Ете гледаш дека им се ускратени правата? Зошто ако сака да си каже да не смее? Зошто да мора да преќути? Зошто еден "маалски фраер" смее да си се пофали колку женски фатил, а геј не смее да каже само дека има партнер од ист пол? Зошто повеќето како тебе (кои се против) мислат дека кога барем би се намалила дискриминацијата малку, хомосексуалците ќе почнат јавно да прават интимни работи или било што за да им го плескаат во фаца на луѓето фактот дека тие се геј? Нема такво нешто да се случи, дури и навредувачки е да кажеш. Ако смее да каже јавно дека е геј без да го претепаат или да го навредат, тоа не значи дека ќе: "Добар ден, може да ја уплата уплатницата?"... "Добар ден, секако, 65 денари"... "Фала најмногу, иначе сум геј и ајде пријатно, се гледаме". Чисто информативно, пополека им се исполнуваат желбите. Во неколку држави во САД дозволен им е и брак, а во повеќето (ако не и сите) ништо не менува ако некој е геј или хетеро. Второто се шири насекаде, особено во западна Европа. Биди сигурен дека еден ден и на Балканот мислењето ќе биде такво, особено зошто, еве да земеме во рок од 20 години, се зголемил процентот на луѓе кои ги прифаќаат хомосексуалците. Slowly buy surely.
А зошто ти мислиш дека така би постапиле, доколку би се признаеле нивните желби ?
Тие фраерите како што ти ги нарекуваш не креваат паради или да застанат на сред чаршија со микрофон и на што е можно повисоко место, да се дери и да се фали колку женски фатил.
Доколку се признаат правата на хомсексуалците односно да не бидат дискриминирани, голема е веројатноста на улица да начекуваме како си општат љубов меѓусебе двајца гејови, а утре другиден нејќам син ми да ги гледа тие работи...