Мислам дека сите ние девојките имаме некои полемики во врска со машкото однесување... па повелете девојки прашувајте,а се надевам мажите од форумот ќе се обидат да одговорат на нашите прашања... ете ајде јас ќе почнам :
Од секогаш ме интересирало што предизвикува кај машките да се однесуваат љубоморно кон девојките.имам другарка која го имаше тој проблем и мораше да стави крај на врската заради тоа...јас тоа неможам да го сфатам искрено...
Според некои мои размислувања, најискрено ќе ти кажам дека постојат мажи кои се љубоморни без причина.
Знаеш, кога викам без причина мислам дека девојката не ја дала причината, ама причина посекако си има.
Тоа се мажи што немаат самодоверба. Што се плашат дека не се доволно добро и што мислат дека девојката во секој момент ќе им ојде со друг.
И не сфаќаат дека занданите кои ги прават се токму оние кои ќе ја отераат девојката со друг.
А љубомора секогаш има.
Пример јас сум љубоморен кога ќе забележам дека некој ја следи жена ми со поглед. Не покажувам, само стискам со вилиците, од нервоза.
Сепак не сум љубоморен до таа мера да и’ забранувам да излегува за да не ја гледаат, да не и’ дозволвам да носи широко деколте за да не и’ ги гледаат градите(признавам дека знам да речам „Мило, деколтето, малку ми пречи. Не одиме на место кај што би сакал така да шеткаш“ и нејзино е натака дали ќе ми ја исполни желбата или не.)
Ова за забраниве.... Неколку пати ми се случило да скренам и да речам нема да одиш таму - иако односот го градиме без забрани.
Меѓу малкуте случаеви има еден што уште ме иритира.
Беше во последни денови од првата бременост, и ќе одеше со една биртија со школски, чадилнциа(со цигари), пијаници што можат да се затепаат... И на глава застанав ама не отиде... - значи тоа не е љубомора, туку е... гледање чекор напрет што би било ако би се случило нешто лошо....
Има случаеви па некоја ќе ги изневери, и следната девојка тешко неа... Сета недоверба е префрлена на неа.
А има па исто и случаеви каде што мажот не е воопшто виновен за неговата љубомора, туку жената ја предизвикува.
Си ја слушнала онаа поговорка „Се што е многу не чини?“ епа.... малата љубомора е слатка, и е многу важна во врската инаку нема да чувствуваш дека некој е заинтересиран за тебе, а болната љубомора е опасна....и тоа по живот