Штотуку прочитав мислење, од една исклучително прекрасна личност, која го има мојот респект од првиот момент на нашата форумска средба,
lady_blue
Не ме изненади фактот дека и она дигнала раце. Кога јас мелев, се трудев да објаснам дека со овие распекмезени дечишта, што кога биле мали сакале модератори да бидат ко ќе пораснат, форумов ќе стане место на незадоволство, раздор, иронии, плукање и полека но сигурно напуштање, канти тропаа.
Напуштање од оние кои се форумџии, а не од трагачите на партнери тука, од газолижачите, деноноќните демначи, исполнувачи на норма, палави чавки, недефинирани, изгубени случаеви.
Тие ќе ви седат, оти нив и тоа им е замислата, животната цел, да бидат љубени, авторитетни на некое виртуелно место, зашто да бидеме реални, кога ќе излезат од дома освен лажната самодоверба и надежта дека некој ќе ги примети, не понесуваат друго.
Може да го избришете и ова мое мислење, како што направивте со низа други, со кои се согласија мнозинство форумџии само во замислите на квази модераторите е незамисливо да биде присутно, може да ме банирате, ама болната вистина дека нешто е труло во државата Данска, ќе ви стои на глава. Тоа не ќе да го смените.
Инаку сарказмот е хумор, кој е разбирлив за интелегентни персони.
She се одалечи,
lady_blue исто,
ShakaZulu одамна, фали уште
Saladin и
Реми да си спакуваат куферите, и комотно може да си играте детска градинка.
Мака ми е, најсикрено ми е мака што единствените кои вистински уживав да ги читам, да дебатирам, полека се откажуваат.
Додуша и мене повеќе ме нема отколку што ме има, причините се веќе познати и еве уште еднаш горе наведени, ама мање битно.
ОПРАЈТЕ СЕ!
Квантитетот не креира убавина, ами квалитетот.
Пријатно.