Танц со ѕвездите

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Многу брзо ми заврши шоуто во саботата.Некако ја дадоа табелата,ајде се гледаме,чао.Нешто можеа да додадат,да биде позанимливо.
Искрено,очекував исфрлувањето да биде како во хрватското шоу(мислам дека тоа беше :unsure)сите пара настапуваат на сцената,околу сите нив се означува круг светлина и како парот оди понатаму,светлината се гаси.Оној пар чија светлина останува да свети си заминува.Наместо тоа,нашиве ја дадоа табелата и како едвај да чекаа да ја завршат емисијата,баш такво чувство имав.Али добро што е тука е.Се на се земено не беше лошо :)
 

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Лошо е реализирано шоуво, сминано и го даваат во два дена и тие што испадват само една табела даваат, безвеза.
Би требало сето ова да тече во живо па некоја неизвеснот поголема кој ќе испадне. Не една мисерна табела и тоа е тоа. Ај се надевам дека ова уште една две емисии ќе е па после во живо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Тотално сум разочаран од шоуто,поточно од судиите...Настапот на Аделина беше најдобар вечерва(тоа го кажа и жирито)и оп,Миланка која секогаш дава шестки денеска им даде петка(а најдобар настап имаат пазете!).Следува Зафирчев кој имаа па можеби послаб настап од претходните и Миланка им дава шестка,остај тоа па дури кога Оливер или како и да се вика третиот член на жирито,ги критикува,Миланка му упаѓа во збор и нешто како 'Мораш да сфатиш два пати по ред танцуваат ист танц' ... Се согласувам со Викса деке жирито фаворизира и поради нив ќе испаднат некои што стварно имале добар танц. Аделина веќе неколкупати по ред танцуваат одлично,така да ја додавам на листата на фаворити.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Не сум некаков танчерски судија и не се разбирам многу во танц, ама Зафирчев и денес одигра супер. Ем ме смееше, ем изведоа неколку добри чекори. Аделина и Ванчо беа само забавни од гледна точка, ме насмеа тоа со тапаните на крајот, ама тоа не беше никаков танц. Тоа е моето мислење.
 

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Јас гледам огромен напредок кај Белов, не можам да кажам дека игра предобро ама доста напреднал.(bravo)
Мој фаворит е Зафирчев, од почетокот најдобро игра исто и Јелена ми се допаѓа многу.
Аделина добра беше вчера ама предходната недела беше катастрофална, според мене многу и беше тешка кореографијата а таа сепак е аматер.
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Добро е шоуто, го гледам редовно. Не дека се разбирам во танц, више ме интересира шо смеа ке напраи Тони и какви фустани и костими носат танчерите, али интересно ми е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
криво ми е шо Аделина испадна...инаку навивам за Маријана и за Васил...тие две двојки ми се најдобри !
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Од последната емисија:

Колку е само позитивна Лоба,ја обожавам

И Аделина беа добри...