Јас одам на козметичар,а тие купуваат од афродита сум ги видела пакувањата. Но мислам дека се прилично скупички. Една моја другарка купуваше шеќерна паста, 40 ден во кое пакување има за цели нозе , како калапче изгледа и треба да го размакнуваш дел по дел . Мачно е за сама дома . Е сега има некој си прават дома сами рецепт и мислам дека е полесно така домашно.
Еве еден рецепт што најдов на нет.
Состојки:
2 чаши кафеав шеќер
1/4 чаша вода
1/4 чаша сок од лимон
Постапка:
Помешајте ги состојките во еден сад и загрејте ги над силен оган. Постојано мешајте ја смесата за да не загори. Загревајте се додека шеќерот не се растопи комплетно и се претвори во леплива, карамелна течност.
Потоа оставете ја смесата да се олади до температура која ќе биде поднослива за вашата кожа. Намачкајте ги нозете, нанесувајќи ја смесата во правец на растење на влакната, а потоа употребете ленти за отстранување исто како што правите и со купечкиот восок.
Остатокот од смесата соберете го во пластичен сад и ставете го во ладилникот, кога повторно ќе Ви затреба само загрејте ја смесата.