Една професорка по психијатрија, кога дојдоа на ред овие тогаш т.н. сексуални девијации...ни’ рече:
“ Се’ она што се случува доброволно меѓу двајца возрасни луѓе во затворена просторија може да го сметаме за нормално“
...и искрено мене муабетот и тогаш и сега ми држи место...
Така да, кој што сака нека си прави во постелата, и уште побитно со кого сака нека си прави, негова желба, негово право, негов избор...и се разбира тоа да не му штети на другите..како и за било која друга работа...прави што сакаш, само не му штети и не му пречи на другите....
А морам да кажам, пошто многу ме иритира тој муабет...значи упорно спомнувате дека нормално е однос меѓу маж и жена за одржување на популацијата и раѓање на потомство...
Па добро бре луѓе вие при секоја партија секс правите дете????
Или ај поинаку да прашам....имате секс само за да направите дете???? Или за да ја задоволите сексуалната потреба и порив??