Ембриогенеза и фетален развој | Црнобело Форум

Ембриогенеза и фетален развој

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Ја отворам оваа тема од информативен карактер.
Мотив ми е честото незнаење што е што (посебно од женска страна) кога станува збор за бременоста.
Не очекувам сите да знаат генетика, но ова се основни и секојдневни работи со кои скоро секој човек се сретнува во животот.

Размислував дали да преведам текст week by week или едноставно да поставам видеа.
Се одлучив за видеата, затоа што се предобри, и заслужуваат да бидат видени.
Доколку некој сака week by week превод на македонски, слободно нека побара :)

Колку за ,,основа,, ќе објаснам некои поими, да не мора да гуглате на секое :)

- Ембриогенеза е периодот на првото тримесечје од бременоста, а феталниот развој се вторите две тримесечја.

- Сперматозоид - машка полова клетка - хаплоидна (X/Y)
- Јајце клетка - женска полова клетка - хаплоидна (X)
- Диплоидна vs. Хаплоидна клетка - диплодината клетка содржи 46 хромозоми, колку што е нормално еден човек да има. Хаплоидната клетка содржи само еден сет од хромозоми - 23.
- Зигот - диплоиден организам, создадена од една машка и една женска полова клетка. Машката полова клетка може да биде X или Y, додека женската е секогаш X. При оплодувањето, ако машката полова клетка е X, плодот ќе биде од женски пол (X+X=ХХ), ако е Y, плодот ќе биде од машки пол (X+Y=XY)
- Бластоциста - кога зиготот ќе почне да се дели на повеќе клетки и неговиот развој е значајно забрзан, зборуваме за бластоциста. Кога бластоцистата ќе се закачи за ѕидот на матката, зборуваме за ембрион, и со ова започнува бременоста.
- Ембрион - плодот се нарекува ембрион до 12 недела од своето настанување. Во овој период се создаваат сите органи на плодот.
- Фетус - плодот се нарекува фетус од 13 недела па се до крајот на бременоста. Во овој период сите зачетоци на органи се веќе создадени и се случува само нивен развој. Значи, не се создаваат нови органи - тие се веќе создадени во периодот на ембриогенезата.


1. Оплодување
заради тоа што не можам да го поставам видеото, повелете линк

2. 1-9та недела

3. 10-14та недела

4. 15-20та недела

5. 21-27ма недела

6. 28-37ма недела

7. Породување и раѓање

Бонус: Момче или девојче? :)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Жалосно што во некои средини ден денеска се ,,обвинуваат,,жените ако не родат машко дете.
А сево ова се учи уште во школските денови,ама кој да го научи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Малку сликовито - секоја слика е недела, започнувајќи со 4та недела. Затоа редниот број на првата слика е 4.

Прво малце околу ембриогенезата :)

4. Афионово семе

- бластоцистата е видлива само под микроскоп - како малечко топче од клетки. Се вгнездува во ѕидот од матката. Топчето од клетки се дели и од него настануваат ембрионот и плацентата

5. Јаболково семе

- плодот е долг околу 33мм. Почнува формирањето на некои витални органи како срце, желудник, црн дроб, бубрези и системи - дигестивен, циркулаторен, нервен.

6. Зрно грашок

- плодот е долг околу 65мм. Почуваат да е забележуваат облините за нос, уши, образи. Почнува да се движи крвта низ не така софистицираниот циркуларен систем.

7. Боровинка

- плодот е долг околу 1.30цм. Се создаваат околу 100 нови мозочни клетки секоја минута.

8. Малина

- плодот е долг околу 1.65цм и тежок околу 1.10гр. Подобро се забележуваат нозете и рацете - и опашката ја нема :)
 

ComputerService

Истакнат Член
29 јануари 2013
443
235
143
Ја отворам оваа тема од информативен карактер.
Мотив ми е честото незнаење што е што (посебно од женска страна) кога станува збор за бременоста.
Не очекувам сите да знаат генетика, но ова се основни и секојдневни работи со кои скоро секој човек се сретнува во животот.

Размислував дали да преведам текст week by week или едноставно да поставам видеа.
Се одлучив за видеата, затоа што се предобри, и заслужуваат да бидат видени.
Доколку некој сака week by week превод на македонски, слободно нека побара :)

Колку за ,,основа,, ќе објаснам некои поими, да не мора да гуглате на секое :)

- Ембриогенеза е периодот на првото тримесечје од бременоста, а феталниот развој се вторите две тримесечја.

- Сперматозоид - машка полова клетка - хаплоидна (X/Y)
- Јајце клетка - женска полова клетка - хаплоидна (X)
- Диплоидна vs. Хаплоидна клетка - диплодината клетка содржи 46 хромозоми, колку што е нормално еден човек да има. Хаплоидната клетка содржи само еден сет од хромозоми - 23.
- Зигот - диплоиден организам, создадена од една машка и една женска полова клетка. Машката полова клетка може да биде X или Y, додека женската е секогаш X. При оплодувањето, ако машката полова клетка е X, плодот ќе биде од женски пол (X+X=ХХ), ако е Y, плодот ќе биде од машки пол (X+Y=XY)
- Бластоциста - кога зиготот ќе почне да се дели на повеќе клетки и неговиот развој е значајно забрзан, зборуваме за бластоциста. Кога бластоцистата ќе се закачи за ѕидот на матката, зборуваме за ембрион, и со ова започнува бременоста.
- Ембрион - плодот се нарекува ембрион до 12 недела од своето настанување. Во овој период се создаваат сите органи на плодот.
- Фетус - плодот се нарекува фетус од 13 недела па се до крајот на бременоста. Во овој период сите зачетоци на органи се веќе создадени и се случува само нивен развој. Значи, не се создаваат нови органи - тие се веќе создадени во периодот на ембриогенезата.


1. Оплодување
заради тоа што не можам да го поставам видеото, повелете линк

2. 1-9та недела

3. 10-14та недела

4. 15-20та недела

5. 21-27ма недела

6. 28-37ма недела

7. Породување и раѓање

Бонус: Момче или девојче? :)
уште од 1-9 се формира телото на бебето !?!?
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
9. Зелена маслинка

- плодот е долг околу 2.30цм и тежок околу 2гр. Почнува преминот од ембрион во фетус. Се повеќе се изразени фасцијалните карактеристики.

10. Сува слива

- фетусот е долг околу 3цм и тежок околу 4гр. Почнува формирањето на коските. Сите витални органи се создадени и почнуваат да функционираат. Почнуваат да се појавуваат ноктите и косата. Иако мајката не го чувствува, фетусот почнува да се движи.

11. Лајм (зелен лимон)

- фетусот е долг околу 4цм и тежок околу 7.10гр. Главата претставува речиси половина од вкупната маса. Кожата е сеуште проѕирна. Прстите не се повеќе поврзани еден за друг. Непцата почнуваат да се појавуваат.

12. Слива

- просечниот фетус е долг околу 5.30цм, а тежок околу 14гр. Поголемиот дел од виталните системи се формирани. За прв пат плодот има рефлекси - ако го допреш, ќе се помрдне, нешто за што не беше способен минатите недели. Тоа укажува дека оваа недела, нервниот систем за прв пат вистински профункционирал.
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
уште од 1-9 се формира телото на бебето !?!?
Се подразбира 1-9 недела од ембриогенезата. Нормално не од фертилизацијата :)

Фертилизацијата е дел од гестацискиот период, односно од последниот ден од циклусот на мајката, па се до закачувањето на бластоцистата на ѕидот на матката.
 

ComputerService

Истакнат Член
29 јануари 2013
443
235
143
Се подразбира 1-9 недела од ембриогенезата. Нормално не од фертилизацијата :)

Фертилизацијата е дел од гестацискиот период, односно од последниот ден од циклусот на мајката, па се до закачувањето на бластоцистата на ѕидот на матката.
А појма немам јас шо е тоа, фертилизација, и уште едно ме интересира, на пример што би било кога би вегле 2 сперматозоиди во јајце глетката, тогаш се создаваат близнаци, така знам, аххх бе како сум бегал порано на биологија, зато сега појма немам. (facepalm):D
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
А појма немам јас шо е тоа, фертилизација, и уште едно ме интересира, на пример што би било кога би вегле 2 сперматозоиди во јајце глетката, тогаш се создаваат близнаци, така знам, аххх бе како сум бегал порано на биологија, зато сега појма немам. (facepalm):D
Да, тогаш настануваат ,,еднојајчаните,, близнаци, но близнаци почесто настануваат кога има 2 јајце клетки и двете се оплодени.

На почетокот ги објаснив поимите, токму затоа што не очекувам секој да знае. Не знам ниту јас се, океј е :)
 

ComputerService

Истакнат Член
29 јануари 2013
443
235
143
Да, тогаш настануваат ,,еднојајчаните,, близнаци, но близнаци почесто настануваат кога има 2 јајце клетки и двете се оплодени.

На почетокот ги објаснив поимите, токму затоа што не очекувам секој да знае. Не знам ниту јас се, океј е :)
Ти си женско, и се разбира дека знаеш скоро се, за таа работа искрено мене никогаш Биолоѓија не сум учел т.е не сум имал мерак за учење, знам само некои работи од општа култура.
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Ти си женско, и се разбира дека знаеш скоро се, за таа работа искрено мене никогаш Биолоѓија не сум учел т.е не сум имал мерак за учење, знам само некои работи од општа култура.
Јас биологија не ни имав во средно :)
Од желба да знам нешто имам научено. Како и да е, никогаш не е касно нешто да се научи. Се надевам дека уживаше во видеата. Јас барем уживав - едно од природните чуда е зачнувањето и носењето на свет нов живот. :)