Танц со ѕвездите

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Васил Зафирчев е еден од најдобрите актери во Македонија. Човекот е ненормален талент, плус е идеален за емисијава затоа што е преинтересен, да не зборуваме колку убаво игра без некое претходно искуство.
Викторија Лоба е претставник на детска евровизија, има снимено добри синглови, плус полека се пробива и во манекенските води.
Адријана Будимир е една од нашите најголеми ракометни гордости.
Maрјана колку и да не ми е симпатична е успешна водителка, речиси сите Македонци ја знаат.
Јелена Јованова не е толку позната, ама девојката е толку мила, убава и харизматична, просто не можеш да не ја сакаш. Да не заборавиме дека за 3 недели покажа огромен напредок во играњето и е еден од главните фаворити.
Исто и Белов, иако не направи кариера, нема кој не го знае од Операција Триумф.

Е сега останатите, Аделина, Бранко, Атанас и Висар се помалку познати на јавноста, но сепак не се некои сосема утнати фаци кои се тешки за готвење. Баш си се ок луѓето. А и која ѕвезда ја очекуваш од кај нас? Таквите ѕвезди што сите Македонци ги знаат на прсти се бројат. Јас сум среќна што успеале да соберат доволно ѕвезди за сезона да снимаат.

Оргиналниот концепт на шоуто, Американскиот, никогаш не вика топ ѕвезди. Oд топ ѕвезди кои се познати на цел свет беа само Никол Шерцингер, Џенифер Греј, Ким Кардашијан, Мел Б, Тони Брекстон, Кели Озборн и можеби Марио Лопез. Тоа ти се 7 ѕвезди, а има 16 сезони со по 12 натпреварувачи. Учествувале гимнастичари, лизгачи на мраз, формула возачи... Што сепак не се ТОП ѕвезди.

Мене искрено ова многу ми е убаво. Конечно мрднавме од мртвата точка на турско срање.


Ете и за Атанас да надополнам дека ја има предстаувано Македонија на Олимписките игри, чинам во Атина, но не сум сигурен.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Ете и за Атанас да надополнам дека ја има предстаувано Македонија на Олимписките игри, чинам во Атина, но не сум сигурен.
Не знам дали бил во Атина, ама во 2008-та беше во Пекинг. :)
Не знаев. Ме радува ова што го прочитав, многу ми е мила Јелена.
И зошто ги нема клипчињата од 3 епизода? Јас не можам да ги најдам или не се уште излезени?
Ги поставија клиповите пред 2 саати. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Како и да е по втор пат си гласам за Марјана :igra
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Само што го догледав шоуто,па да споделам импресии.Пред се,многу ми се допадна танцот на Аделина и Ванчо и музиката Right Round во позадина(ова е еден од најдобрите настапи на Аделина и Ванчо),исто така беа добри Јелена и нејзиниот партнер и дефинитивно Јелена е мојот втор фаворит,после Лоба секако. Викторија Лоба како и секогаш најубава,највесела и најведра...најубаво изиграа и баш бев среќен што добија најмногу поени оваа емисија.
ПС:Од кога свирачите се разбираат во танц?!Мислам,третиот член на жирито слободно може да го заменат со некој што се разбира во танц.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Јас никогаш ги немам гледано на ТВ, гледав неколку настапи на јутјуб. Сите Лоба ја фалат па не е нешто посебно, повеќе од ѕвездите не си одговараат со партнерите.

Давор не значи ако е свирач дека не се разбира во танц, не можеш вака да пишуваш за некој ако не знаеш. Ова е ккао да речеш Сара е модератор не се разбира од музика, а јас имам завршено нижо музичко. Доста е да не одам многу оф.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Јас никогаш ги немам гледано на ТВ, гледав неколку настапи на јутјуб. Сите Лоба ја фалат па не е нешто посебно, повеќе од ѕвездите не си одговараат со партнерите.

Давор не значи ако е свирач дека не се разбира во танц, не можеш вака да пишуваш за некој ако не знаеш. Ова е ккао да речеш Сара е модератор не се разбира од музика, а јас имам завршено нижо музичко. Доста е да не одам многу оф.

Секој си има право на свое мислење.Офталмолог не може да даде дијагноза за кардиоваскуларни болести иако и он завршил медицински факултет. Специјалност си е специјалност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Секој си има право на свое мислење.Офталмолог не може да даде дијагноза за кардиоваскуларни болести иако и он завршил медицински факултет. Специјалност си е специјалност.
Па може и да има свирач, и тој има сигурно некое познавање па го поставиле. Влијаат многу фактори по што гиоценуваат (бар по мене).

Ете ти пример Music Idol, сите беа пеачи *Калиопи,Тони и Џамбазов*?-Не.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Па може и да има свирач, и тој има сигурно некое познавање па го поставиле. Влијаат многу фактори по што гиоценуваат (бар по мене).

Ете ти пример Music Idol, сите беа пеачи *Калиопи,Тони и Џамбазов*?-Не.

Токму затоа и реков,секој си има свое мислење.Еве на пример ја сметам дека во Music Idol Тони беше залутан,Калиопи беше најкомпетентна,а Игор блиску до компетентен. Зборот ми е дека може некој да заврше факултет за книжевност,ама тоа не значи дека е компетентен да ги учи децата од најмала возраст да читаат и да пишуваат.Сакам да кажам дека во жирито можел да влезе човек како Влатко кој е сепак експерт за танц.А и Миланка е со добри препораки. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Лоба беше океј, имаа интересни потези со партнерот, ама далеку е од најдобра и најубава и се нај, нај...
Го чекам настапот на Зафирчев се надевам дека ќе одиграат подобро од наредните емисии и ќе добијат уште поголеми поени од останатите. :igra
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma