Ја отворам оваа тема од информативен карактер.
Мотив ми е честото незнаење што е што (посебно од женска страна) кога станува збор за бременоста.
Не очекувам сите да знаат генетика, но ова се основни и секојдневни работи со кои скоро секој човек се сретнува во животот.
Размислував дали да преведам текст week by week или едноставно да поставам видеа.
Се одлучив за видеата, затоа што се предобри, и заслужуваат да бидат видени.
Доколку некој сака week by week превод на македонски, слободно нека побара
Колку за ,,основа,, ќе објаснам некои поими, да не мора да гуглате на секое
- Ембриогенеза е периодот на првото тримесечје од бременоста, а феталниот развој се вторите две тримесечја.
- Сперматозоид - машка полова клетка - хаплоидна (X/Y)
- Јајце клетка - женска полова клетка - хаплоидна (X)
- Диплоидна vs. Хаплоидна клетка - диплодината клетка содржи 46 хромозоми, колку што е нормално еден човек да има. Хаплоидната клетка содржи само еден сет од хромозоми - 23.
- Зигот - диплоиден организам, создадена од една машка и една женска полова клетка. Машката полова клетка може да биде X или Y, додека женската е секогаш X. При оплодувањето, ако машката полова клетка е X, плодот ќе биде од женски пол (X+X=ХХ), ако е Y, плодот ќе биде од машки пол (X+Y=XY)
- Бластоциста - кога зиготот ќе почне да се дели на повеќе клетки и неговиот развој е значајно забрзан, зборуваме за бластоциста. Кога бластоцистата ќе се закачи за ѕидот на матката, зборуваме за ембрион, и со ова започнува бременоста.
- Ембрион - плодот се нарекува ембрион до 12 недела од своето настанување. Во овој период се создаваат сите органи на плодот.
- Фетус - плодот се нарекува фетус од 13 недела па се до крајот на бременоста. Во овој период сите зачетоци на органи се веќе создадени и се случува само нивен развој. Значи, не се создаваат нови органи - тие се веќе создадени во периодот на ембриогенезата.
1. Оплодување
заради тоа што не можам да го поставам видеото, повелете линк
2. 1-9та недела
3. 10-14та недела
4. 15-20та недела
5. 21-27ма недела
6. 28-37ма недела
7. Породување и раѓање
Бонус: Момче или девојче?