира на претпоставки.
 
Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Атеистите се повеќето луѓе што не се замараат со верата па најлесно му е да каже дека е тоа отколку да прочита и се остало.
Btw, јас сум повеќе кон агностик. Не можам да верувам дека ИМА, нити пак дека НЕМА, зашто и онака никој до сега не докажал. Се се базира на претпоставки.
Ова е добар дел,секогаш ќе паѓаш во искушение дали има или нема нешто ама баш мислам дека нема да си стопосто сигурен нити во едното:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Morticia.

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Одам во црква за да си се смирам. Ми смирува одењето во црква. Се молам за здравје, среќа, успеси... А што ме тера ни самата не знам, може затоа што од мала со кумата сум одела во црква па ете „навика“ ми станало. Си ја почитувам религијата на еден начин. Не значи тоа дека не пцујам или дека не правам прекршочни работи.. :D

Значи кај тебе религиозноста е традиционална, него ли од незнам, побожен карактер.
И на некој начин убаво си правиш. Во ред си е одење, одмарање кога те опушта, битно е да испратиш позитивни мисли кон космосот и истите ќе бидат позитивно одговорени.

По се изгледа нема религиозни луѓе на форумов, па може темава да иде, во канта, или да се брише.
Цела поента ми беше да слушнам од некој што функција има неговото крстење,и ред други метании што ги прават...
 
Тие што го прават тоа целосно се посветени на Бога...барем така го гледам тоа јас.
 
Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Не спомнав, транс движењето е на некој начин нова хипи култура...
 
TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Не сум, и не чувствувам ни најмала потреба да бидам.
За мене, а и за науката, која се служи со докази (единственото нешто релевантно за мене) не го запознала Бог сеуште.
Ако се докаже неговото постоење, ќе верувам. А бидејќи нема да се докаже... Јебига :)

Атеистите се повеќето луѓе што не се замараат со верата па најлесно му е да каже дека е тоа отколку да прочита и се остало.

Ова е добар дел,секогаш ќе паѓаш во искушение дали има или нема нешто ама баш мислам дека нема да си стопосто сигурен нити во едното:)

Грешиш. Најчесто атеистите знаат многу повеќе за религиите, отколку самите верници. Факт е дека сите речиси сме родени во религиозни семејства, и на сите нас ни биле сервирани верувања. За да станеш атеист, треба прво да се соочиш со фактот дека твоите најблиски веруваат во нешто погрешно и тебе те учеле погрешно. За да си ја потврдиш оваа теза, седнуваш и си читаш Библија, Куран, Тора... итн. Потоа, сфаќаш дека се ти е те едно исто, и се прашуваш како е возможно некој да верува во ова.

За разлика од атеистите, верниците најчесто прифаќаат тоа што им е сервирано, без критика, па и без потреба да читнат Библиски текст.