Абортус: за или против?

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
цела тема некако разглаба дали треба или не да се направи абортус.
ама прашањето не е тоа, прашањето е дали треба или не да постои изборот.
дали жената треба да го има тоа право сама да одлучи дали, што и како ќе направи.
инаку на сите ни е јасно дека таа одлука е можеби една од најтешките и на сите ни е јасно дека никој не би посакал да се најде во таква ситуација.
но, животот е заебан, па сѐ може да се случи, секому.
 

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Тоа не можеш да го кажеш со сигурност. Јас имам неколку познанички кои не сакаат да имаат деца воопшто (не, не се пубертетлики од 16 години во некој си филм).
И јас познавам такви, ама тие еве кога ме влечеш за јазик би имале заштитен секс, ако не сакаат деца, нели? Има секакви на светов, ама абортусот не е решение !
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Според мене абортусот е жива глупост, го оправдувам само во ситуации како силување и никако поинаку, а уште помалку ги опрадувам оние кои ќе го дадат детето во дом. Ако абортира некоја што треба да биде идна мајка, кога ќе ги гледа другите деца како трчкаат, се смеат, си шетаат со нивните родители, ќе и падне криво па ќе речи: и јас требаше да имам едно вакво.
Не го оправдувам воопшто, затоа што така се зголемува морталитетот, а тоа не чини, како што тргнало посено во нашава држава !
Во крајна линија, да помислиме дека има луѓе кои не можат да имаат деца, па би го посвоиле, пред да се помисли на абортус, луѓе на кои не им е битно од кого е и какво е тоа дете. Не знаете што носи животот.

И за тебе бонус прашање
- Зошто ембрионот плод на силување треба да се убие, зошто зиготите во епрувета треба да се убијат, а зошто плодот на доброволен сексуален однос треба да се роди?
И пази, гледај со очите на плодот, а не со очите на мајката ;)

цела тема некако разглаба дали треба или не да се направи абортус.
ама прашањето не е тоа, прашањето е дали треба или не да постои изборот.
дали жената треба да го има тоа право сама да одлучи дали, што и како ќе направи.
инаку на сите ни е јасно дека таа одлука е можеби една од најтешките и на сите ни е јасно дека никој не би посакал да се најде во таква ситуација.
но, животот е заебан, па сѐ може да се случи, секому.
Легален или илегален, абортусот ќе постои.
Разликата е што вака се заштитува здравјето на мајката, за разлика ако оди по касапи, а не доктори.
Не може никој да ме натера да постапувам со моето тело на одреден начин.
Ако сакам да го нема плодот, ќе го нема, а ако може некој друг да го израсне, нек повели.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
И јас познавам такви, ама тие еве кога ме влечеш за јазик би имале заштитен секс, ако не сакаат деца, нели? Има секакви на светов, ама абортусот не е решение !
Ниедна заштита не е гаранција, сите досега познати заштитни средства имаат пропусти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
И за тебе бонус прашање
- Зошто ембрионот плод на силување треба да се убие, зошто зиготите во епрувета треба да се убијат, а зошто плодот на доброволен сексуален однос треба да се роди?
И пази, гледај со очите на плодот, а не со очите на мајката ;)
Е па тој случај го оправдувам од страна на мајката, а нормално декај секој ембрион каков - таков би требало да живее. Но, има и за таквите случаи решение, спомнав дека многу луѓе сонуваат да имаат дете - а не можат, што значи дека и тоа дете може да се посвои, да се направи договор со мајката која била силувана..
долга и широка е темава, веќе глупо станува тоа што не си го искажува овде секој своето мислење ради ова оти ќе го цитираат 150 луѓе .. страшно ..
Ниедна заштита не е гаранција, сите досега познати заштитни средства имаат пропусти.
Има има, ама има и операции и што не ;)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Има има, ама има и операции и што не ;)
Претпоставувам дека збориш за отстранување на матката. Мислиш дека е подобро ако некоја не сака да раѓа да си ја отстрани матката? Дали знаеш дека еден дел од естрогенот се лачи токму таму? Отстрани го тој дел и ќе добиеш сериозни промени во карактерот поради промена на хормоните. Ова не е заштитно средство туку метод.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe and TheKitten

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Претпоставувам дека збориш за отстранување на матката. Мислиш дека е подобро ако некоја не сака да раѓа да си ја отстрани матката? Дали знаеш дека еден дел од естрогенот се лачи токму таму? Отстрани го тој дел и ќе добиеш сериозни промени во карактерот поради промена на хормоните. Ова не е заштитно средство туку метод.

да на тоа мислев, ама се вградуваат и спирали, значи не мора отстранување на матката .. оф леле .. нема везе ;)
 

Keepitreal

Полноправен Член
3 мај 2013
78
38
18
Толку емоционална и болна тема е абортусот. Колку што може да искриви може и да исправи работи . Но сепак остава една гоооолема трага во животот. Сепак не би се осмелил да судам, тоа е право на двата причинители.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Абортус по желба само еднаш годишно

Прекин на бременоста нема да може да се изврши ако од прекинување на претходната бременост не поминала една година, освен во случаи кога врз основа на медицински индикации ќе се утврди дека бременоста претставува опасност за животот или ќе доведе до тешко нарушување на здравјето на жената за време на бременоста, породувањето или по породувањето.

Втор абортус во иста година ќе биде можен и кога може да се очекува дека детето ќе се роди со тешки телесни или душевни недостатоци или кога до зачнувањето дошло со извршување кривично дело - силување, обљуба врз немоќно лице, полов напад врз дете, обљуба со злоупотреба на положбата или родосквернавење, како и кога ќе се утврди дека во текот на бременоста или по породувањето би можела жената да дојде во тешки, лични семејни, материјални или други услови што ќе имаат одраз врз нејзиното здравје.

Ова се предвидува со предлог-законот за прекин на бременост, кој по скратена постапка влезе во собраниска процедура.

Ако жената сака да ја прекине бременоста по 10-тата недела, ќе мора да има одобрение и од првостепена комисија за прекинување на бременоста. Оваа, како и второстепена комисија за прекинување на бременоста, ја формира министерот за здравство за секоја здравствената установа во која се врши абортус.


преземено од : http://www.dnevnik.com.mk
Што мислите за овој предлог закон? Дали е во ред да се ограничува абортусот?