Танц со ѕвездите

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Не знам дали ова беше заради мене зошто се изјаснив кој ми е фаворит,али како и да е ќе си дадам дозвола да ти одговорам.Сега ќе ти објаснам зошто Викторија Лоба е мојот фаворит:Прво,Викторија секад е насмеана и секогаш знае да те расположе.Шо е тоа кога гледав последниот пат една шо играше само се мрште цела емисија не ја видов да се насмее?Сакам весели и ведри луѓе,Викторија дефинитивно е една од нив.Ја сакам многу нејзе,можам да кажам дека според мене таа е Number1 од македонската естрада,може и пошироко.Едноставно знае да направе да биде интересно.Обожавам додека ја гледам.Исто така,морам да нагласам дека е преубава девојката и баш сакам женска ми да биди како неа,и во душа и на лик.Едноставно според мене Викторија Лоба е перфектна.И така,јас сум за неа :)
Си давам дозвола да те прашам неколку деликатни прашања...
Ја знаеш Лоба и приватно? Затоа што гледано реално скоро никој од јавните личности не се исти пред и зад камерите.
Второ... По описов што го даде, ти како да бираш Miss World а не девојка што танцува...
Можеби е убава(зависно од критериумите што си ги имаш за убавина) ама што мислиш ти за нејзиното танцување?
Во ред е, чим ти е фаворит значи и тоа ти се допаѓа(играњето) ама не го нагласи тука, што значи и не ти е толку важно како игра...
Се согласувам со тебе, дека намуртеноста на сцена не буди добри вибрации кај гледачите, ама оние што ги гледаат чекорите на играчите баш и нема да ја гледаат во лице, ќе ги гледаат нозете и телото како се усогласени со ритмичките движења.
 
Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123

Дали чекорите се правилни или не во танцот може да кажат членовите на жирито и оние кои ги знаат правилата во танцот,меѓутоа за победници во Танцот на ѕвездите ќе гласаат многу македонци кои не се експерти за танц.На обичните гласачи можеби најважно ќе им биде која од македонските ѕвезди танцувајќи шири најмногу позитивна енергија околу себе.А за да се почувствува нечија позитивна енергија според мене и не е најважно тој некој да се познава.
 
Тогаш дефинитивно нема што веќе да се збори :)
Ова е само збор за различни вкусови.
Искрено и кога би немал појма што е танц... не би ми се допаднала толку вештачка насмевка, и толку укочено движење.
Ама како што реков - различни вкусови.
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
#Танцсоѕвездите а никаде не видов ѕвезди. Освен ако не се самопрогласени.

@Macko_Sh ма повеќе ѕвезди има на знамето на #ЕУ отколку во #танцсоѕвездите

***
два мои твита поврзани со sh*t-ов
 
Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103

Васил Зафирчев е еден од најдобрите актери во Македонија. Човекот е ненормален талент, плус е идеален за емисијава затоа што е преинтересен, да не зборуваме колку убаво игра без некое претходно искуство.
Викторија Лоба е претставник на детска евровизија, има снимено добри синглови, плус полека се пробива и во манекенските води.
Адријана Будимир е една од нашите најголеми ракометни гордости.
Maрјана колку и да не ми е симпатична е успешна водителка, речиси сите Македонци ја знаат.
Јелена Јованова не е толку позната, ама девојката е толку мила, убава и харизматична, просто не можеш да не ја сакаш. Да не заборавиме дека за 3 недели покажа огромен напредок во играњето и е еден од главните фаворити.
Исто и Белов, иако не направи кариера, нема кој не го знае од Операција Триумф.

Е сега останатите, Аделина, Бранко, Атанас и Висар се помалку познати на јавноста, но сепак не се некои сосема утнати фаци кои се тешки за готвење. Баш си се ок луѓето. А и која ѕвезда ја очекуваш од кај нас? Таквите ѕвезди што сите Македонци ги знаат на прсти се бројат. Јас сум среќна што успеале да соберат доволно ѕвезди за сезона да снимаат.

Оргиналниот концепт на шоуто, Американскиот, никогаш не вика топ ѕвезди. Oд топ ѕвезди кои се познати на цел свет беа само Никол Шерцингер, Џенифер Греј, Ким Кардашијан, Мел Б, Тони Брекстон, Кели Озборн и можеби Марио Лопез. Тоа ти се 7 ѕвезди, а има 16 сезони со по 12 натпреварувачи. Учествувале гимнастичари, лизгачи на мраз, формула возачи... Што сепак не се ТОП ѕвезди.

Мене искрено ова многу ми е убаво. Конечно мрднавме од мртвата точка на турско срање.
 
The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Атанас Николоски ќе го знаат оние кои ја следеа Олимпијадата од 2008. Најдобар македонски кајакар е и го има по спортските вести некогаш. Бранко е спортски новинар или коментатор во МРТ, затоа и не го знаете. И он ми е познат. Висар го знам од весниците, а Аделина ми е тотален анонимус. Просечно информирана личност ќе ги знае сите, а и која корист пак ја имаш да ги знаеш? Шоуто е "Танц со ѕвездите", а не "Колкумина ги знаат овие личности" :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Васил Зафирчев е еден од најдобрите актери во Македонија. Човекот е ненормален талент, плус е идеален за емисијава затоа што е преинтересен, да не зборуваме колку убаво игра без некое претходно искуство.
Викторија Лоба е претставник на детска евровизија, има снимено добри синглови, плус полека се пробива и во манекенските води.
Адријана Будимир е една од нашите најголеми ракометни гордости.
Maрјана колку и да не ми е симпатична е успешна водителка, речиси сите Македонци ја знаат.
Јелена Јованова не е толку позната, ама девојката е толку мила, убава и харизматична, просто не можеш да не ја сакаш. Да не заборавиме дека за 3 недели покажа огромен напредок во играњето и е еден од главните фаворити.
Исто и Белов, иако не направи кариера, нема кој не го знае од Операција Триумф.

Е сега останатите, Аделина, Бранко, Атанас и Висар се помалку познати на јавноста, но сепак не се некои сосема утнати фаци кои се тешки за готвење. Баш си се ок луѓето. А и која ѕвезда ја очекуваш од кај нас? Таквите ѕвезди што сите Македонци ги знаат на прсти се бројат. Јас сум среќна што успеале да соберат доволно ѕвезди за сезона да снимаат.

Оргиналниот концепт на шоуто, Американскиот, никогаш не вика топ ѕвезди. Oд топ ѕвезди кои се познати на цел свет беа само Никол Шерцингер, Џенифер Греј, Ким Кардашијан, Мел Б, Тони Брекстон, Кели Озборн и можеби Марио Лопез. Тоа ти се 7 ѕвезди, а има 16 сезони со по 12 натпреварувачи. Учествувале гимнастичари, лизгачи на мраз, формула возачи... Што сепак не се ТОП ѕвезди.

Мене искрено ова многу ми е убаво. Конечно мрднавме од мртвата точка на турско срање.

Јелена не е толку позната? :eek
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9F4DE9360B10974D81075915CD2B57FE
 
Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Не знаев. Ме радува ова што го прочитав, многу ми е мила Јелена.
И зошто ги нема клипчињата од 3 епизода? Јас не можам да ги најдам или не се уште излезени?
Изгледа сеуште не се излезени,и јас еве пробав да најдам некое али нема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene