Мене не ми се случило досега да дадам мој пасворд на дечко,ниту сум побарала негов,а се случило дечкото да го побара мојот пасс. Од една страна,тоа е знак на недоверба што мене страшно ме иритира доколку нема причина за такво нешто и некој започнува врска со недоверба и љубомора. Од друга страна, онаму каде што однесувањето на едниот партнер е сомнително, неговата искреност исто така сомнителна.. И чувството дека некој те прави будала е неподносливо,верувам за секој. Иако социјалните мрежи,претежно фејсбук се "убијци на врски" , ете некогаш баш на тој начин може да помогнат да се дознае лагата или лажната личност, која инаку веројатно би ја запознал можеби и години подоцна, можеби и во брак и тоа би било многу пофатално да се дознае тогаш.. Како и да е, тргнувам од себе, туку-така без причина не би го дала пасвордот, бидејќи немам тајни,но сепак тоа е интима. Не само моја,таму има работи кои моите пријатели ми ги доверуваат за себе. Мојот дечко нема право да ги знае. Во екстремен случај би дозволила да влезе и прочита што сака доколку јас лично ја загрозам нашата врска и направам глупости.. Пред некој ден дечко ми ми го побара пассот од фб и се налутив и го повишив тонот, бидејќи немаше никаква причина за тоа,ете така едноставно сакал да види дали некој ме замара и сл. Е такви работи ме иритираат.