33. Durian
- фетусот е долг 43.7-47.5цм и тежок 1.9-2.6кг. Очите му се постојано отворени додека е буден. Почнува да го координира дишењето со цицањето и голтањето. Коските оцврснуваат. Мозокот се повеќе се развива.
34. Butternut Squash
- фетусот препознава и реагира на едноставни песни, ако мајката ги пее. Веројатно по раѓањето, полесно ќе заспива со тие песни. Тој уринира по околу половина литар дневно.
35. Кокос
- во овој момент, слушниот апарат е целосно оформен, и фетусот најдобро реагира на бучава. Ако е момче, неговите тестиси се веќе целосно спуштени.
36. Медлика
- се повеќе фетусот е способен сам да дише. Неговата кожа станува се помека, а неговите непца се поцврсти. Црниот дроб и бубрезите целосно функционираат. Циркулаторниот и имуниот систем, иако не сосема, сепак се спремни за функционирање во надворешниот свет.
37. Зимска диња
- фетусот вежба некои активности: вдишување, издишување, цицање, фаќање и трепкање. Се создава неговиот прв тврд измет, наречен мекониум, спремен за неговата прва пелена.