Јас со глава ти гарантирам дека пит бул нема да те касне 5-6 пати. Ќе те апне еднаш и вилицата ќе му се укочи и забите ќе ти останат зариени на местото се додека не дојде некој и те спасиОва првово ко пореално ми изгледа, со оглед на тоа колку има (не)совесни сопственици на кучиња што се поопасни од типот на пит були, бул дози, ротвајлери кои ги чуваат и не ги дресираат правилно, а притоа го пуштаат од синџир и не му клаваат маски... големи се шансите да те апне 5-6 пати.
И види сега колку реално изгледа ситуацијава.
Јас чувам пит бул, цел живот. Пред да го земам овој што го чувам сега, имав женка Лина се викаше. Беше толку мила и мирна, што внуците и’ се качуваа буквално со ноџињата на стомак таа не псинуваше.
Ама имаше една маана. Кога ја пуштав во двор, ако некој влезеше без јас да сум или некој од домашните надвор, тешко него.
Од таа причина, јас претходно дворов го заградив квалитетно, ставив ознака „внимавај куче“ патем со нејзина слика, за да се види колку страшно изгледа.
Еден ден, децата од комшиите си играле со фудбал. Фудбалот преку ограда дошол кај нас. Татко им, наместо да ми заѕвони на ѕвонче, да му ја дадам јас, си зел нешто да се поткачи(затоа што за да прескокнеш на ѕид висок метро и седумдесет дефинитивно ти треба мала „помош“) си скокнал, и си влегол кај нас(патем при скокот му се свиткала ногата и го болела), е сега ко го видела Лина, му се нафрлила и го „апнала“. Потоа одеше тужење, јас морав да ја усмртам Лина.
А поради што?
Поради моја несовесност? Не пријателе... Поради несовесност на човекот. Само ако се осудеше да ми ѕвони на ѕвонче се’ ќе беше поинаку.